Џорџ VI бил крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Британските доминиони, и Император на Индија од 1936. до смртта во 1952. година. Го наследил брата си Едвард VIII, кој абдицирал за да се ожени со Волис Симпсон, инаку, како второ дете на кралот Џорџ V, не бил директен престолонаследник.
Во текот на неговото владеење се случиле многу големи настани за Британија, од кои најзначајни се Втората светска војна и преминот на Британските поседи (доминиони) во независни држави - членки на Комонвелтот. Исто така, во негово време, дотогашната Британска колонија Индија станала независна република (1947).
Категорија:Родени во 1895 година Категорија:Починати во 1952 година Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Витези на Подвеската Категорија:Витези на Свети Патрик Категорија:Британски принцови Категорија:Погребани во капелата „Св. Ѓорѓи“ (Виндзорски замок) Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет