Данило Коцевски (, Куманово - )Почина писателот Данило Коцевски, хроничарот на Скопје — македонски книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во весникот „Млад борец“ и Македонската радио-телевизија. Бил главен уредник на списанието „Разгледи“ од Скопје. Членувал во Друштвото на независните писатели на Македонија и во Македонскиот ПЕН центар. Познат е како хроничар на градот Скопје поради своите статии објавувани во „Нова Македонија“ и емисиите на Македонската телевизија. Бил директор на Струшките вечери на поезијата.

Книжевно творештво Критики и есеи „Да и не“ (1981) „За новите тенденции“ (1984) „Сепак се движи“ (1985) „Критиката како заблуда“ (1988) „Поетиката на постмодернизмот“ (1989) „Антиномиите на критиката“ (1989) „Модерно и постмодерно“ (1993) „Постмодерни текови“ (1996) „Нови есеи“ (2001) „Побуна на интелектуалците“ (2007)

Романи „Одисеј“ (1991) „Ќе одиме ли кај Џо“ (1992) „Јустинијана, градот кој го нема“ (1999) „Роман за Ное“ (2003) „Пиколомини пред портите на Скопје“ (2005)

Проза „Патување за Аркашон“ (1989) „Магијата на Скопје“ (1997)

Поезија „Каде се раѓа песната“ (1992) „Поетовата смрт“ (1995)

Одделни текстови му се објавени на англиски, француски, руски, романски и португалски.

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 89-92.

Награди „Рациново признание“ „13 Ноември“ „Млад борец“

Наводи

Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски историчари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски книжевни критичари Категорија:Југословенски уредници Категорија:Југословенски историчари Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје