thumb|190px|Рама (десно) седи врз рамениците на Хануман и се бори со кралот-демон Равана.
Рамајана (деванагари: ) е древен еп напишан на санскрит, составен меѓу 400 година п.н.е. и 200 година од нашата ера. Му се припишува на хиндуистичкиот мудрец Валмики. Епот ги опишува должностите во врските, ги портретира идеалните карактери, како што се идеален слуга, идеален брат, идеална сопруга и идеален крал.
Името Рамајана може да се преведе како „Патувањето на Рама“. Содржи 24.000 стихови сместени во седум книги, и 500 пеења ().Romesh Dutt, "Epilogue by the Translator", Ramayana, The Epic of Rama, Prince of India, London, J.M. Dent 2nd ed., (1902) p. 183. Dutt cites Ramayana, Book VII, "Uttra-Kinda". Ја раскажува приказната за господарот Рама, чија сопруга Сита е грабната од демонот Равана, крал на Ланка. Тематски, епот се занимава со темите за човечката егзистенција и за концептот на дарма.
Белешки
Категорија:Хиндуистички текстови Категорија:Текстови на санскрит Категорија:Индиски епови