Националната хокеарска лига (, NHL) — професионална лига во хокеј на мраз составена од 30 клубови од Северна Америка. Се смета за најсилната професионална хокеарска лига во светот, и една од главните професионални спортски лиги на северноамериканскиот континент. Победникот на лигата секоја година го освојува Стенли купот, еден од најстарите професионални спортски трофеи.
Лигата е основана во 1917 година во Монтреал, Канада, од 5 тима: Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас. Денес, лигата брои 30 клубови од кои 6 се канадски, а останатите 24 од САД.
Во НХЛ играат многу од најдобрите играчи од целиот свет. Оваа година (2008.) во лигата настапуваат играчи од 20 различни земји. Канаѓаните традиционално се најбројните играчи во НХЛ бидејќи и спортот хокеј и лигата потекнуваат од Канада. Во последните 25 години, учеството на играчи од САД и Европа постојано се зголемува поради ширењето на НХЛ во САД, високите спортски стандарди и достапноста на квалитетни играчи од Источна Европа.Европските играчи во НХЛ преземаат водечки и капитенски улоги.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на НХЛ Страница на Здружението на играчите во НХЛ Видео од НХЛ на Јутјуб
Хокеарска Хокеарска Категорија:Хокеј во САД Категорија:Хокеј во Канада Категорија:Хокеарски лиги