Кинескиот зодијак е заснован врз циклус од 12 години. Секоја година од тој циклус е именувана според едно животно, а секое животно има различни одлики.
Кинескиот хороскоп го користи кинескиот календар, кој е различен од оној што го користи западната астрологија.
Историја Европејците отсекогаш биле повеќе заинтересирани за интригантната предвидувачка алатка, „Книгата на промени“ или „И Чинг“, отколку за кинеската астрологија. Релативната географска изолација на Кина го оправдува ова. Но, интересно е дека наталната астрологија се развила во Кина во времето околу преминот кон новата ера, значиво исто време кога на запад ја развиле Грците и Персијците.
Најстариот за нас познат кинески астролог е Веи Нинг, кој е роден меѓу 550 и 589 година, но речиси ништо не е познато за неговиот придонес, ниту за неговите претходници или наследници.Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 31.
Древните кинески астрономи ги нарекле петте најблиски планети според имињата на петте елементи:
Венера — метал Јупитер — дрво Меркур — вода Марс — оган Сатурн — земја
Системот од дванаесет годишен циклус на животни бил создаден според орбитата на Јупитер. Следејќи ја орбитата на Јупитер околу Сонцето, кинеските астролози го поделиле небесниот круг на 12 делови, заокружени во 12 години.
Систем на работа
Годишниот циклус ги содржи петте елементи (дрво, оган, земја, метал и вода) во нивните јин и јанг форми. Годините односно знаците се наречени според 12-те животни: стаорец, вол, тигар, зајак, змеј, змија, коњ, коза, мајмун, петел, куче и свиња.
Комбинирањето на сето ова дава 60-годишен циклус, кој започнува со „јаншки дрвен глушец“ и завршува со „Јин Водена Свиња“. Годината која завршува со парен број е „јанг“, а со непарен е „јин“. Овој циклус тече на овој начин:
Ако годината заршува со 0 тоа е јаншки метал. Ако годината заршува со 1 тоа е јински метал. Ако годината заршува со 2 тоа е јаншка вода. Ако годината заршува со 3 тоа е јинска вода. Ако годината заршува со 4 тоа е јаншко дрво. Ако годината заршува со 5 тоа е јинско дрво. Ако годината заршува со 6 тоа е јаншки оган. Ако годината заршува со 7 тоа е јински оган. Ако годината заршува со 8 тоа е јаншка земја. Ако годината заршува со 9 тоа е јинска земја.
Кинескиот зодијак го следи кинескиот календар, каде Нова година не е на 1 јануари како што е случај со грегоријанскиот календар. Според тоа, некој што е роден во јануари или на почетокот на февруари, според кинескиот хороскоп се смета како да е роден во претходната година.
Табела на кинеските знаци
Нареднава табела го содржи еден 60-годишен циклус, од 1924 - 2043 година.
Забелешка: Кинеските симболи во табелата за знаците се користат само во астрологијата.
ГодинаСимболиченНебеснаЗемјенаСимболичноГодина 1924 - 1983 елементстеблогранкаживотно1984 - 2043 105 фев 1924 - 23 јан 1925 јаншко дрво 甲子 Глушец02 фев 1984 - 19 фев 1985224 јан 1925 - 11 фев 1926 јинско дрво 乙丑 Вол20 фев 1985 - 08 фев 1986312 фев 1926 - 01 фев 1927 јаншки оган 丙寅 Тигар09 фев 1986 - 28 јан 1987402 фев 1927 - 21 јан 1928 јински оган 丁卯 Зајак29 јан 1987 - 16 фев 1988522 јан 1928 - 08 фев 1929 јаншка земја 戊辰 Змеј17 фев 1988 - 05 фев 1989609 фев 1929 - 28 јан 1930 јинска земја 己巳 Змија06 фев 1989 - 26 јан 1990729 јан 1930 - 16 фев 1931 јаншки метал 庚午 Коњ27 јан 1990 - 14 фев 1991817 фев 1931 - 05 фев 1932 јин метал 辛未 Коза15 фев 1991 - 03 фев 1992906 фев 1932 - 24 јан 1933 јанг вода 壬申 Мајмун04 фев 1992 - 22 јан 19931025 јан 1933 - 13 фев 1934 јин вода 癸酉 Петел23 јан 1993 - 09 фев 1994 1114 фев 1934 - 02 фев 1935 јанг дрво 甲戌 Куче10 фев 1994 - 30 јан 19951203 фев 1935 - 23 јан 1936 јинско дрво 乙亥 Свиња31 јан 1995 - 18 фев 19961324 јан 1936 - 10 фев 1937 јаншки оган 丙子 Глушец19 фев 1996 - 06 фев 19971411 фев 1937 - 30 јан 1938 јински оган 丁丑 Вол07 фев 1997 - 27 јан 19981531 јан 1938 - 18 фев 1939 