Статистика Нов Зеланд (анг. Statistics New Zealand, маор. Te Tari Tatau) е државен завод во Нов Зеланд задолжен за официјалната статистика во земјата, овластен со закон од 1975 г. Сѐ до 1994 г., заводот се водел под името Department of Statistics. Министерот за статистика на Нов Зеланд е Морис Вилијамсон.

Должности Покрај општата управна улога, заводот извршува голем број на статистички програми меѓу кои и петтогодишен попис. Голем дел од добиената статистика е достапна бесплатно на нивното мрежно место. Покрај ова, заводот воспоставува статистички класификации и стандарди за Нов Зеланд, и врши постојани истражувања за и развој на релевантни статистички методи. Заводот исто така пружа техничка помош на земјите во развој од Тихоокеанскиот Обрач, со особена задршка Тихоокеанските островски земји. Статистика Нов Зеланд е задолжена за водство на развојот и промовирањето на сите владини статистики кои го сочинуваат официјалниот статистички систем на Нов Зеланд.

Владини статистичари Генералниот директор на Статистика Нов Зеланд се нарекува „Владин статистичар“ (Government Statistician). 1980 1984: Џон Дарвин 1984 1992: Стив Кузмициќ 1992 1999: Лен Кук 1999 2007: Брајан Пинк 2007 : Џеф Басканд„Назначување на генералниот директор и владин статистичар на Статистика Нов Зеланд“ , извештај за медиумите од комесарот на државните служби Марк Пребл, 21 мај 2007; пристапено на 10 јуни 2007.

Авторски права Мрежното место на Статистика Нов Зеланд изјавува дека: „Податоците добиени од Статистика Нов Зеланд можат слободно да се користат, умножуваат и наведуваат, освен ако не е назначено поинаку. Во секој случај, Статистика Нов Зеланд мора да биде наведена како извор на податоците“.англиски оригинал: Information obtained from Statistics New Zealand may be freely used, reproduced, or quoted unless otherwise specified. In all cases Statistics New Zealand must be acknowledged as the source.

Надворешни врски Статистика Нов Зеланд Статисфера - Портал кон официјалните новозеландски статистики Кратка илустрирана историја на Статистика Нов Зеланд

Наводи

Категорија:Новозеландски владини агенции Категорија:Државни статистички заводи Категорија:Демографија на Нов Зеланд