Средноевропско време (, CET) — назив за часовниот појас која е 1 час понапред од координираното универзално време. Го користат највеќетто европски и некои северноафрикански земји.
Ова време обично има средноевропско време од UTC+1. За време на летно сметање на времето, наместо ова време се користи средноевропското летно време (СЕЛВ или CEST), со поместеност од UTC+2. Моменталната времеска поместеност е UTC+.
Употреба
Средноевропското време во Европа
Следниве земји и територии користат средноевропско време само зиме, помеѓу 1:00 UTC на последниот ден недела од октомври 1:00 UTC на последниот ден недела од март: Албанија, редовно од 1975 г. Австрија, редовно од 1980 Андора, редовно од 1984 Белгија, редовно од 1980 Босна и Херцеговина, редовно од 1983 Ватикан, редовно од 1966 Германија, редовно од 1980 Гибралтар, редовно од 1982 Данска (континентална), редовно од 1980 Италија, редовно од 1966 Лихтенштајн Луксембург, редовно од 1977 Малта, редовно од 1974 Монако, редовно од 1976 Норвешка, редовно од 1980 Полска, редовно од 1977 Македонија, редовно од 1983 Сан Марино, редовно од 1966 Словачка, редовно од 1979 Словенија, редовно од 1983 Србија, редовно од 1983 Унгарија, редовно од 1980 Франција (континентална), редовно од 1976 Холандија (континентална), редовно од 1977 Хрватска, редовно од 1983 Црна Гора, редовно од 1983 Чешка, редовно од 1979 Швајцарија, редовно од 1981 Шведска, редовно од 1980 Шпанија (освен Канарските Острови), редовно од 1974
Пред Втората светска војна, Литванија користела средноевропско време (MET) во периодот од 1920–1940 г. За време на војната Германја го имплементирала ова време во сите окупирани територии. Во Франција, Белгија, Холандија и Луксембург средноевропското време било задржано. По војната, Монако, Шпанија, Андора и Гибралтар го прифатиле средноевропското врме.
Ирска и Обединетото Кралство експериментално го прифатиле средноевропското време во периодот од 1968–1971; меѓутоа овој експеримент се покажал непопуларен и краткотраен, главно заради зголемениот број на сообраќајни несреќи (деца настрадани одејќи на училиште) во мрачните зимски часови. Португалија го користела средноевропското време во периодот од 1966–1976, и повторно во периодот од 1992–1996.
Средноевропското време во Африка Алжир и Тунис користат средноевропското време во текот на целата година.
За други земји кои исто така користат UTC+1, видете Западноафриканско време.
Поврзано Часовен појас Европско летно време Средноевропско летно време UTC+1 Список на часовни појаси
Категорија:Часовни појаси