Боргеската Галерија (итал. Galleria Borghese) е уметничка галерија сместена во поранешната палата Вила Боргезе Пинчијана, опкружена со огромен парк во центарот на Рим. Галеријата изложува значаен дел од Колекцијата Боргезе на слики, скулптури и антиквитети, која почнал да ја собира кардиналот Скипионе Боргезе (1576 – 2 октомври 1633), внук на папата Павле V. Вилата била изградена од архитектот Фламинио Понцио врз основа на нацрти од Скипионе како вила за излети и забави на ридот Пинчио, на периферијата на тогашниот град, и целосно била завршена во 1633.

Скипионе бил првиот патрон на Џан Лоренцо Бернини и посветен собирач на дела од Караваџо кој денес е претставен во галеријата со сликите „Момче со кошница овошје“, „Свети Ероним“, „Болниот Бахус“ и други. Други значајни слики се „Света и земна љубов“ од Тицијан, „Погребението Христово“ од Рафаел и дела од Петер Паулус Рубенс и Фредерико Барочи.

Една од погодностите на галеријата е тоа што е компактна и сместена во само 20 простории на два ката, така што може да се разгледа за помалку од 2 часа.

Во 1808 година принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе, зет на Наполеон,Принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе се оженил со Паулина, сестрата на Наполеон. бил присилен да му ја продаде колекцијата на римски скулптури и антиквитети на императорот. Поради тоа, „Боргескиот гладијатор“, позната и најценета скулптура од колекцијата, денес се наоѓа во Лувр. Самата Паулина пак, позирала полуоблечена за статуата „Венус Виктрикс“ (1805) од Канова, која се наоѓа во приземјето на галеријата.

Колекции

Скулптури и мозаици

На приземјето се сместени класични антиквитети од 1.-3. век, вклучувајќи го и мозаикот со гладијатори кој бил откриен на друго место во Рим во 1834. Од класичните и неокласичните скулптури се издвојуваат „Венус Виктрикс“ од Канова, и голем број дела од Бернини.

250px|thumb|left|Мозаикот со гладијатори, околу 320. година. 250px|thumb|right|Венус Виктрикс од Канова.

Бернини во галеријата Боргезе

Многу од скулптурите на Бернини се изложени токму на местата за кои биле планирани. Некои од позначајните се „Јарецот Амалтеа со бебето Јупитер и Фаун“ (1615),Web Gallery of Art, image collection, virtual museum, searchable database of European fine arts (1100-1850), „Аполон и Дафне“ (1622–25) и „Давид“ (1623)Web Gallery of Art, image collection, virtual museum, searchable database of European fine arts (1100-1850) кои се сметаат за зачетници на барокната скулптура.

Слики

На горниот кат се сместени поголемиот дел од вредните дела од Тицијан, Рафаел, Караваџо, и други познати мајстори.

Колекција на музички инструменти

Оваа колекција е составена од инструменти од западните и античките култури (Египетска, Грчка и Римска, како и инструменти од Америка, Африка и Океанија. Колекцијата на музејот му ја подарил оперскиот пејач Еван Горга и е најголемата колекција подарена на музејот.http://davidson.weizmann.ac.il/upload/(FILE)1167921594.pdf

Музеи во близина на галеријата

Во паркот на Вилата Боргезе се сместени Националната галерија на модерна уметност со дела од италијанската уметност од 19. и 20. век, и Националниот музеј на Етрурска уметност кои содржи дела од пред-римско време пронајдени во околината на Рим.

Надворешни врски Официјална страница на англиски Архитектурата и градините на Вила Боргезе (англиски) Критики за Галеријата Боргезе Сателитска фотографија на галеријата и околните паркови

Наводи

Категорија:Ликовни музеи и галерии во Рим Категорија:Дворци во Рим Категорија:Архитектура од 17 век