БожиќБожиќ — Прав. реч. на мак. јазик (Божик)Божик — Дигитален речник на македонскиот јазик или Рождество ХристовоРождество Христово — Прав. реч. на мак. јазик — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите што го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите што го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.

Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Во народната и црковната традиција во предвечерието на Рождеството се пејат посебни песни наречени каланди, кои имаат елементи од византиската традиција и македонското народно музичко творештво.Каланди — Бигорски манастир

Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

Историјатa на празникот 350п|мини|десно|Раѓањето на Христос, илустрација од XII век Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“

Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот — начелото на идниот век.

Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Даниил (глава 2). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.

За иконата на Христовото раѓање Обично во иконата на Христовото раѓање Спасителот има сликовита врска со каменот кој го победил и разрушил страшниот човечки егоизам, во ликот на идол. Младенецот е претставен повиен, во средина на иконата. Земјата во иконата на Рождеството Христово не се претставува мазна и рамна, туку е полна со движење, разиграност, ридови и процепи. Тоа движење потсетува на морските бранови.

Обично во иконата на Рождеството се изобразуваат исто така и ангелите, мудреците и пастирите. Ангелите, како први гласници на Радосната вест за Рождеството Христово, мудреците и пастирите — претставници на човечкиот род, се поканети да му се поклонат на Христа.

Во горниот дел од иконата се претставува ѕвездата која ги води мудреците на еден начин кој ретко се среќава. Таа е испратена да стои точно на врвот од пештерата. Витлеемската ѕвезда се запазува како симбол не само во иконата на Рождеството, но и во Светата Литургија. Свеќникот кој се поставува во повечерието на Рождеството во средината на храмот, исто така ја симболизира ѕвездата. Очигледно е дека таа зазема многу важно место на празникот Рождество, зашто е древен симбол на Христа, како што ни сведочи и Откровението: „Корен и потомок сум Давидов — Светла и Утринска Ѕвезда.“

Обично е изобразен и Јосиф, заштитникот на Дева, исполнет со тага, измачуван од сомнежи, не можејќи да го разбере таинството на Раѓањето на Синот од Девата. Карактеристично за многу икони на Рождеството е дека Богородица гледа не кон Спасителот, туку кон Јосиф, со поглед исполнет со разбирање и длабока сочувствителност. Очигледно е дека таа со сите сили сака да му помогне. Иконата на Христа е образец или слика на бесконечната слава на доброволното предавање на Христа.

Божиќ како мотив во уметноста и во популарната култура мини|Божиќен пазар во Вајмар, Германија Божиќ како мотив во народното творештво „Сива, сива г’л’бице“ — македонска народна песна.Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 19. „Збирајте се дечиња“ — македонска народна песна.Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 19. „Орлене, крстатно орлене“ — македонска народна песна.Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 20.

Божиќ како тема во книжевноста „Божиќна приказна“ — кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013. „Божик“ — песна на македонскиот поет Наум Целакоски.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 30.

Божиќ како тема во популарната музика „Дали тие знаат дека е Божиќ?“ (англиски: Do They Know It's Christmas?) — песна на хуманитарната група Бенд Ејд (Band Aid) од 1984 година.YouTube, Do they Know it's Christmas ~ Band Aid 1984 (пристапено на 17.1.2017) „Божиќ“ (англиски: Christmas) — песна на американската рок-група Бит хепенинг (Beat Happening) од 1985 година.YouTube, beat happening - beat happening (full album) (пристапено на 23.8.2017) „Божиќен дух?“ (англиски: Christmas Spirit?) — песна на американската рок-група Вејлерс (Wailers) од 1965 година.Sonics* / Wailers* – Don't Believe in Christmas / Christmas Spirit? (пристапено на 17.12.2024) „Минатиот Божиќ“ (Last Christmas) — песна на британската поп-група Вем! (Wham!).Wham! - Last Christmas (пристапено на 17.1.2017) „Детски Божиќ во Велс“ (англиски: Child's Christmas In Wales) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1973 година.YouTube, John Cale: Paris 1919 (Full Album) (пристапено на 13.2.2018) „Божиќ во Кејптаун“ (англиски: Christmas In Capetown) — песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.YouTube, Christmas In Capetown- Randy Newman (Vinyl Restoration) (пристапено на 8.10.2017) „Божиќ во февруари“ (англиски: Xmas In February) — песна на американсиот рок-музичар Лу Рид (Lou Reed) од 1989 година.Discogs, Lou Reed ‎– New York (пристапено на 26.3.2021) „Не верувај во Божиќ“ (англиски: Don't Believe in Christmas) — песна на американската рок-група Соникс (Sonics) од 1965 година.Sonics* / Wailers* – Don't Believe in Christmas / Christmas Spirit? (пристапено на 17.12.2024) „Фала му на бога што не е Божиќ“ (англиски: Thank God It's Not Christmas) — песна на американската рок-група Спаркс (Sparks) од 1974 година.Sparks – Kimono My House (пристапено на 11.5.2024) „Нема Божиќ за Џон Кејс“ (англиски: No Xmas For John Quays ) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1979 година.YouTube, The Fall - Live At The Witch Trials (1979) † (full album) (пристапено на 29.6.2017) „Божиќ“ (англиски: Christmas) — песна на британската рок-група Ху (The Who)“.YouTube, The Who - Christmas (пристапено на 11.3.2019)

Божиќ како тема во филмот „Божиќ со Кранкови“ (англиски: Christmas with the Kranks) — американски филм, во режија на Џо Рот.„Како да се прескокне Божиќ“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 22. „Да се преживее Божиќ“ (англиски: Surviving Christmas) — американски филм, во режија на Мајк Мичел.„Да се преживее Божиќ“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 32. „Божиќна приказна“ (англиски: A Christmas Story) — американски филм од 1983 година, во режија на Боб Кларк.IMDb, A Christmas Story (1983) (пристапено на 1.3.2017) „Како Гринч го украде Божиќ“ (How the Grinch Stole Christmas) — американски филм од 2002 година, во режија на Рон Хауард.IMDb, How the Grinch Stole Christmas (2000) (пристапено на 1.3.2017) „На дванаесеттиот ден за Божиќ“ (англиски: On the Twelfth Day of Christmas) — канадски филм од 2015 година, во режија на Харви Кросленд.HRT, Dvanaest dana do Božića (пристапено на 21.12.2018) „Речиси Божиќ“ (англиски: Almost Christmas) — американски филм од 2016 година, во режија на Дејвид Талберт.IMDb, Almost Christmas (2016) (пристапено на 1.3.2017)

Поврзано Рождество Христово Бадник — празник воочи Божиќ Велигден — празник на воскреснувањето на Христос Божиќен колач

Наводи

Користена литература „Троичник“, број 12, година III, списание за православната вера.

Надворешни врски

Категорија:Рождество Христово Категорија:Христијански празници Категорија:Македонски празници Категорија:Македонски народни обичаи