Според традиционално верување дух претставува душа или дух на починато лице или животно кое може да се пројави во видлива или друга форма, пред живите луѓе. Има разни описи за пројава на духовите: Начинот на пројавувањето може да варира од едно невидливо присуство, проѕирна или шумовидна форма, па сè до реални луѓе прикажани како визии. Обидот да се повика дух на почината личност е познат како црна магија, или во спиритизмот како „сеанса“.
Верувањето во пројава на духовите на умрените е широко распространето, и датира од анимизмот или од обожувањето на предците опишано во постарите книжевни култури.Одредени религиозни ритуали — погребни обреди, егзорцизми,одредени ритуали на спиритизмот и обредната магија се специјално смислени за да се смириат духовите на мртвите. Духовите се обично опишани како осамени суштества кои прогонуваат одредени места, предмети или луѓе кои биле дел од нивниот живот, преку приказни за армии од духови, возови со духовен облик, бродови со духовен облик, па дури сеспомнуваат и духовни животни и броеви.
Типологија Антрополошка содржина
Идејата на возвишено, натприродно или духовно, обично вклучувајќи суштества како духови демони или божества, е културно универзална. Во постарите писмени народни религии, овие верувања, се често сумирани под поимот анимизам и обожување на предците. Во многу културни злоќудни , немирните духови се разликуваат од пријатните духови кои се вклучени во обожавање на предците.
Обожавањето на предците обично вклучува ритуали со цел да се спречи одмазда на духот.Одмаздничките духови на умрените, се најчесто замислувани како гладни и завидливи на живите луѓе.Стратегиите за спречување на одмазда можат да вклучат жртви,односно давање храна и пијалак на покојните за да ги смират, или ги протераат со магија со цел тие да ги прогонат од тоа место. Ритуалот на хранење на мртвите се врши преку традиции како што е кинескиот фестивал на духови или Ден на сите души на Западот. Протерувањето на мртвите со магија е присутно во многу обичаи на погребување во светот. Повеќето тела пронајдени во гробовите според ритуалот биле врзани за раце и нозе пред погребот. Подоцна овој обичај на погребување на мртвите продолжил да се негува во руралниот дел на Анадолија.Антропологот од XIX век Џејмс Фрејзер во своето класично дело Златната гранка ,изјавил дека душите се гледале како суштества без визуелен приказ на телото.
Дополнително Духови и задгробен живот
Иако човечката душа била симболично или понекогаш буквално прикажана во античките култури како птица или друго животно, било широко распространето дека духот е чиста репродукција на телото во секој поглед, дури сведувајќи се и дека ја има истата облека. Ова е прикажано во уметнички дела од различни култури, вклучувајќи и работи како египетската книга на мртвите, која прикажува починати лица во задгробниот живот кои се појавувале како што биле пред смртта, вклучувајќи го и истиот стил на облека.
Заеднички одлики Друго широко распространето верување во врска со духовите е дека тие се составени од маглив, воздушест, или суптилен материјал. Антрополозите ја поврзуваат оваа идеја со поранешните верувања дека духовите биле лица во состав на други лица (духот на човекот), што во античките култури е најпознато како здив на една личност, кој по воздивнување во постудена клима се појавува видливо во вид на бела магла. Ова верување исто така може, да го прошири метафоричното значење на "здив" во некои јазици, како што се латинскиот spiritus и грчкиот pneuma, кои по аналогија се прошириле во врска со значењето на терминот душа. Во Библијата, Бог е претставен како видлив приказ на Адам во вид на здив.
Во многу традиционални верувања, често се мислело дека духовите се починати луѓе кои бараат одмазда, или затвореници на земјата за лошите работи што ги правеле за време на животот. Изгледот на духот често се сметал како знак за предскажување на смртта. Гледајќи свој двојник во вид на дух или "fetch" е предзнак поврзан со смрт.
Белите дами биле опишани како честа појава во рурални области, и се верувало дека имале трагична смрт или доживеале траума во текот на животот. Легенди за Белата Дама се пронајдени низ целиот свет. Заедничко за многу од нив е и темата на губење на драга личност или пак предавство од страна на мажот или свршеникот. Тие често се поврзуваат со поединечна семејна лоза, како предзнак на смртта . Кога ќе се види еден од овие духови тоа е знак дека некој во семејството ќе умре.
Легенди за бродови во духовен облик постоеле уште од 18 век; најзначајна од нив е „Летечки Холанѓанец“.Оваа тема била применета во литературата во „Поемата на Стариот морнар“ од Колриџ.
Локализација
Местото каде што се појавиле духовите, често се гледа како опседнато место, кое често било населено од духови на починатите кои можеби биле поранешни жители или некако запознаени со тој имот.За натприродната активност во домовите се вели дека е главно поврзана со насилство или трагични настани во местата каде што имало убиство, случајна смрт или самоубиство — понекогаш во блиско, понекогаш во подалечно минато. Но, не сите опседнувања се на место каде што имало насилна смрт, па дури и насилна основа. Многу култури и религии веруваат дека суштината на битието, како на пример 'душата',продолжува да постои. Некои филозофски и религиозни погледи тврдат дека 'духовите на оние кои умреле “се присутни” и заробени во внатрешноста на имотот, каде што нивните сеќавања и енергија се силни.
Историја Антиквитети
Месопотамија
Постојат многу знакови за духовите во месопотамските религии - религиите на Сумер, Вавилон, Асирија и други облици на рани држави во Месопотамија.Траги од овие верувања останале во подоцнежните Аврамски вери кои се прошириле за да доминираат во регионот. За духовите се мислело дека се создаваат во времето на смртта, земајќи ги меморијата и личноста на мртвиот човек. Тие патувале на некое посебно место, кое им било доделено, и опстојувале на сличен начин како живите луѓе. Се очекувало од роднините на загинатите да им понудат храна и пијалак за да им ги олеснат нивните услови. Ако тие не го направеле тоа, духовите можело да предизвикаат несреќа и болест на живите. Традиционалните практики на лекување им припишуваат разни болести на луѓето како резултат на активноста на духовите, додека други биле предизвикани од богови или демони.
Стар Египет
Имало широко-распространето верување во духовите во египетската култура во смисла на натамошното постоење на душата и духот по смртта, со способност да помогне или да наштети на живите,и можност за втора смрт. Во период од повеќе од 2.500 години, се јавуваат египетски верувања за природата на задгробниот живот кои постојано се менувале. Многу од овие верувања се запишани во натписи и надгробни слики. Египетската книга на мртвите се повикува на некои од верувањата од различни периоди на египетската историја. Во модерните времиња, нереалниот концепт на мумија која се враќа во живот и одмаздата кога е вознемирена доведе до создавање на цел жанр на хорор приказни и филмови.
Библиски наводи и Јудео-христијанско верување
Хебрејската тората и Библијата содржиат неколку повикувања за духови, здружувајќи го спиритизмот со забранетите окултни активности во Второзаконие 18:11. Најзначајните повикувања во Првата книга на пророкот Самоил, во која маскираниот крал Саул во вештерка од Ендор се повикаува на дух/сениште на Самоил. Во Новиот завет, Исус мора да ги убеди учениците дека тој не е дух, по воскресението, Лука 24,37-39 (забележете дека некои верзии на Библијата го користат поимот "дух"). Слично на тоа, следбениците на Исус, најпрво верувале дека тој е дух кога го виделе како оди по вода.
