Кафераѓа (турски:Caferağa ) е поранешна медреса која се наоѓа во Фатих, Истанбул, Турција. Објектот бил изграден во 1559 година, во времето на Сулејман Величествениот по наредба на Кафер ага, а нејзин архитект е Синан. Се наоѓа блиску до Аја Софија.

Медресата во текот на својата историја била на неколкупати реновирена, а за последен пат во 1989 година кога била преименувана во туристички центар со 15 училници или изложбени салони, еден голем салон и градина.

Категорија:Градби во Истанбул Категорија:Градби на Мимар Синан Категорија:Фатих (Истанбул) Категорија:Отоманска архитектура во Турција