Џозеф Конрад (), роден: Јузеф Теодор Конрад Кожењовски (;Najder, Z. (2007) Joseph Conrad: A Life. Camden House. ISBN 978-1-57113-347-2. – ) — англиски писател со полско потекло, кој пишувал и објавувал на англиски јазик по неговото доселување во Англија.
Животопис Џозеф Конрад е роден на 3 декември 1857 година во Бердичев, денес во Украина, а тогаш дел од Кралството Полска. Тој бил единствено дете на Аполо Коржењовски и Ева Бобровска. Неговиот татко бил писател, преведувач и политички активист. Регионот каде растел Конрад бил населен со Украинци, но власта ја држела полската благородничка класа, во која припаѓал и Конрад и неговото семејство. Полската книжевност, особено родољубивата книжевност, се воздигнувала на висок степен од локалното полско население.Stewart, J.I.M (1968) Joseph Conrad. Longman London; 1st Edition.
Поради политичкиот ангажман и земјоделството, семејството на Конрад се преселувале на неколку наврати. Во мај 1861 година, тие се преселиле во Варшава, каде Аполо се приклучил во полското движење за отпор на Руското Царство. Тоа довело до негово апсење,Zdzisław Najder, Conrad under Familial Eyes, Cambridge University Press, 1984, ISBN 0-521-25082-X. но казната затвор била заменета со испраќање на семејството во Чернигов, во северна Украина, каде условите биле подобри. На 18 април 1865 година, Ева починала од туберкулоза. Аполо дал сè од себе да го школува Конрад. Уште од рани години Конрад се запознал со пишаниот збор, а особено два момента биле значајни и влијателни во неговиот подоцнежен живот: „Морски работници“ од Виктор Иго и делата на Вилијам Шекспир, кои го вовеле во англиската книжевност. Сепак тој најмногу читал полска книжевност, односно полска романтична поезија.
По напуштањето на Полска во 1874 година, Конрад започнал кариера во трговската морнарица. По скоро четири години поминати во Франција и на француски бродови, тој се приклучил на британската трговска морнарица и таму служел наредните петнаесет години. Тој работел на различни бродови, вршејќи повеќе функции за да на крај стане капетан. Од неговите 19 години служба во трговската морнарица, само во текот на 9-10 години бил на море. Голем број од ликовите и настаните опишани во неговите дела се инспирирани од настани и личности од неговиот професионален (морнарички) живот.
Конрад првпат пристигнал во Англија во 1878 година,„Белешка о писцу и делу“, во: Џозеф Конрад, Срце таме. Београд: Политика и Народна књига, 2004, стр. 172. а се стенкал со британско државјанство во 1886 година, иако постојано се сметал себеси за Полјак. Во едно писмо од 14 февруари 1901 година испратено до Јозеф Коржењовски, библиотекар во Краков, Конрад напишал за себеси (како реплика на обвинувањата дека го напуштил полскиот народ со неговото објавување на англиски): „Широко е познато дека јас сум Полјак и дека Јозеф Конрад е моето име, а второто е подоцна искористено како мое презиме за странските усти да не го искриват моето вистинско презиме - искривување кое не можам да го издржам. Не ми изгледа дека не сум бил верен на мојата земја со докажувањето на Англичаните дека еден џентлмен од Украина може да биде добар морепловец како нив, и има нешто да им каже на нивниот јазик.“, во Zdzisław Najder, Joseph Conrad: A Life, pp. 311-12.
Конрад умрел на 3 август 1924 година, најверојатно од срцев удар. Тој бил закопан на гробиштата во Кантербери во Англија, и на неговата надгробна плоча било испишано неговото родно полско име, но со три грешки, односно Joseph Teador Conrad Korzeniowski наместо Jozef Teodor Konrad Korzeniowski. На неговата надгробна плоча биле испишани редови од „Кралицата на феите“ од Едмунд Спенсер, кој самиот Конрад ги избрал за епиграф за неговиот последен роман „Скитник“:
Творештво Првото дело кое го прославило Конрад е романот Црнецот од „Нарцис“. Ова дело, заедно со „Младост“, „Срцето на темнината“ и „Тајфун“ претставуваат епизоди од еден епски циклус за херојските подвизи и за издржливоста. Во овие дела, КОнрад го слика животот на морнарите во целокупната негова големина, тешкотија и беда. Притоа, во „Црнецот од Нарцис“ и во „Тајфун“, човекот е прикажан во борбата со природата и со судбината во која тој најпосле излегува како победник. Всушност, во повеќето негови дела, тежиштето е ставено врз судирот со непријателските елементи и сили кои се надвор од човековата моќ, додека во „Срцето на темнината“, „Случај“ и „Победа“, демонската сила се наоѓа во самиот човек.„Белешка о писцу и делу“, во: Џозеф Конрад, Срце таме. Београд: Политика и Народна књига, 2004, стр. 173-174.
