Жак де Моле (; ~1244–5/1249–50 – 18 март 1314)Демургер, стр. 1-4 — 23-тиот и официјално последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1292, па сѐ до укинувањето на редот од страна на папата во 1312.Жак де Моле, Католичка енциклопедија Тој е најпознатиот темплар по основачот на редот Иг де Пајен (1070-1136). Неговата цел како Голем мајстор била да изврши реформи во редот и да ги усогласи со состојбата во Светата земја за време на намалувањето на влијанието по Крстоносните војниNationMaster.com Енциклопедија: Жак Де Моле (англ.) . Без преостанати крстоносни држави на кои им била потребна заштита, и со голем број на други проблеми, прашање било дали витешкиот ред на темпларите ќе опстои. Францускиот крал Филип IV убавиот, во очај го напаѓал редот, и со лажно обвинување, по донесувањето на папската була Pastoralis Praeeminentiae на 22 ноември 1307, со која се наложувало темпларите насекаде да се апсат, де Моле и уште многу други темплари биле уапсени и подоцна измачувани. Кога Моле, подоцна го негирал признавањето, на 18 март 1314 г, кралот Филип наредил Жак де Моле, заедно со Жофроа де Шарне, да биде запален на островот Сите на реката Сена во Париз.

Младост десно|100п Денес е прифатеноВидете за презентираното за Жак де Моле, Демургер во користена литература, стр. 21-23 дека Жак де Моле се родил во мало благородничко семејство, во селото Моле, во провинцијата Горна Сона, во малото гратче Витри су Манс, на границата со Горна Марна, во Франш Конте, Бургундија, каде многумина биле темплари. Неговото родно место наишло на доста контроверзи, бидејќи во Франк-Комте има друго село со име Моле, но во Јура. Во тоа време, со Бургундија управувал Ото III. Смејството на Моле било благородничко, а Сенор де Моле бил вазал на лордот од Ла Рокел, село на оддалеченост од 2 км. Најзначаен показател, кој потврдува дека Жак де Моле се родил во селото Моле, во Горна Сона е сведочењето на Јакоб Рупел (Жак де ла Рок).

Приклучувањето во редот

Де Моле бил примен во редот во 1265 година во Бон од страна на Хумбер де ПаироЖак де Моле , службено мрежно место. Дополнето на 15 април 2007., кој бил задолжен за посетителите од Франција и Англија. Во вакви околности бил присутен Амори де ла Рок, мајстор во Франција, и голем пријател на кралот Луј IX. Независно од Гијом де Боже, кој бил избран за Голем мајстор во 1273, Жак де Моле заминал на исток околу 1270 година. Целиот свој живот како темплар го поминал на исток, но се знае дека во 1285 бил во Франција. Не се познати позициите кои биле заземени. Тој се наоѓал или во Франција, или на истокот, при Опсадата на АркаНекои историчари сметаат дека не бил во Арка за време на падот на градот, додека други сметаат поинаку. Но, сепак нема белешки ни од двете страни.Жак де Моле - Мракот на темпларите, Алан Демургер, 2002, стр. 83 (ISBN 2-228-89628-4), последната тврдина, која била освоена од опсадата предводена од Мамелуците.

Воената кариера

150px|thumb|Грбот на Жак де Моле По падот на Арка во 1291, Франките биле принудени да се повлечат на Кипар, што придонело за исчезнување на Ерусалимското Кралство. Истото го сториле и темпларите, меѓу кои биле и Жак де Моле и Теобалд Годен, дваесет и вториот Голем мајстор. За време на состанокот одржан на островот, есента 1291, де Моле се изјаснил и се посочил како реформатор на редот. Годен умрел околу 1292, препуштајќи му го раководењето со редот на де Моле, бидејќи немало други сериозни кандидати за преземање на водачката позиција.

Штом бил избран, брзата поделба на командата значела најпрвин справување со најважните проблеми. И Кипар и Киликиското кралство биле загрозени од нападите на Мамелуците. Пролетта 1293 година, де Моле тргнал на пат на запад за да се обиде да добие што е можно поголема поддршка за повторно ослободување на Светата земја. Неговата цел била да се засили одбраната на Кипар, и да се вооружат темпларите. И покрај тоа, европската поддршка на крстоносните војни сосема опаднала, па се споменувало и соединување на витешкиот ред на темпларите со витешкиот ред на болничарите. Големите мајстори на обата реда биле против соединувањето, но притисокот доаѓал од папата.

Де Моле одржал две големи советувања во Монпелје во 1293 и во Арл во 1296 година, каде што се обидел да спроведе реформи. Тој исто така развил и добри односи со европските водачи, како папата Бонифациj VIII, англискиот крал Едвард I, Јаков I и Карло II Неаполски.

Есента 1296 година, де Моле се вратил назад во Кипар за да го заштити редот од интересите на Хенри II. Овој конфликт бил започнат уште во времето на Гијом де Боже.

Од 1299 до 1303 година, де Моле ја промовирал алијансата со Монголците против Мамелуците. Планот бил да се координираат акции помеѓу христијанските витешки редови, кралот на Кипар, кипарската аристократија и Ерменија и Монголците од Илканат.

Во 1298 или 1299 година, Жак де Моле ја задржал мамелучката инвазија со помош на силите во Ерменија. И покрај тоа, кога монголскиот кан во Персија, Газан, ги поразил Мамелуците во Битката кај Вади ал Казандар во декември 1299, христијанските сили не биле подготвени да се снајдат во настанатата ситуација и да ја преземат предноста.

