Hippopotamus laloumena, познат и под името Лесерски нилски коњ, е третиот вид на изумрени нилски коњи кои живееле на островот Мадагаскар. Останатите два се Hippopotamus lemerlei и Choeropsis madagascariensis (кој спаѓа во пигмејски нилски коњи).
Во 1990, Фауре и Герин го опишале овој посебен вид и го нарекле Hippopotamus laloumena, по зборот laloumena што значи нилски коњ. За овој вид се знае многу малку, идентифициран е само со споредба на долна вилица и коски од екстремитетите, кои се пронајдени во источниот дел на Мадагаскар. Фосилите со сигурност припаѓаат на нилски коњ кој бил доста поголем од претходно опишаните видови од Мадагаскар. Од податоците што ги имаме денес, се претпоставува дека овој вид многу наликувал на денешните обични нилски коњи, но сепак бил малку помал.
Наводи
Категорија:Парнокопитни Категорија:Нилски коњи
en:Malagasy Hippopotamus