Конрад се смета за еден од најголемите романописци на англиски јазик,Joseph Conrad. Encyclopædia Britannica. иако не го зборувал јазикот течно до неговите дваесетти години. Тој пишувал кратки раскази и романи, најчесто поврзано со морепловството. Тој бил прозен гениј кој вовел забележлив неанглискиРадјард Киплинг сметал дека „со пенкало во неговата рака тој бил прв меѓу нас“, но немало ништо англиско во менталитетот на Конрад: „Кога го читам, секогаш имам впечаток дека читам одличен превод на некој странски автор“. Цитирано во Џефри Мејерс, Џозеф Конрад: Биографија, стр. 209. трагичен сензибилитет во англиската книжевност."Poland." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online. 5 August 2009
Тој е единствена личност и творец на модернизмот во англиската книжевност. Иако е реалист, тој е истовремено и голем романтичар, но неговиот романтизам е подлабок и повистинит од сентименталниот романтизам од 19 век. Неговите раскази за далечните земји, за авантурите и хероизмот во непознатите, диви краишта и за далечните, малку познати типови луѓе, се појавиле во времето кога постоел голем интерес за патувањата, за истражувачките походи и за животот во Африка и во Азија. Во тие околности, Конрадовите дела, иако не претставувале новина, се истакнувале со својата необичност. Неговите раскази за животот на море и за морнарите се автентични бидејќи, како што вели самиот, тие се „плодови на животот — на мојот живот“. Како љубопитен, но затворен мислител, издвоен од останатиот свет, Конрад имал необична способност за набљудување и изедначување со личностите кои го интересирале и така ги толкувал игрите и судирите на луѓето и нивните побуди. Благодарение на својата речиси морбидно чувствителна совест, тој можел да ги насети човечките побуди и чувства кои на прв поглед се незабележливи. Неговиот книжевен метод е често импресионистички: тој ги бележи првите, инстинктивни реакции и дејствието врз нашите сетила, и тоа штом кај читателот предизвика впечаток дека се наоѓа во средиштето на настаните за кои пишува тој. Богатото и разновидното книжевно дело на Конрад почива врз неговата верба во човекот и во неговата духовна сила. Неговото префинето чувство за достоинство, одговорност и правичност и истакнувањето на храброста, издржливоста и верноста како најголеми вредности во односите меѓу луѓето претставуваат темелни одлики на неговото творештво. Современат акнижевна критика повеќе ги цени политичките елементи во неговите романи, како и употребата на симболизмот во делата исполнети со горчина, иронија и фатализам.„Белешка о писцу и делу“, во: Џозеф Конрад, Срце таме. Београд: Политика и Народна књига, 2004, стр. 171-174.
Библиографија Романи thumb|400px|Споменик на Конрад во Гдиња во Полска. 1895 Будалштината на Алмајер 1896 Изгнаникот на островите 1897 Црнецот од „Нарцис“ 1899 Срце на темнината 1900 Лорд Џим 1901 Наследници 1902 Тајфун (започнат во 1899) 1903 Романса 1904 Ностромо 1907 Тајниот агент 1911 Под западни очи 1913 Шанса 1915 Победа 1917 Засенета линија 1919 Стрела од злато 1920 Спасување 1923 Природата на злото Скитник 1925 Застој: Наполеонови роман (незавршена, посмртно објавена)
Романи и раскази „Идиоти“ (1898). „Црниот пријател“ (1925). „Лагуна“ (1898). „Населба на напредокот“ (1896). „Враќањето“ (1898) „Карејн: Сеќавање“ (1897). „Младост“ (1898) „Фалк“ (1901). „Еми Фостер“ (1901). „Утре“ (1902). „Крајот на синџирот“ (1902) „Гаспер Руз“ (1904–05) „Анархист“ (1905) „Поткажувач“ (1906) „Бруталност“ (1906) „Двобој“ (1908) „Il Conde“ (1908) „Тајниот учесник“ (1909) „Принц Роман“ (1910) „Насмевка на среќата“ (1910) „Фреја од седумте острови“ (1910–1911) „Партнер“ (1911) „Гостилницата на двете вештерки“ (1913) „Поради доларите“ (1914) „Плантажерот од Малата“ (1914) „Душата на војникот“ (1915–1916) „Приказната“ (1916)
Мемоари и есеи Огледалото на морето, 1906 Личен запис , 1912 Забелешки од животот и писма, 1921 Последни есеи'', 1926
Наводи
Белешки
Надворешни врски
Ресурси Делата од и за Џозеф Конрад на Семрежниот архив и Гугл Книги (текст и HTML) Делата на Џозеф Конрад на The Online Books Page
Делата на Џозеф Конрад на LibriVox Делата на Џозеф Конрад на Conrad First.
Портали и биографија Здружение „Џозеф Конрад“ (ОК) Здружение Џозеф Конрад (САД) Биографија на Џозеф Конрад Биографија на Џозеф Конрад Авантурист што го проучува човекот , dnevnik.com.mk
Категорија:Британски есеисти Категорија:Британски раскажувачи Категорија:Британски романописци Категорија:Полски есеисти Категорија:Полски раскажувачи Категорија:Полски романописци Категорија:Полско благородништво