мини|десно|Кантербериската катедрала - седиште на Архиепископот Кентербериски.
Црквата на Англија или Англиканска црква () е христијанска црква во Англија и матична црква на англиканските цркви ширум светот.
Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни начела од реформацијата од XVI век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на реформацијата.
Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на кралот Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископ Кантербериски кој е поглавар на црквата.
Поврзано Кантербериска митрополија Јоршка митрополија Англиска реформација
Наводи
Категорија:Христијански вероисповеди Категорија:Протестантство Категорија:Членки на Светскиот црковен совет