Филипинскиот крокодил (Crocodylus mindorensis) е крокодил кој живее само на Филипините.Only in the Philippines - Endemic Animals in the Philippines txtmania.com.Accessed 22 октомври 2007. Познат е и под името Миндорски крокодил (по островот Миндоро) или Филипински слатководен крокодил. На Филипините е строго забрането да се убиваат крокодилите, но сепак овој вид е со статус на критично загрозен вид, најмногу поради невообичаените методи на риболовCrocodilian Species - Philippine Crocodile (Crocdylus mindorensis) flmnh.ufl.edu.Accessed 22 октомври 2007., како риболов со употреба на динамитBPM_05one_Philipines_text.pdf (Application/pdf Object) bp.com. Accessed 22 октомври 2007..
Особености Филипинскиот крокодил е релативно мал слаководен крокодил кој е ендемски вид на Филипините. Овие крокодили не растат повеќе од 3 метри. Женките се помали од мажјаците (види полов диморфизам). Бојата на кожата е златно-кафеава, и станува се потемна со стареење на единката.
Историја и еволуција left|thumb|250px До пред некое време Филипинскиот крокодил се сметал за подвид на новогвинејскиот крокодил (Crocodylus novaeguinae) Species Accounts:cmind.htm flmnh.ufl.edu.Accessed 22 октомври 2007.. Во минатото се среќавале и во Лусон и делови од Висаите и Минданао, но бројноста на популациите била драстично намалена најмногу поради загубата на живеалиштето.
Еден друг вид Crocodylus raninus, кој живее во една мала зона на Борнео, долго време се сметал за близок роднина на филипинскиот крокодил. Според последните генетски анализи овој вид всушност припаѓа во видот Crocodylus porosus.
Заштитен статус thumb|220px|Филипински крокодил Иако во минатот овој крокодил се среќавал насекаде низ Филипините, денес тој е критично загрозен. Многу малку се знае за неговата точна распространетост и за релациите со морскиот крокодил со кој делат исто живеалиште. Се смета дека најдобро решение за зголемување на бројот на овие животни е преку програмите за одгледување млади крокодили и нивно враќање во дивината. Овие програми се покажале доста успешни за зачувување на други животни. Во 1992 година популацијата во дивината се проценува на 1000 единки, а во 1995 се смета дека нема повеќе од 100тина возрасни единки.
Crocodylus mindorensis се сметало дека е изумрен во регионот на северен Лусон, сè додека во 1999 во Сан Марино, Изабела, не бил уловен жив примерок на овој вид. Уловениот крокодил го добил името Изабела и бил однесен во центар за рехабилитација и истражување на крокодилите од каде повторно бил вратен во дивината во август 2007 година. Овој примерок бил долг 1,6 метри во времето кога бил пуштен во дивината,
Наводи
Надворешни врски Philippine Crocodile: WhoZoo Crocodillian Species-Philippine Crocodile (Crocodylus mindorensis) "Crocodylus mindorensis - HerpaWorld"
Категорија:Крокодили