Дожд — течен врнеж, за разлика од нетечните видови врнежи како што се снег, град и лапавица. На земјата, дождот паѓа на површината кога кондензацијата на атмосферската водена пареа создава водени капки доволно тешки за да паднат. Два процеси, кои е можно да дејствуваат заедно, може да го презаситат воздухот што ќе доведе до паѓање дожд: ладење на воздухот или додавање на водена пареа на воздухот. Вирга е врнеж што почнува да паѓа кон земјата, но испарува пред да ја достигне површината на земјата, тоа е еден од начините воздухот да стане презаситен.Врнежите се формираат со судир со други дождовни капки или ледени кристали во облакот. Дождовните капки варираат во големина од сфероидна, кружна форма за поголемите капки,до мали топчиња за помалите капки.

Движењето на влагата покрај тридимензионалната температурна зона и разликата во влажноста позната како атмосферски фронт, е главниот метод во создавањето дожд. Ако има доволно влага и нагорно движење, врнежите паѓаат од струевитите облаци (тие со силно нагорно вертикално движење) како што се кумулонимбуси (невреме со грмотевици) којшто можат да се подредат во тесни дождовни појаси. Во планинските места, можни се поројни дождови каде што надолниот ветар е зголемен во спроти ветровите страни на теренот на надморска височина која што ја тера влажноста на воздухот да кондензира и паѓа како дожд, долж планината.Во заветрената страна на планините, може да опстојува пустинска клима заради сувиот воздух предизвикан од надолните ветрови коишто предизвикуваат загревање и сушење на воздушната маса. Движењето на монсунската зона на притисок или интертропска конвергентна зона, носи врнежливи сезони во саванските клими. Дождот е основен извор на слатките води за поголемиот дел од светот, овозможувајќи соодветни услови за различни еко-системи, како и вода за хидроцентралите и за наводнување на земјоделските култури. Врнежите се мерат со користење на дождомер. Количината на врнежи се предвидува активно со метеоролошки радар и пасивно со сателитски метеоролошки станици.

Ефектот на урбана топлинска оаза предизвикува зголемени врнежи, и количински и во интензитет, во насока на ветрот во градовите. Глобалното затоплување, исто така, предизвикува промени во начинот на врнежите, вклучувајќи ги и дождливите временски услови низ источна Северна Америка и сувите временски услови во Тропскиот појас. Врнежите се главен составен дел на водениот циклус, и се одговорни за насобирањето на најголемиот дел од слатките води на планетата. Просечната количина глобални годишни врнежи изнесува 990 mm. Климатските системи за класификација, како што е Кепеновата климатска класификација, ги користат просечните годишни врнежи за да направат разлика помеѓу различните климатски режими. Антарктикот е најсувиот континент на земјата. Познато е или се претпоставува дека дождот на другите планети е составен повеќе од метан, железо, неон и сулфурна киселина отколку од вода.

Формирање

Воздух заситен со влага Воздухот содржи водена пареа и количината на вода во дадена маса на сув воздух, позната како „мешан однос“ се мери во грамови вода на килограм сув воздух (g/kg). Количината на влажност во воздухот често се нарекува релативна влажност, што е процентот на вкупната водена пара во воздухот што може да опстојува на одредена температура на воздухот. Колку водена пара може да содржи еден дел од воздухот пред да стане заситен (100% релативна влажност) и да формира облак (група видливи и мали водени и ледени честички што лебдат над површината на земјата) зависи од неговата температура. Потоплиот воздух може да содржи повеќе водена пара отколку постудениот воздух пред да стане заситен.Според тоа еден од начините да се засити дел од воздухот е да се излади. Точката на росење е температурата на која дел од воздухот мора да биде изладен за да стане заситен.

Има четири главни постапки за ладење на воздухот до неговата точка на росење: адиабатско ладење, кондуктивно ладење, радиационо ладење и испарувачко ладење. Адриабатското ладење се појавува кога воздухот се крева и се шири. Воздухот се крева поради струење, атмосферско движење со големи размери или физичка бариера како планини (орографско кревање на воздухот ). Кондуктивното ладење се појавува кога воздухот доаѓа во контакт со поладна површина, ако е однесен од ветот од водена површина на ладна земја. Радиационото ладење се појавува поради емисијата на инфрацрвено зрачење или од воздухот или од под површината. Испарувачкото ладење се јавува кога се додава влажност во воздухот со испарување коешто ја тера температурата на воздухот да се лади до нејзината најниска температура или додека да се добие заситување.

Главните начини да се зголеми водената пара во воздухот се: ветрова конвергенција во местата со нагорно движење, врнење вирга, вода што испарува од површината на океаните преку дневното загревање, водните површини или мочуришта, испарувањето од растенијата, ладен или влажен воздух што се движи над загреана вода, или воздухот што се крева над планините. Водената пара обично почнува да кондензира во кондензирачко јадро како прашина, мраз и сол за да формира облаци. Високите делови од атмосферските фронтови( коишто се тридимензионални по природа) ги тераат широките места на нагорно движење во атмосферата на земјата да го формираат горниот дел од облаците како што се алтростратуси или циростратуси. Стратус е стабилен облак што се формира кога ладна стабилна воздушна маса ќе биде заробена под топла воздушна маса. Исто така може да се формира заради кревањето на адвекциона магла во ветровити услови.

