Телепатија (грчки τηλε, теле значи „далечина“, а патија значи „влијаење“) се однесува на пренос на инфомрации преку мисли или чувства меѓу индивидуалци, на поинаков начин, а не со користењето на петте класични сетила.Парапсихолошки термини - Телепатија — Parapsychological Association, Retrieved 19 декември 2006 За човекот кој е способен да користи телепатија се вели дека е способен да ги чита мислите на другите луѓе. Телепатијата заедно со психокинезата спаѓа во главната гранка на истражувања на парапсихологијата. Напишани се бројни студии во обид да се истражи и да се разбере телепатијата.
Телепатијата е честа тема во научната фантастика, каде суперхероите ја имаат оваа способност.
Телепатијата во парапсихологијата
Во рамките на парапсихологијата, телепатијата се смета за облик на вонсетилно восприемање (ESP). Често се става во категорија со прекогницијата и јасновидост.Glossary of Parapsychological terms - ESP , Parapsychological Association, Retrieved 19 декември 2006 Користени се различни експерименти за да се тестираат телепатските способности. Меѓу најпознатите е употребата на Зенерови карти и Ганцфелдски експеримент.
thumb|200px|left|Зенерови карти Зенеровите карти се карти обележани со пет различни симболи. Се користат во пар, каде едниот учесник е „испраќач“ на информацијата, а другиот „примач“. Испраќачот по случаен избор зема една карта и го визуелизира симболот на неа, а примачот треба да ја погоди картата. Статистички, 20% од шпилот карти можат да се погодат сосема случајно, па според тоа за да се сфати како способност за телепатија треба да бидат погодени повеќе од 20% од картите.
Видови на телепатија Парапсихологијата опишува неколку различни форми на телепатија, меѓу кои спаѓаат латентната, скриена телепатија и прекогнитивната телепатија.
Латентната телепатија, е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за време на преносот.Rennie, John (1845), "Test for Telepathy", Scientific American,V3#1 (1847-09-25)
Прекогнитивната телепатија е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за идната состојба на умот на поединецот.
Скептицизам и контроверзност Полето кое ги проучува паранормалните феномени како што е телепатијата се нарекува парапсихологија. Постои општа согласност меѓу парапсихолозите дека некои случаи на телепатија се реални.„Што е парапсихологија?“ From the FAQ of the website of the Parapsychological Association, Retrieved 3 февруари 2007"What is the state-of-the-evidence for psi?" From the FAQ of the website of the Parapsychological Association, Retrieved 3 февруари 2007 Скептиците, пак, велат дека случаите на очигледна телепатија се резултат на измама или лажење на себеси, и дека телепатијата не постои како паранормална способност.Skepdic.com on ESP, Retrieved 22 февруари 2007
Поврзано Парапсихологија Ганцфелдски експеримент Вонсетилно восприемање Прекогниција Телекинеза Јасновидост
Наводи
Надворешни врски Развивање на телепатијата (англиски) Калифорниски институт за технологија статија за употреба на имплантирани електроди Статија за природата на Невронауката Физичарот Ник Херберт размислува за моментална комуникација (англиски) Примарниот квантен модел за телепатија (PDF) Експериментот на Соул-Голдни - критика на експериментот Сонот и телепатијата (англиски)
Категорија:Парапсихологија Категорија:Паранормално Категорија:Псевдонаука