Алгол или Бета Персеј(β Per), позната и како Демонска Ѕвезда — сјајна ѕвезда од соѕвездието Персеј. Ова е една од најпознатите помрачени двојни ѕвезди, прва од таков вид што е откриена, и исто така прва променлива ѕвезда која не е нова. Всушност Алгол е систем од три ѕвезди (Бета Персеј А, Б и Ц) од кои најголемата и најсјајната `Бета Персеј А` постојано се помрачува од `Бета Персеј Б`. Според тоа, величината на Алгол е прилично постојана на 2,1. Сепак, на секои 2 дена, 20 часа и 49 минути, за време на 10-часовното делумно затемнување, има величина од 3,4. Постои и вторично затемнување, кое може да се детектира со фотоелектрика.Beta Persei, American Association of Variable Star Observers. https://web.archive.org/web/20030705115540/http://www.aavso.org/vstar/vsots/0199.shtml
Историја на набљудувањето Променливоста на Алгол првпат е забележана во 1667 година од Геминиано Монтанари,G. Montanari, "Sopra la sparizione d'alcune stelle et altre novità celesti", in: Prose de Signori Accademici Gelati di Bologna (Bologna: Manolessi, 1671), pp. 369-392 (Google books). но периодичната природа на нејзиниот сјај е забележана речиси еден век подоцна д страна на британскиот астроном аматер Џон Гудрик (кој исто така предложил и механизам за ѕвездената променливост).O.J. Eggen,"An Eighteenth Century Discussion of Algol", The Observatory, 77 (1957), 191-197 ADS. Во мај 1783 година, тој ги презентирал своите набљудувања пред „Кралското друштво“, со објаснувањето дека периодичната променливост е причинета од темно тело што поминува пред ѕвездата (или дека ѕвездата има темен дел кој повремено е свртен кон Земјата.) За неговите истражувања тој е награден со медаља.
Во 1881 година, астрономот од Харвард Едвард Чарлс Пикеринг понудил докази дека Алгол всушност е помрачена двојна ѕвезда. Ова било потврдено неколку години подоцна, во 1889 година, кога астрономот од Потсдам Херман Карл Вогел нашол периодична промена на доплер ефектот во спектарот на Алгол, промена во радијалната брзина на овој двоен систем. Така Алгол станал еден од првите познати спектроскопска двојки.
И покрај многуте тврдења во современата литература дека здружението на оваа ѕвезда со суштество налик на демон (горгона според старогрчката традиција, Гул во арапската традиција) укажува на фактот дека променливоста на оваа ѕвезда била позната многу пред XVII век,S.R. Wilk, "Mythological Evidence for Ancient Observations of Variable Stars", The Journal of the American Association of Variable Star Observers, 24 (1996), 129-133 ADS сепак нема докази за такво нешто.G.A. Davis, "Why did the Arabs Call Beta Persei "al-Ghul"?", Sky and Telescope, 16 (1957), 177 ADS.
Систем
thumb|left|Сметачка симулација: можно движење на Алгол
Алгол A и Алгол B се темен двоен систем, затоа што нивните орбитални рамнини истовремено се на линија на Земјата. Попрецизно кажано, Алгол е троен систем: парот што е темен двоен систем е одвоен само 0,062 AU, додека третата ѕвезда во системот (Алгол C) е на просечно растојание од 2,69 AU од парот, а взаемниот орбитален период е 681 дена (1,86 години). Вкупната маса на системот е околу 5,8 сончеви маси, а односот меѓу A, B и C е околу 4.5 : 1 : 2.
+ Орбитални елементи на Алголовиот системСоставнициПолуоскаЕлиптичностПериодНаклонA—B 0,00218″ 0,00 2,87 дена 97,69°(AB)—C 0,09461″ 0,225 680,05 дена 83,98°
Проучувањата на Алгол довеле до Алголов парадокс во теоријата за ѕвездениот развој: иако составниците на двојната ѕвезда што се образува, и масивните ѕвезди евоулираат побрзо од помалку масивните, забележано е дека помасивната составница Алгол A е сè уште во својата главна фаза, додека помалку масивната Алгол B е ѕвезда подџин во подоцнежна фаза од развојот. Овој парадокс може да се реши со трансфер на маса: кога помасивната ѕвезда ќе стане подџин, го исполнува својот Рош простор, а поголемиот дел од масата се префрла на другата ѕвезда која е сè уште во главната фаза. Кај некои двојни системи налик на Алгол, може да се забележи преносот на гасовите.
Овој систем исто така е показател за различни активности во форма на Х-зраци и радио сигнали. Порано се мислело дека се предизвикани од магнетните полиња на AB составниците поради трансферот на маса. Радио емисиите може да се создадени од магнетни циклуси слични на сончевите пеги, но бидејќи магнетните полиња околу овие ѕвезди се десет пати посилни од она на Сонцето, овие радио сигнали се многу помоќни и подолготрајни.
Алгол е 92,8 светлосни години од Земјата; пред околу 7,3 милиони години бил на 9,8 светлосни години и неговата привидна ѕвездена величина била −2,5, посјајна отколку што е денес Сириус. Бидејќи вкупната маса на системот е 5,8 сончеви маси, и покрај огромната далечина, може да е доволно да го вознемири Ортовиот облакот на сончевиот Систем и да предизвика појава на бројни комети во сончевиот Систем. Како и да е, се смета дека е многу мало реалното зголемување на брзината на прелевање.
Потекло на поимот Името Алгол доаѓа од арапското رأس الغول ra's al-ghūl : глава (ra's) на џин (al-ghūl) (види „Гул“).P. Kunitzsch & T. Smart, Short Guide to Modern Star Names and Their Derivations (Wiesbaden: Otto Harrassowitz, 1986), p. 49. Името Демонска ѕвезда е превод., also online on Bill Thayer's site Lacus Curtius: Star Names: Their Lore and Meaning
Во хебрејскиот фолклор била позната како Rōsh ha Sāṭān 'Главата на Сатан'. Латинскиот назив од XVI век бил Caput Larvae 'Глава на авет'. Исто така оваа ѕвезда е поврзувана со Лилит.
Во Кина била позната како 大陵五 (Петтата ѕвезда од Мавзолејот), но и според ужасното име Tseih She (叠尸), со значење 'натрупани тела'.
Значење во културата
Во Тетрабиблос, астролошките текстови од II век на александрискиот астроном Птоломеј, Алгол е означен како „горгона од соѕвездието Персеј“ и се поврзува со смрт преку отсекување на главата: поради митот за херојот Персеј и неговата победа над Медузата со змии наместо коса, горгона.Robbins, Frank E. (ed.) 1940. Ptolemy Tetrabiblos. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press (Loeb Classical Library). ISBN 0-674-99479-5, IV.9, p.435. Во астролошките традиции Алгол е прифатен како една од најнесреќните ѕвезди кои носат зло: обезглавување метафоричко или буквално, насилна смрт, касапење на живо тело, сечење на главата по налог на кралот или на судот, итн. Lyons, 1531/33. Llewellyn reprint, 1993; tr. J. Freake (1651), ed. D. Tyson, p.411. Историски се поврзува со бројни крвави настани.
Поврзано Алголска променлива ѕвезда
Наводи
Категорија:Персеј (соѕвездие) Категорија:Ѕвезди Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HD-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Бајерови објекти Категорија:Глизеови објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Астрономски тела познати од стариот век Категорија:Am-ѕвезди Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот B Категорија:Алголски променливи ѕвезди Категорија:Троѕвезди Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот F