Хималајска црна мечка () — подвид на азиската црна мечка кој се среќава многу ретко.

Живеалиште Овие мечки живеат на Хималаите од Бутан до Пакистан. Најмногу ги има во планинските предели и во џунглите.

За време на летниот период, можат да се сретнат и во потоплите региони во Непал, Кина, Русија и Тибет, на надморска височина од 3000 do 3500 метри. Во зимскиот период се симнуваат до 1500 метри во потоплите тропски шуми.

Особености U.t. laniger имаат крзно со црна боја, светлокафеава муцка и жолт белег на градите. Во просек се со должина од 1.4 до 1.6 метри, и тежат од 90 до 120 килограми. Во есен поради таложењето на масти кои им се потребни за време на хибернацијата, можат да достигнат тежина и до 180 килограми. Иако по природа се животни кои се активни дење, сепак некои од нив стануваат ноќни со цел ден го избергнат човекот. Денот најчесто гопоминуваат во пештери или шупливи дрва.

Исхрана Како и останатите сештојади, и овие мечки јадат храна од најразлично потекло. Најчесто се хранат со лешници, желади, овошје, мед, корења и различни инсекти како термити и ларви. Ако има недостаток на храна, се случува да нападнат добиток како овци, кози или телиња.

Размножување Половата зрелост ја достигнуваат отприлика во третата година. Се смета дека парењето е во октомври, и во февруари се раѓаат најчесто 2 младенчиња. Малите мечиња остануваат со мајката до нивната втора година.

Заштитен статус Оваа мечка е на списокот на ранливи животни. Најголема закана претставува уништувањето на нивното природно живеалитште поради ширењето на човекот, шумските пожари и дрвната индустрија. Иако ловот на овие животни е забранет од 1977 година, сепак ловокрадството претставува огромен проблем.

Надворешни врски Ursus thibetanus laniger

Наводи

Категорија:Цицачи Категорија:Мечки