јаншка земја 戊寅 Тигар28 јан 1998 - 15 фев 19991619 фев 1939 - 07 фев 1940 јинска земја 己卯 Зајак16 фев 1999 - 04 фев 20001708 фев 1940 - 26 јан 1941 јаншки метал 庚辰 Змеј05 фев 2000 - 23 јан 20011827 јан 1941 - 14 фев 1942 јински метал 辛巳 Змија24 јан 2001 - 11 фев 20021915 фев 1942 - 03 фев 1943 јаншка вода 壬午 Коњ12 фев 2002 - 31 јан 20032004 фев 1943 - 24 јан 1944 јинска вода 癸未 Коза01 фев 2003 - 21 јан 20042125 јан 1944 - 11 фев 1945 јаншко дрво 甲申 Мајмун22 јан 2004 - 08 фев 20052212 фев 1945 - 01 фев 1946 јинско дрво 乙酉 Петел09 фев 2005 - 28 јан 20062302 фев 1946 - 21 јан 1947 јаншки оган 丙戌 Куче29 јан 2006 - 17 фев 20072422 јан 1947 - 09 фев 1948 јински оган 丁亥 Свиња18 фев 2007 - 06 фев 20082510 фев 1948 - 28 јан 1949 јаншка земја 戊子 Глушец07 фев 2008 - 25 јан 20092629 јан 1949 - 15 фев 1950 јинска земја 己丑 Вол26 јан 2009 - 13 фев 20102716 фев 1950 - 05 фев 1951 јаншки метал 庚寅 Тигар14 фев 2010 - 02 фев 20112806 фев 1951 - 25 јан 1952 јински метал 辛卯 Зајак03 фев 2011 - 22 јан 20122926 јан 1952 - 13 фев 1953 јаншка вода 壬辰 Змеј23 јан 2012 - 09 фев 20133014 фев 1953 - 02 фев 1954 јинска вода 癸巳 Змија10 фев 2013 - 30 јан 20143103 фев 1954 - 23 јан 1955 јаншко дрво 甲午 Коњ31 јан 2014 - 18 фев 20153224 јан 1955 - 10 фев 1956 јинско дрво 乙未 Коза19 фев 2015 - 07 фев 20163311 фев 1956 - 29 јан 1957 јаншки оган 丙申 Мајмун08 фев 2016 - 27 јан 20173430 јан 1957 - 17 фев 1958 јински оган 丁酉 Петел28 јан 2017 - 18 фев 20183518 фев 1958 - 06 фев 1959 јаншка земја 戊戌 Куче19 фев 2018 - 04 фев 20193607 фев 1959 - 27 јан 1960 јинска земја 己亥 Свиња05 фев 2019 - 24 јан 20203728 јан 1960 - 14 фев 1961 јаншки метал 庚子 Глушец25 јан 2020 - 11 фев 20213815 фев 1961 - 04 фев 1962 јински метал 辛丑 Вол 12 фев 2021 - 31 јан 20223905 фев 1962 - 24 јан 1963 јаншка вода 壬寅 Тигар 01 фев 2022 - 21 јан 20234025 јан 1963 - 12 фев 1964 јинска вода 癸卯 Зајак 22 јан 2023 - 09 фев 20244113 фев 1964 - 31 јан 1965 јаншко дрво 甲辰 Змеј 10 фев 2024 - 28 јан 20254201 фев 1965 - 20 јан 1966 јинско дрво 乙巳 Змија 29 јан 2025 - 16 фев 20264321 јан 1966 - 08 фев 1967 јаншки оган 丙午 Коњ 17 фев 2026 - 05 фев 20274409 фев 1967 - 29 јан 1968 јински оган 丁未 Коза 06 фев 2027 - 25 јан 20284530 јан 1968 - 15 фев 1969 јаншка земја 戊申 Мајмун 26 јан 2028 - 12 фев 20294616 фев 1969 - 05 фев 1970 јинска земја 己酉 Петел 13 фев 2029 - 02 фев 20304706 фев 1970 - 25 јан 1971 јаншки метал 庚戌 Куче 03 фев 2030 - 22 јан 20314826 јан 1971 - 14 фев 1972 јински метал 辛亥 Свиња 23 јан 2031 - 10 фев 20324915 фев 1972 - 02 фев 1973 јаншка вода 壬子 Глушец 11 фев 2032 - 30 јан 20335003 фев 1973 - 23 јан 1974 јинска вода 癸丑 Вол 31 јан 2033 - 18 фев 20345124 јан 1974 - 10 фев 1975 јаншко дрво 甲寅 Тигар 19 фев 2034 - 07 фев 20355211 фев 1975 - 30 јан 1976 јинско дрво 乙卯 Зајак 08 фев 2035 - 27 јан 20365331 јан 1976 - 17 фев 1977 јаншки оган 丙辰 Змеј 28 јан 2036 - 14 фев 20375418 фев 1977 - 06 фев 1978 јински оган 丁巳 Змија 15 фев 2037 - 03 фев 20385507 фев 1978 - 27 јан 1979 јаншка земја 戊午 Коњ 04 фев 2038 - 23 јан 20395628 јан 1979 - 15 фев 1980 јинска земја 己未 Коза 24 јан 2039 - 11 фев 20405716 фев 1980 - 04 фев 1981 јаншки метал 庚申 Мајмун 12 фев 2040 - 31 јан 20415805 фев 1981 - 24 јан 1982 јински метал 辛酉 Петел 01 фев 2041 - 21 јан 2042 5925 јан 1982 - 12 фев 1983 јаншка вода 壬戌 Куче 22 јан 2042 - 09 фев 20436013 фев 1983 - 01 фев 1984 јинска вода 癸亥 Свиња 10 фев 2043 - 29 јан 2044
Петте елементи
Според теоријата на „Ву сјинг“, структурата на вселената ги одразува петте елементи. Секој елемент има серија од сложени асоцијации. Доктрината на петте фази во себе содржи два циклуса: создавање и уништување. Тоа се циклусите на балансирање, кои претставуваат јин и јанг – премин на енергијата од добро во зло.
Наводи
Извори Shelly Wu. (2005). Chinese Astrology. Publisher: The Career Press, Inc. ISBN 1-56414-796-7
Категорија:Кинеска култура