Како таква, поголемиот дел од христијанските цркви ги смета духовите како суштества кои додека се врзани за земјата, не живееат материјално. Исто така,некои христијански деноминации учат дека духовите се суштества кои се наоѓаат во состојба на воскреснување пред да го продолжат своето патување кон небесата. По тој повод, Бог ќе им овозможи на душите во оваа состојба да се вратат на земјата за да ги предупредат живите на потребата од покајание. Сепак, Евреите и христијаните се учат на тоа дека е грешно да се обиде да се контролира духот, во согласност со Второзаконието: 9-12
Кога ќе преминат над оваа позиција, за некои духови всушност вели дека се демони како што учи Црквата, во согласност со 1 Тимотеј 4,1, дека „... во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења ...“ Како резултат на тоа, обидите да се контактираат мртвите може да доведат до несакан контакт со демон или нечист дух, како што било случај со Роби Манхајм, четиринаесет годишен младич од Мериленд. Според еден христијански извор, појавата на небесно тело на светлината, е заеднички паранормалнна појава кој се припишува на духовите, и може да се објасни од 2 Коринтјани 11,14, во кој се наведува дека "дури и сатаната се маскира себеси како ангел на светлината".
Класична Грција
Духови се појавија и во Хомеровата Одисеја и Илијада, во кои се опишани како исчезнуваат "во вид на пареа", и испуштаат гласови на земјата. " Духовите на Хомер имале мала комуникација со светот на живите.Тие биле периодично повикуваани да дадат совети или пророштво, но особено не за да се плашат луѓето од нив. Духовите во класичниот свет често се појавуваат во вид на пареа или чад, но во други времиња биле опишувани како суштински, појавувајќи се како што изгледале во времето на смртта, со истите рани коишто ги имале за време на нивната смрт.
Од 5 век п.н.е, класичните грчки духови станале прогонувачки ,застрашувачки суштества, кои можеле да имаат добри или зли намери. За духот на мртвите се верувало дека лебди во близина на местото каде е погребан трупот, затоа гробиштата биле места кои ги избегнувале живите луѓе. Им се одавало почит и жалење на мртвите преку јавна церемонија, жртва и вино, ако не го напреавеле тоа во спротивно тие можело да се вратат да ги прогонуваат нивните семејства. Старите Грци одржувале годишни празници во чест на духовите на умрените, со цел да го задоволат нивниот вкус. На овие манифестации се поканувале духовите на семејствата кои го служат јадењето, по што биле " љубезно поканети да го остават јадењето и пиењето до истото време следната година”.
Во претставата од 5 век п.н.е Орестеја се појавува еден од првите духови во областа на фантастиката.
Римското Царство
Старите Римјани верувале дека духот може да се искористи како одмазда на непријателот со гребење на парче олово или керамика и ставајќи го во гробот на мртвиот.
Плутарх, во 1 век од н.е., го опишал прогонувањето на бањите во Херонеја од дух на убиениот маж. Духот, со гласно и пострашно завивање предизвикал луѓето да ги заклучат вратите во домовите. Друг пример за опседната куќа од античкиот класичен свет е даден од страна на Помладиот Плиниј (околу 50 н.е.). Плиниј опишува прогонување на една куќа во Атина од страна на дух врзан во синџири. Прогонувањето престанало кога бил откопан окован скелет на духот,и повторно бил соодветно погребан. Писателите Плавт и Лукијан , исто така, пишувале приказни за куќи опседнати од духови.
Еден од првите лица кои искажале недоверба во духови бил Лукијан од Самосата во 2 век од нашата ера. Во неговиот расказ "Сомничавецот" (околу 150 н.е) тој се однесува како Демокрит "учениот човек од Абдера во Тракија" кој живеел во гробница надвор од градските порти за да докаже дека гробиштата не биле опседнати од страна на духовите на упокоените. Лукијан кажува за тоа како тој бил цврсто убеден во своето неверување и покрај направените шеги од "некои млади луѓе од Абдера" кои облечени во црни облеки, со маски на главите сакале да го исплашат. Со овој податок од Лукијан се споменува нешто во врска со популарното класично очекување за тоа како треба да изгледа дух.