мини|лево|250п|Офанзива на Светата земја (1300-1301) Во 1300 година, Жак де Моле придружуван од силите од Кипар формирал флота од 16 бродови, што подготвувала напади на египетскиот и сиријскиот брег. Силите биле предводени од кипарскиот крал Хенри II Ерусалимски, придружуван од неговиот брат, Амалрик, водачите на витешките редови и амбасадорот на монголскиот кан Газан. Бродовите пристигнале во Фамагуста на 20 јули 1300 година, со цел да ги нападнат бреговите на Египет и Сирија: Розета,Демургер, стр. 147 Александрија, Акра, Тортоза и Мараклеа пред враќањето на Кипар.Шајн, 1979, стр. 811 Нападаите биле предводени од адмиралот Бодоа де Пикгвињ. Кога нападите го затекнале градот Александрија, имало можност да се ослободат христијански затвореници, што биле заробени уште со падот на Акра во 1291 година.Жан Ришар, стр. 481

Бродовите тогаш се вратиле во Кипар и се подготвувале за напад на Тортоза во 1300 година. Де Моле и Кипарците испратиле здружени сили на островот Руад кој служел како попатна станица, и од кој биле подготвувани нападите за Тортоза. Намерата била да се создаде мостобран и да се почека помошта од Монголците, но Монголците не се појавиле. Истото се случило и во 1301 и 1302 година. Во септември 1302, темпларите биле потиснати од Руад по нападот од мамелучките сили од Египет, и многумина биле масакрирани и заробени на островот. Островот Руад бил загубен во Опсадата на Руад на 26 септември 1302 година. Кога Газан умрел, во 1304, сонот на Жак де Моле за брзо повратување на Светата земја станал неостварлив.

Враќањето во Франција

Во 1305 година, новоизбраниот папа Климент V ги прашал водачите на вооружените витешки редови за мислење по однос на прашањето за организирање на нова крстоносна војна и соединување на редовите. Од Жак де Моле било побарано да напише два меморандума, по еден за изданијата кои ги издал во текот на летото 1306 година. На 6 јуни, водачите официјално побарале да дојдат во Поатје, каде што било седиштето на папата, за да поразговараат за работите. Состанокот во Поатје бил одложен, бидејќи папата се разболел, без за тоа да знае де Моле, кој штотуку пристигнал од Кипар, околу 15 октомври. Де Моле пристигнал во Франција кон крајот на ноември или почетокот на декември, но ништо не е познато за неговите активности во првите 5 месеци од 1307 година. Во втората половина на мај 1307 година, тој бил во Поатје, придружувајќи се на состанокот на папата. Тој влегол во конфликт со кралот Филип, бидејќи одбил двата реда да бидат соединети во еден предводен од кралот (Rex Bellator, воинствен крал). Ова го отежнало проблемот на папата со кралот, којшто сакал да му ги препише сите трошоци на папата Бонифациј VIII. По ова, обидот за организирање на нова крстоносна војна останал без успех. Овие конфликти го ослабеле витешкиот ред на темпларите со нешто што било многу сериозно. За време на своето патување низ Франција, Жак де Моле открил противења и озборувања против темпларите, па овие слабости излегле на површина. Кралот со своите помошници, меѓу кои и Гијом де Ногарет ги искористиле овие слабости.

Апсењето и спалувањето

На 24 јуни 1307 година, Жак де Моле разговарал со кралот за обвинението против неговиот ред и делумно го разубедил. По враќањето во Поатје, тој го замолил папата да спроведе истрага и да го ослободи редот од озборувањата и обвиненијата кои го опкружувале. Кога папата соопштил дека истрагата е закажана за 24 август, кралот реагирал девијантно. На 14 септември, во потполна тајност, тој испратил наредба низ цела Франција, темпларите да се апсат, а нивните имоти да се одземаат, што се случило на 13 октомври 1307 година, ден петок. Жак де Моле бил уапсен во Париз, додека планирал да оди на погребот на Катерина од Валоа.

thumb|Испрашувањето на Жак де Моле. Копија од 19 век. На испрашувањето спроведено од кралските пратеници на 24 октомври, Жак признал дека иницирал ритуали, вклучувајќи и „одрекување од христијанството и газење на крстот“. Тој исто така бил принуден да напише и писмо со кое бара од секој темплар да се придржува на неговата изјава. Под притисок на кралот Филип IV убавиот, на 22 ноември, папата Климент V ја издал булата Pastoralis Praeeminentiae со која барал да се апсат темпларите насекаде.

thumb|left|Поставувањето на Жак де Моле на клада во 1314, од хрониките од Франција или од Сент Дени (14 век) Папата сѐ уште сакал да ја чуе приказната лично од Жак де Моле, и испратил 2 кардинала во Париз, во декември 1307 година. Пред кардиналите, де Моле ги потврдил своите претходни искази. Силната борба меѓу папата и кралот продолжила, сѐ до август 1308 година, кога кралот и папата се согласиле за пресудата. Со издавањето на булата Fasciens misericordiam, постапката за прогонување на темпларите била поднесена до двојна комисија, од која, првата комисија пресудувала за поединците во редот, а втората за редот како ентитет. Ова значело, дека комисијата со седиште во Виена била задолжена да одлучи за иднината на редот на храмот, додека темпларите, меѓу кои и Жак де Моле биле под надлежност на папата. Во кралската палата во Шинон, Жак де Моле бил повторно испрашуван од кардиналите, но овој пат со присуство на кралски пратеници. Тој и понатаму се придржувал на признавањата од 1307 година. Во ноември 1309 година, папската комисија за Кралството Франција започнала со сослушувањето, на кое Жак де Моле повторно се спротивставил, тврдејќи дека не ги признава обвиненијата против неговиот ред.

right|thumb|Запис од страната на која било извршено спалувањето на Жак де Моле во Париз