Минојски јазик — јазикот кој се зборувал во древен Крит. Неговиот однос со грчкиот е непознат, а бил зборуван во периодот на минојската цивилизација, пред истата да биде заменета со цивилизацијата од копнениот дел (микенската). Иако се направени напори јазикот да се поврзе со другите соседни јазици, минојскиот треба да се смета за изолиран јазик сѐ додека не се утврдат лингвистички сличности со други јазици. Минојскиот се пишувал со линерано писмо А, слоговно писмо кое се употребувало нашироко сѐ до 1420 п.н.е., главно за верски записи и управно-административна евиденција во минојската цивилизација.

Етеокритскиот (т.е. „вистински критски“) јазик веројатно води потекло од минојскиот и главно се пишувал со писмо изведено од евбејското, и истото редовно се користело по Грчкото темно доба, иако линеарните писма и натаму продолжиле да се користат паралелно, во облик на неколку верски записи. Најдени е етеокритски записи од VII до III век п.н.е., пишани на локалната архаична грчка азбука и јонската грчка азбука. Пронајдени се пет написи за кои со сигурност се знае дека се етеокритски - два во Дрерос и три во Пресос, во критската префектура Ласити. Најдени се неколку други написи кои може да бидат етеокритски.

Теории на дешифрирање

За етеокритскиот јазик се знае многу малку, освен тоа дека постои можност да потекнува од јазикот запишан на плочки со линеарното писмо А.

Наводи

Поврзано Критски хиероглифи Линеарно писмо А Егејски јазици Прединдоевропски јазици Етрурски јазик Лемноски јазик Етеокипарски јазик

Надворешни врски Етеокритски јазик

Јазик Категорија:Изолирани јазици Категорија:Палеобалкански јазици Категорија:Мртви јазици во Европа Категорија:Стара Грција Категорија:Егејска цивилизација Категорија:Прединдоевропејци