Неофит Рилски (световно име Никола Поппетров Бенин; 1793 – 4 јануари 1881) — една од најзначајните фигури во бугарската преродба, познат како „патријарх на бугарските учители и книжевници“ според чешкиот историчар Константин Јиречек. Тој бил монах, педагог, преведувач и автор на првата бугарска граматика, како и основоположник на новобугарското световно образование.Стилиян Чилингиров, "Неофит Рилски", Библиотека "Български писатели" под ред. на М. Арнаудов, том I, Издателство "Факел", София, 1929.Академик Иван Радев, "Йеромонах Неофит Рилски - от личността към делото му, в "Литература в дискусия", II, съст. Елена Тачева, Роман Хаджикосев, Албена Вачева, Варна, LiterNet, 2006. Неговиот придонес кон просветата, книжевноста и развојот на бугарскиот јазик е огромен, играјќи клучна улога во културното и национално будење на Бугарите во XIX век.

Биографија

Рани години Неофит Рилски е роден во 1793 година во Банско, Османска Империја (според некои извори, годината може да е 1790, а местото – село Бања, Разлошко). Потекнувал од скромно семејство, а неговите родители биле сиромашни, но побожни луѓе. Од мали нозе покажувал интерес кон учењето и уметноста, особено кон иконописот. На млада возраст, Никола се приклучил кон монашкиот живот во Рилскиот манастир, каде го добил името Неофит. Таму се образовал и се запознал со црковните книги и традициите, што подоцна имало големо влијание врз неговата работа.

Образование и монашки живот Во Рилскиот манастир, Неофит се стекнал со основно образование, изучувајќи црковнословенски јазик и литургија. Неговиот талент за уметност го довел до занимавање со иконопис, а подоцна и до изучување на грчкиот јазик, кој бил клучен за интелектуалниот живот во Османската Империја во тоа време. Бил испратен да го продолжи своето образование во Мелник, познат во тие години по своето познато грчко училиште. Тука, во периодот 1821—1828, учел кај учителот Адам Запекос од Мецово. Подоцна продолжил да се образува во други грчки образовни центри. Овие искуства му овозможиле да стекне широка ерудиција, што подоцна ја искористил за развој на бугарското образование.

Просветна дејност мини|Скица на првото бугарско училиште во Габрово, отворено во 1835 год. Неофит Рилски е познат по воведувањето на заемната метода во бугарското образование, систем што го презел од западноевропските образовни практики. Во 1835 година, тој станал прв учител во новоотвореното световно училиште во Габрово — првата модерна бугарска училишна институција, каде за првпат започнал да предава на бугарски јазик, наместо на грчки, што било револуционерен чекор за времето. лево|мини|318x318пкс|Болгарска грамматіка. Крагуевац (1835). Неговата работа како учител не се ограничувала само на предавање. Тој бил и автор на учебници, а во 1835 година во Крагуевац, Србија ја објавил „Болгарска граматика“, првиот систематизиран труд за бугарскиот јазик. Ова дело било од огромно значење, бидејќи поставило основа за стандардизација на јазикот и неговото користење во образованието и книжевноста.

Ги напишал и учебникот за начелниот курс "Взаимоучителни таблици", првиот бугарски учебник по Берт-Ланкастеровиот педагошки метод "Краснописание", издаден во 1837-а, и "Зборник на бугарскиот јазик, изтолкуван од црковно-словенски и грчки јазик" во 1875-а. Во 1840 го издал и првиот новобугарски превод на Новиот завет со името "Нов'j завет господа нашего Иисуса Христа сега новопреведенн'j от Славенскаго на Болгарскиj јаз'ик". Ова училиште станало модел за многу други во земјата. Подоцна, во 1839 година, основал училиште и во Копривштица, каде продолжил да ја развива својата методика.

Во периодот од 1848 до 1852 година бил професор по црковнословенски јазик во Патријаршиската богословска школа на Халки, реномирана високошколска установа во Цариградската патријаршија.

Рилски манастир и подоцнежни години (1852–1881) мини|Гробот на Неофит Рилски во Рилскиот манастир По својата учителска дејност, Неофит се вратил во Рилскиот манастир, каде останал до крајот на животот. Таму продолжил да работи како духовник, преведувач и книжевен деец. Манастирот станал центар на бугарската култура и образование, благодарение на неговите напори.

Неофит бил и талентиран иконописец. Неговите икони, создадени во традицијата на Банската уметничка школа, се зачувани во Рилскиот манастир и други цркви.

Неофит Рилски починал на 4 јануари 1881 година во Рилскиот манастир. Тој останал симбол на бугарското просветителство. Неговото име го носат бројни училишта, улици и институции во Бугарија. Рилскиот манастир, каде тој поминал голем дел од животот, денес е светско културно наследство под заштита на УНЕСКО, делумно благодарение на неговите напори за зачувување на бугарската култура.

Дела Болгарска грамматіка. Крагуевац (1835) Краткое и ꙗсное изложеніе за раздѣленїето, начертанїето, именованїето и произношенїето на писмената и правила за срицанїето, просодїата и слогат и за правото чтенїе на греческия ꙗзык. Белград (1835)

Службы съ Житиемъ преподабнагω и богоноснагω оца нашегω Iωанна Рылскаго чωдотворца, Белград, 1836 г. Словар на българския език, изтълкуван на църковнославянски и гръцки език. А – Благоизправляю. Цариград, 1875. Приложение при главното мое завещание сиреч дополнение к нему, написано во 1876-е лето Марта 1-й, Рилски Манастир, 15 декември 1880 година

Извори

Надворешни врски Куќа-музеj на Неофит Рилски (Бенина куќа) во Банско

Категорија:Бугарски преродбеници Категорија:Бугарски просветни дејци Категорија:Погребани во Рилскиот манастир Категорија:Луѓе од Банско