thumb|right|250px|Улица во Аудеркерк кај Амстел Аудеркерк кај Амстел или Аудеркерк ан де Амстел (хол. Ouderkerk aan de Amstel) () е гратче во провинцијата Северна Холандија во Холандија. Во голем дел ѝ припаѓа на општината Аудер-Амстел, и се наоѓа 9 км јужно од Амстердам. Мал дел од местото ѝ припаѓа на општината Амстелвен.
Во 2001, Аудеркерк крај Амстел броел 7256 жители. Изградената површина на градот зафаќала 1.5 км2, и во неа имало 3043 домови.Статистика Холандија (CBS), Bevolkingskernen in Nederland 2001 . (Статистиките важат за непрекинатиот изграден простор). Статистичкиот регион „Аудеркерк крај Амстел“, на кој може да припаѓа и периферијата на местото како и околните рурални подрачја брои 7480 жители.Статистика Холандија (CBS), Statline: Kerncijfers wijken en buurten 2003-2005. По податок од 1 јануари, 2005.
Во градот се наоѓаат гробиштата Бет Хајм, најстарите еврејски гробишта во ХоландијаL. alvarez Vega, the Beth Haim of Ouderkerk aan de Amstel, 1994, каде, меѓу другите се погребани и родителите на филозофот Барух Спиноза.
Наводи
Категорија:Села во Холандија Категорија:Градови во Холандија Категорија:Населени места во Северна Холандија