Алнилам или Епсилон Орион (ε Ori / ε Orionis) е голема сина ѕвезда од соѕвездието Орион. Нејзината ознака е `46 Orionis`.

Оваа ѕвезда е 30 ѕвезда по сјајност на небото (четврта по сјајност во Орион) и како син суперџин е една од најпознатите светлосни ѕвезди воопшто. Заедно со Минтака (Делта Орион) и Алнитак (Зета Орион), го образуваат појасот на Орион познат по различни имиња во древните култури. Алнилам е средната ѕвезда.

Таа е една од 57-те ѕвезди што се користат за небесна навигација. За средните латитуди, Алнилам е највисоката точка на небото на полноќ на 15 декември.

Релативно едноставниот спектар на Алнилам е корисен за проучување на меѓуѕвездениот простор. Во текот на наредните милион години, оваа ѕвезда може да се претвори во црвен суперџин и да експлодира како супернова. Опколена е со молекуларен облак NGC 1990.

Низ историјата Името Алнилам доаѓа од арапското النظام an-niżām, со значење „ѓердан од бисери“. Други називи за оваа ѕвезда се Алнихан и Алнитам,Richard Hinckley Allen, Star-names and their meanings (1936), p. 314-15. но се сметаат за погрешна транслитерација.

Орионов Појас Трите ѕвезди од појасот Орион се познати по различни имиња низ разните култури. Постојат повеќе арапски термини за нив: Al Nijād 'Појас', Al Nasak 'Линија', Al Alkāt 'Златно Зрно'. Во кинеската митологија овие три ѕвезди биле познати како `Легнат Мост`.

Овие три ѕвезди наводно влијаеле врз изградбата на Пирамидите во Гиза.

Наводи

Категорија:Орион (соѕвездие) Категорија:Ѕвезди Категорија:Бело-сини суперџинови Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HD-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Бајерови објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Променливи ѕвезди од типот на Алфа Лебед