Измир (, ) — град кој се наоѓа во југозападна Турција, во Измирскиот Залив на Егејско Море. Градот е трет по големина во земјата по Истанбул и Анкара, и во него се наоѓа второто најголемо пристаниште во Турција. Градот е и главен на Измирската провинција. Во антиката, градот бил познат како Смирна.

Во 2014 година, Измир имал население од 2.847.691, додека провинцијата Измир имала вкупно 4.113.072.

Потекло на поимот

Околината на денешен Измир некогаш била позната како Ти-Смирна. Овој назив за првпат бил споменат во некои табели од асирските колонии во Ќултепе (првата половина на вториот милениум пред Христос). Претставка „Ти“ го идентифицира соодветното име, иако не се знае со точност дали тоа име има врска со името на Измир. Некои прават врска меѓу името на Измир и името на амазонски град наречен Смирна.

Етимологијата на името на современиот град може да биде откриена и во најголемото, но не многу познато Кралство Арзава кое често паѓало под власта на Хетити, чии територии се наоѓале во близина на брегот во нивното Големо Кралство. Според ова, се смета дека името на Измир потекнува од името на градот на хетите - Мира, сместен само на 50 километри од Смирна во 13 век п.н.е.

Од грчки јазик, името на градот може да доаѓа од „мирха“, што се поврзува со јонската грчка форма на Смирне. See also Life of Homer (Pseudo-Herodotus) and Cadoux.. Името Мирха пак потекнува од средината на Јужна Африка и Северна Африка - растение од кое се произведува ароматична сол. Римјаните го зеле тоа име и го транскриптирале во Смирна, име кое се среќава и до денес на територијата на Западна Европа. Современото име Измир е модерна турска верзија на истото имеFor example, Izmir in the Library of Congress Country Studies (Turkey), by the US State Department , by the UN in legal treaty texts , by the British Foreign Office , in Encarta (first listing is Izmir, secondary is İzmir), in Webster's, by the BBC, by the London Times , by CNN, by CBC, by NPR, by the Washington Post. The Turkish spelling İzmir is also seen in English texts, for example, in the Encyclopædia Britannica..

Главни одлики

Историски гледано, Измир постои повеќе од 4.000 години кој се наоѓа на западниот брег од Анадолија. Градот претставувал еден од главните трговски градови на Средоземно Море во поголемиот дел од својата историја. Измир е град кој прв во регионот каде било изградено пристаниште со бесцаринска зона, изградена преку договор меѓу САД и Турција во 1990 година. Тука се наоѓаат зградите и производствените центри на некои водечки компании на светскиот пазар, поради што Измир се смета за еден од најпознатите либерални градови кој истовремено успеал да ги зачува своите вредности, идеологија, изглед и стил, динамичност и да има голема улога од политички и економски аспект. Политички, Измир се смета за упориште на Републиканската народна партија.

Градот бил домаќин на Средоземните игри во 1971 година, и на Летната универзијада во 2005 година. Денешниот Измир, исто така ги вклучува блиските антички градови на Ефес, Пергам, Сард и Клазомена.

Историја Праисторија

Градот претставува една од најстарите населби на Средоземјето. Истражувањето во 2004 година на Јеселова Хујук ја вратило историјата на градот уште поназад и докажало дека тој постоел од многу повеќе векови. Откритието покажало три нивоа, од кои две се праисториски, додека второто ниво се смета дека произлегува од периодот на раниот и среден халколит - период од бакарно време, додека пак третото ниво е од неолитот. Овие две нивоа биле населени од месното население на оваа територија приближно помеѓу 6.500 и 4.000 години п.н.е. Од 1.500 година п.н.е. регионот паднал под власта на Хетитите. Измир или претходна Смирна била една од најразвиените култури во Анадолија во нејзино време, на ниво дури на Троја. Оваа фаза од историјата на градот е од времето кога бил поврзуван и со Аазонска Смирна.

Во 1.200 година п.н.е. инвазијата на Балканот ја уништила Троја и Хатусас - престолнината на големото Хетитското Царство. Централна и Западна Анадолија паднале во т.н. темна ера, која завршила пред населувањето на овие простори од Фригијците во 8 век п.н.е.

Во железно време куќите биле мали, со една соба. Најстарата куќа, отворена во Бајракли, датира од периодот помеѓу 925 - 900 п.н.е. Ѕидовите на оваа добро сочувана куќа со една соба и димензии околу 2,45 на 4 метри, биле направени од печени тули, а покривот на куќата - од трска. Околу тоа време луѓето почнале да го штитат градот со дебели ѕидови, исто направени од сончево печени тули. Од тоа време градот добил статус на областен. Околу илјада луѓе живееле зад неговите ѕидови, а другите во куќи сместени во близина на градот, каде биле полињата од маслинови насади, лозја и работните простори, како и забавни објекти. Луѓето се занимавале со земјоделство и риболов.

Се тврди дека Хомер е роден во Измир.

Античка историја

Терминот Античка Смирна е употребен за да се опише грчкиот окружен град во класичната ера. Античка Смирна или Измир била обновена подоцна на падините на Кадифекале. Најважно светилиште на Античка Смирна бил храмот на Атина, обновен до одреден степен, овие денови. Најстарите урнатини, задржани до денес датираат од 725 година - 700 година п.н.е.

Грчката населба во Смирна датира од околу 1.000 година п.н.е. Градот бил првично населуван од Еолијците, но малку подоцна бил освоен од Јонијците и Смирна станала еден од дванаесетте јонски градови. Така градот бил поставен пред тест да стане еден од најзначајните културни и трговски центри во овој период во Средоземјето.

