Празник, сведен или слава — вид верска, национална, државна, културна или друга прослава, а понекогаш вклучува и фестивал.

Видови празници Верски празници (благдени) Повеќето празници се производ на верувањата и религиите. Христијанските празници се дефинирани како дел од литургиската година. Во Исламот, најголем празник е Рамазан. Источните религии (хиндуизам, џаинизам и сикизам имаат повеќе празници, а за најголем се смета Дивали, фестивалот на светлината. Во Јапонија се празнуваат празници од различни религии. Келтските и неопаганските празници се тесно поврзани со фестивалите кои се празнуваат во Шведска (каде 80% од жителите припаѓаат на лутеранската црква). Евреите имаат две празнични сезони: пролетна (Пасха) и есенска сезона. Единствено Јеховините сведоци не празнуваат никакви празници, дури ни Божик и Велигден.

Нова година Новогодишните празници се главни во зимската сезона на прославувања речиси кај сите народи. Ова е период околу зимскиот солстициум, околу кој се врзани повеќето културни и верски прослави. Обично овој период започнува во ноември и завршува во јануари. Најчесто зимските празници имаат комерцијален карактер, а симболите кои се користат се снегулки, зимски мотиви и зимски песни.

Државни празници Повеќето суверени држави и територии прогласуваат локални празници кои се засноваат врз значајни датуми од нивната историја, но вклучуваат и некои меѓународни празници (како денот на трудот или денот на жената). Државните празници според тоа се различни во секоја земја, и најчесто се прогласуваат за неработни денови.

Неофицијални празници Во оваа категорија празници спаѓаат прославите кои најчесто не се запишуваат во календарите на празници, без разлика на нивното масовно прославување. Тоа се празници кои рекламираат нешто, или денови на некој историски настан кој не е официјално прославуван, и секако, тука спаѓаат и одбележувањето на „смешни“ денови, како на пример 1 април 2 февруари и слично.

Празникот како тема во уметноста „Иванденски огон“ — естонска народна приказна.Волшебниот прстен - Естонски народни приказни. Наша книга, Скопје, 1969, стр. 10-12. „Осми март“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2003 година.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 20. „Пред големиот празник“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 83. „Олкав Ивандееен“ (српски: Овилики Ивандааан) — расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 162-164. „Вечерта на празничниот ден“ (италијански: La sera del dì di festa) —песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1820 година.Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 14-15. „Честит Први мај“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 20. „Празник“ — краток расказ на македонскиот писател Владимир Лукаш.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 246. „Празнична романса“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 62-65. „Задушница“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 55. „Празнична“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 40. „Зимските празници“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1959 година.Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 301-302. „Спроти Богородица“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 129. „Тежок празник“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 8-9. „Празник“ — краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 130. „Празник на трудот“ — песна на рускиот поет Велимир Хлебников.Велимир Хлебњиков, Краљ времена Велимир I. Просвета: Београд, 1964, стр. 82-84. „Спроти Благоец“ — песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1993 година.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 27. „Вртолум“ — песна на Наум Целакоски.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 28. „Духовден“ — песна на Наум Целакоски од 1997 година.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 29. „Божик“ — песна на Наум Целакоски.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 30. „Празничен ден“ — расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 69-76. „Спроти Макавеите — од Макавејските празници“ - расказ на Живко Чинго од 1963 година.Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 157-164. „4 јули“ (англиски: 4th of July) - песна на американската рок-група Саундгарден (Soundgarden) од 1994 година.YouTube, Soundgarden - Superunknown (Full Album) HD (пристапено на 8.1.2017) „4 јули“ (англиски: 4th of July) - песна на ирската рок-група Ју Ту (U2).YouTube, U2- 4th of July (пристапено на 8.1.2017)

Поврзано

Државни празници во Република Македонија Календар на Велигденски датуми Меѓународен ден на жената Меѓународен ден на трудот Список на верски празници

Наводи

Наводи

Категорија:Општествени настани Категорија:Традиции