Д-р Жан Митрев (роден на во ) - еден од најпознатите македонски кардиохирурзи. Основач, сопственик и менаџер е на Специјалната болница „Филип Втори“.
Професионална биографија
Основно и средно училиште завршува во Штип, а од 1979 студира на универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје. Дипломира во 1985 година.
Во 1983 бил на пракса на медицинскиот универзитет "Реина Софија" во Кордоба, Шпанија. Од 1985 до 1988 се вработил како лекар во одделот за итна служба и на одделението за општа хирургија во регионалната болница во Штип. Од 1988 до 1990 специјализирал (лекар асистент) на клиниката за кардиохирургија „РЕБРО“ на Медицинскиот универзитет во Загреб, каде во периодот 11.89 - 11.90: е на Магистратура на Медицински универзитет во Загреб. Тема: „Влијание на оперативната техника во хирушкото лекување на акутниот микарден инфаркт". 11.1990 - 12.1992: Асистент и научен асистент на клиниката за торакална и кардиоваскуларна хирургија „Jochan Wolfgang Goete Univerzitat“, Франкфурт на Мајна, Германија 30.10.1992: Специјалистички испит по општа хирургија на mедицински универзитет, Скопје, Македонија 01.1993 - 09.1993: Асистент на клиниката за кардиохирургија во Лудвигсхафен, Германија 10.1993 - 09.1994: Асистент на клиниката за кардиоваскуларна хирургија, медицински универзитет, Цирих, Швајцарија 10.1994 - 06.1997: Самостоен хирург - оператер на клиниката за кардиоваскуларна хирургија во Herzzentrum, Франкфурт на Мајна, Германија 07.1997 - 12.1999: Раководител на оддел на клиниката за торакална и кардиоваскуларна хирургија на „Jochan Wolfgang Goete Univerzitat“, Франкфурт на Мајна, Германија 12.1999 - 12.2001: шеф (управник) на кардиохирургија - ЦВЗУ Скопје, Македонија 05.2001: Поднесен докторат од областа на кардиохирургијата на тема: „Вредноста на геометриската реконструктивна хирушка метода во лекувањето на постинфарктната аневризма на левата комора на срцето“ 14.12.2001: Потврда од европскиот одбор на здружението за кардиоваскуларни хирурзи за признавање на стручна субспецијалистичка дејност како кардиоваскуларен хирург 01.2002: Директор на специјалната болница по кардиохирургија „Филип Втори“, Скопје 09.2002: Прием и промоција во академик во светската академија за наука „Платон“.
Стипендијант на: 09.1988 - 09.1991: Универзитет „Кирил и Методиј“, Македонија 10.1991 - 12.1991: „Jochan Wolfgang Goete Univerzitat“, Франкфурт на Мајна, Германија 01.1992 - 12.1992: „Deutsche Herzstiftung“, Германија 10.1993 - 09.1994: „Univerzitat“, Цирих, Швајцарија
Член во: 1991: Германско здружение за торакална и кардиоваскуларна хирургија 1993: Американски колеџ за ангиологија 2001: European Society for Arteficial Organs (ESAO) 2002: European Society for cardiothoracic surgery (EACTS) 2002: International society for minimally invasive cardiosurgery (ISMICS)
Награди и признанија
05.2002: менаџер на годината од страна на центарот за развој на кадри од областа на менаџментот (МОТИВА) 08.2002: промовиран во академик - почесен член на академијата за наука „Платон“ 27.08.2003: благодарница и статуетка за хуманист на годината - доделена во чест на роденденот на големата хуманистка и нобеловка Мајка Тереза. 07.11.2003: награда за меѓународен научник на годината од страна на „International Biographic Centre“, Кембриџ, Велика Британија 21.11.2003: награда Man Of The Year, 2003, ABI - American Biographical Institute, Inc.
Општествена и книжевна активност Жан Митрев е познат по својата фасцинација за Античка Македонија. Како резултат на таа своја фасцинација, во 2012 година објавува збирка од 8 раскази за деца и возрасни насловена „Македонски приказни за Филип и Александар“.
Во август 2011 избран е за еден од двајцата почесни претседатели на Светскиот македонски конгрес.„Генерално собрание на СМК, Тодор Петров реизбран за претседател“, МРТ
Семејство Негов брат е ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Саша Митрев.
Наводи
Надворешни врски Професионална биографија на страницата на Специјалната болница „Филип Втори“
Категорија:Македонски кардиохирурзи Категорија:Луѓе од Штип