Периодот во кој Античка Смирна достигнала највисоко ниво во својот развој бил меѓу 650 година - 545 година п.н.е. Овој период се смета како најмоќниот во развојот на јонската цивилизација. Под водството на градот Милет, јонски колонии биле создадени во Египет, Сирија, западното крајбрежје на Либан, Мармарскиот регион, околу Црно Море и Грција. Колониите се натпреварувале меѓу себе и на територијата на Грција често имало војни за превласт. Смирна, од оваа гледна точка, не била долго време мал град и станала областен центар, кој зел важна улога во трговијата во Средоземно Море.

Еден од најважните симболи на овој период е широкото користење на пишаниот збор од 650 година п.н.е. Имало многу натписи, посветени на Атина, чиј храм е датиран од 640 - 580 година п.н.е.

Најстариот модел на куќа со повеќе соби од овој период бил пронајден во Античка Смирна. Таа била изградена во втората половина на 7 век п.н.е., и била составена од двор и два ката со пет соби. Куќите пред овој период биле една до друга и со една соба. Најстарата асфалтирана улица во јонските градови била отриена токму во Античка Смирна.

Богатството на градот сепак паднало во голем степен кога тој бил освоен од Лидијците во периодот меѓу 610 година - 600 година п.н.е.An earlier siege laid by Gyges of Lydia is recounted by Herodotus in the form of a story according to which the King of Lydia would have attacked the city to avenge the ill-treatment received from its inhabitants a certain Manes, a poet and a favorite of the sovereign., каде по освојувањето на градот, истиот бил опожарен и разрушен. Набргу потоа следела нова инвазија - овој пат Персијците целосно го уништиле градот како областен центар. Персискиот цар одлучил да ги казни градовите кои не сакале да му помогнат во неговиот поход против Лидијците. Како резултат на тоа древна Смирна била уништена во 545 година п.н.е. Александар Македонски го изградил повторно градот во 300 година п.н.е. Тој ги победил Персијците во неколку борби и царот Дариј бил поразен во 333 година п.н.е. Во овој период градовите растеле до речиси половина милион жители - Ирод и Пергам достигнале околу 100.000 жители, Антиохија, Александрија и Ефес - околу 400.000 жители. Смирна, која била создадена повторно на мал рид била доволна само за неколку илјади луѓе и затоа новиот и голем град бил изграден на падините на Кадифекале во 300 година п.н.е. Брдото изгледало како природен акропол за луѓето.

Римско управување thumb|left|150px|Агора thumb|200px|Агора Градот бил вклучен во римските територии во 133 година п.н.е.. Во тој период градот ја доживеал својата втора златна ера од својата историја и развој. Царот Адријан го посетил градот Смирна во своето патување од 121 - 125 година. Тој наредил и нова конструкција во близина на пристаништето.

Во 178 година градот бил разрушен уништен од земјотрес, што се смета за едно од најголемите катастрофални земјотреси во текот на својата историја. Загубите на градот биле толку големи што била потребна помош од царството, за да биде изграден повторно. Императорот Марко Аурелиј придонесел многу за градот повторно да биде изграден и така градот наскоро бил обновен. Различни варијанти на архитектурата биле направени во времето на Римското Царство, улиците биле целосно изградени од камења и поплочени.

По поделбата на царството на два дела, Смирна станала дел од територија од Источното Римско Царство. Таа го задржила својот статус како автономен религиозен центар во раните времиња на Византија. Градот се намалил во доцната антика и раниот среден век и никогаш потоа не достигнал таков развој како за време на римското владеење.

Среден век

Турските Селџуци за првпат ја освоиле Смирна во 1076 година под команда на Чака Бег. Чека Бег го користел Измир како место од кое изведувал ненадејни напади. По неговата смрт во 1102 година градот и соседните области биле повторно освоени повторно од Византија. Потоа Смирна била повторно окупирана од Малтешки ред, кога Цариград паднал во 1204 година во Четвртата крстоносна војна.

Смирна била освоена повторно од Турците во 14 век, кога Умур бег, син на основачот на бејликот Ајдин, го освоил прво горниот дел на Кадифекале и потоа долниот дел кај замокот Ок Калези. Исто како Чака Бег што правел два века порано, така и Умур бег го користел градот за ненадејни напади.

Смирна била освоена и припоена кон царството на Отоманците за првпат во 1389 година во времето на Бајазит I, кој истата година се искачил на престолот. Во 1402 година Тимур по победата во Битката кај Анкара нанесел тежок удар на Отоманците, спречувајќи го зголемувањето на нивната воена моќ и сила за понатамошни освојувања.

Во 1425 година Мурат II го освоил Измир по вторпат. За време на воената кампања Османлиите биле потпомогнати од силите на витезите кои го притискале султанот да им го предаде главниот дворец на пристаништето. Султанот ова барање го одбил и покрај тензиите меѓу двата табора и им дал дозвола да изградат друга палата во Петрониум - замокот во Бодрум.

Градот станал типичен отомански санџак во огромната османлиска провинција на Ајдин. Во 1475 година градот бил нападнат од Венеција, додека по 1492 година како друг голем настан бил населувањето на еврејско население од Шпанија, кои подоцна Измир го претвориле во еден од главните градови во земјите на царството.

Измир станал еден од најголемите трговски центри поради неговата клучна позиција во Заливот на Егејското Море. Како критичен период во неговата историја може да се забележи чума во 1676 година, земјотресот во 1688 и големиот пожар во 1743 година, но и покрај тоа се обновувал и продолжувал да расте. Во 1866 година Британците ги изградиле првите 130 километри од пругата на градот и областа. Од тоа време во градот живеело голем број западноевропско население - Французи, Англичани, Германци и други.

Модерно време thumb|Големиот пожар во Смирна од 14 септември 1922 година