s-b-k:I4. right|thumb|190px|Собек Собек (Себек, Сохет, Собки и Сокнопаис) е бог на крокодилите во египетската митологија, подводен демон од Нил, но исто така и бог на плодноста.

Врховен владетел е на сите слатки води, односно езера, реки и мочуришта. Египќаните верувале дека колку повеќе крокодили има во реките, толку повеќе среќа и обилна жетва. Амајлијата што ја носи Собек е слична на онаа на Ра, па поради тоа го нарекувале и Собек-Ра. Собек е син на божицата Неит. Неговото име вообичаено се изговарало без вокали - „сбк“.

Категорија:Египетски богови Категорија:Староегипетски погребни списи