Методија Митевски Брицо ( во Царево Село ― крај ) — македонски партизан и учесник во НОБ. Роден е на 15 април 1924 година, во Царево Село, во сиромашно семејство, од татко Зафир - занаетчија бербер и мајка Зуица, домаќинкa. Основното образование го завршува во Делчево, а понатамошното школување го продолжува во Штип.

Биографија и дејност

Тој со своето знаење и со своите стремежи за слобода и независност на македонскиот народ, му овозможило да стане член на револуционерното движење. Тој редовно присуствувал во тајните кружоци на ова дружина која била предводена од Ванчо Прке и активно се вклучува во организацијата на младите во Пијанец, со една главна цел, да ја ослободат Македонија. Гимназија завршил во Штип, а Правен факултет во Скопје. Брицо и покрај тоа што тој бил учесник во НОБ од 1941 г. тој е и член на СКОЈ, а во Комунистичката партија на Македонија, тој бил примен во 1943 година. Тој бил првиот секретар на националниот комитет на Малеш и Пијанец, претседател на Штипската и Малешевската Околија, секретар на околниот комитет на КПМ во Битола. Брицо зазел доста високи функции во владата на НР Македонија како секретар, а во 1960 година, тој бил наименуван за државен секретар по замјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во НР Македонија и како член на Полит-бирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на НР Македонија. Тој добивал и повеќе ордени меѓу кои најзначајни се: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единстви од II ред.

Брицо живеел 38 години од неговиот живот, но целосно поставен за Македонија. Тој несреќно загинал во водите на Охридското Езеро.

Наводи

Категорија:Луѓе од Делчево Категорија:Починати во Охрид Категорија:Починати во Охридското Езеро Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Југословенски Македонци