Спојување Спојување се појавува кога водените капки се спојуваат за да создадат поголеми водени капки или кога водените капки замрзнуваат во ледени кристали што е познато како Бергеронов процес. Воздушниот отпор најчесто предизвикува водените капки во облакот да останат неподвижни. Кога ќе се појави воздушна турболенција, водените капки се судруваат, создавајќи поголеми капки. Како што се спуштаат овие големи водени капки спојувањето продолжува и исто така капките стануваат доволно тешки за да го совладаат воздушниот отпор и паѓаат како дожд. Спојувањето главно и најчесто се случува во облаци над точка на замрзнување, и познато е како топол дождовен процес. Во облаци под точка на мрзнење, кога ледените кристали достигнуваат доволна маса тие почнуваат да паѓаат. Ова најчесто бара поголема маса од спојувањето што се појавува меѓу кристалите и соседните водени капки. Овој процес зависи од температурата, затоа што смрзнатите капки вода опстојуваат само во облак што е под точка на смрзнување. Покрај тоа, поради големите температурни разлики помеѓу облакот и земјата како што паѓаат овие ледени кристали можат да се стопат и да создадат дожд.

Дождовните капки имаат големини што се движат од 0,1 mm до 9 mm во пречник, а над таа големина тие се расцепуваат. Помалите капки се викаат росни капки и имаат сферична форма. Како што дождовната капка се зголемува, нејзината форма станува покружна и со најголемиот просек се соочува со следниот воздушен млаз. Големите дождовни капки стануваат значително сплеснати на долниот дел како лебчиња од хамбургер; оние што се многу големи имаат форма на палачинка. Спротивно од распространетото верување, нивната форма не е како од солза. Најголемите дождовни капки беа забележани над Бразил и Маршалските острови во 2004 г. Некои од нив беа поголеми од 10 mm (0.39 in). Големината на капките е објаснета со кондензацијата на големите честички чад, или со судири помеѓу капки во мали региони со особено висок процент на течна вода.

Интензитетот и траењето на врнежите обично е обратнопропорционално т.е невремиња со голем интензитет најчесто траат кратко и невремиња со помал интензитет траат долго. Дождовните капки коишто се придружени со град што се топи обично се поголеми од другите дождовни капки. Дождовните капки влијаат на нивната крајна брзина, што е поголема за поголемите капки, што се должи на нивната поголема маса што ги влече. На морско ниво без ветар, дожд од 0,5 mm се судира со 2m во секунда, додека поголемите капки од 5 мм со околу 9m во секунда. Звукот на дождовните капки што удираат во водата е предизвикан од меурчињата воздух што осцилираат под вода. МЕТАР кодот за дожд е РА (RA), додека кодирањето на рој дождови е СХРА (SHRA).

Причини Стратусите се (широк обрач на врнежи со релативно сличен интензитет) динамични врнежи (струевити врнежи што се дождливи, со големи промени во интензитетот за кратко време) што се појавуваат како последица на бавното искачување на воздухот во синоптичките системи како и во близина на ладните фронтови и блиску и долж површината на топлите фронтови. Слично искачување е забележано и околу тропските циклони надвор од ѕидот на окото на ураганот, и врнежите во форма на запирка околу вонтропските циклони. Променливост на времето може да се најде долж фронтот на оклузија, со можни невремиња со грмотевици но најчесто нивниот тек е придружен со влажност на воздушната маса. Фронтот на оклузија најчесто се формира околу места со развиен низок притисок. Тоа што го дели дождот од другите врнежи како што се топчињата мраз и снегот е присуството на дебел слој на воздух горе, што е над точката на топење на водата, што ги топи смрзнатите врнежи пред да ја достигнат земјата. Ако има тенок слој близу до површината што е под точката на смрзнување , ќе се појави смрзнат дожд ( дожд што замрзнува во контакт со површината во средини со ниски температури). Градот станува се поретка појава кога нивото на замрзнување во атмосферата надминува 11.000 стапки (3.400m) над нивото на земјата.

Струење

Струевитиот дожд, или врнежот во вид на дожд, се создава од струевити облаци, т.н комулонимбус или кумулус конгестус. Паѓа како дожд со брза промена во интензитетот. струевитите врнежи паѓаат над одредено место за релативно кратко време, затоа што струевитите облаци имаат ограничена хоризонтална ширина. Повеќето врнежи во тропскиот појас се струевити, сепак, беше укажано дека се појавуваат и стратусните врнежи исто така. Атмосферскиот талог (помал град) и градот предизвикуваат струење. Во местата со средна географска ширина, струевитите врнежи се повремени и често придружени со фронтови слични на облачни појаси како што се ладни фронтови, тешки бури и топли фронтови.

Орографски врнежи Орографски врнежи се појавуваат на спротиветровите страни на планините и се предизвикани од зголеменото движење на влажен воздух низ планинскиот срт, што резултира со адиабатско ладење и кондензација. Во планинските делови од светот изложени на постојани ветрови(на пример пасати) најчесто преовладува повлажна клима наспроти страната на планината, отколку во заветрената страна или страната на насоката на ветрот. Влагата е отстранета со орографското кревање на воздухот, оставајќи посув воздух на надолната и затоплена заветрена страна каде се наидува на дождовна сенка.

На Хаваи, Монт Вијалај на островот Кауаи забележлив е по неговите екстремни врнежи, и има втора највисока просечна количина годишни врнежи на земјата со 460 in(12.000mm). Системите познати како Кона невремиња и влијаат на земјата со силни ветрови помеѓу Октомври и Април. Локалните клими значајно варираат во зависност од нивната топографија, се делат на спротиветрени (Колаи) и заветрени региони (Кона) сместени на локации слични на високите планини. Спротиветровите страни свртени на исток од североисточните пасати добиваат многу повеќе дожд; заветрените страни се посуви и посончеви со помалку дожд и помала облачност. Во Јужна Америка, планинскиот венец Анди ја блокира Тихоокеанската влага што пристигнува на континентот, резултирајќи со пустинска клима во насоката на ветрот низ западна Аргентина. Веригата Сиера Невада го создава истиот ефект во Северна Америка создавајќи го Големиот басен и пустината Мохаве.

Во тропскиот појас