Административната поделба на Македонија ги опфаќа административните едници од кои е составена државата. Таа ги опфаќа општините, но тука се вбројуваат и регионите кои имаат статистички цели. Исто така оваа статија ги опфаќа административните поделби на Народна Република Македонија и Социјалистичка Република Македонија, каде имало и околии. Денес, единици на локалната самоуправа во Македонија се општините и Градот Скопје како посебна административна единица.

Општини

thumb|right|250px|Општините во Македонија. Општините ги опфаќаат населените места кои влегуваат во нивен состав, утврдени со закон. Граница на општина се границите на катастарските општини на населените места во нејзиниот состав, во делот што се граничат со соседните општини или се поклопуваат со државната граница на Република Македонија. Секоја општина има име и седиште на општината. Седиштето на општината е во едно од населените места кои се во нејзин состав. Актуелните општини се утврдени во 2004 година.

Град Скопје Подрачје на Градот Скопје претставува градското подрачје утврдено со закон. Граница на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, се границите на општините во градот Скопје во делот што се граничат со соседните општини или се поклопуваат со државната граница на Република Македонија. Седиштето на општините во градот Скопје е во градот Скопје.

Општини

Грб Општина HASC ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина(км2) Население(2002)Регион Општински службени јазициАдресар на општините во Република Македонија Аеродром MK.ADMK-01 Јане Сандански (населба) 21,85 72.009Скопскимакедонски Арачиново MK.ARMK-02 Арачиново 38 11.597Скопскимакедонскиалбански Берово MK.BRMK-03 Берово 597 13.941Источенмакедонски 30px Битола MK.TLMK-04 Битола 790 95.385Пелагонискимакедонски Богданци MK.BGMK-05 Богданци 114 8.707Југоисточенмакедонски Боговиње MK.VJMK-06 Боговиње 141 28.997Полошкимакедонскиалбански Босилово MK.BSMK-07 Босилово 143 14.260Југоисточенмакедонски 30px Брвеница MK.BNMK-08 Брвеница 164 15.855Полошкимакедонскиалбански Бутел MK.BUMK-09 Бутел (населба) 60,79 36.154Скопскимакедонскиалбански Валандово MK.VAMK-10 Валандово 331 11.890Југоисточенмакедонски Василево MK.VLMK-11 Василево 231 12.122Југоисточенмакедонски Вевчани MK.VVMK-12 Вевчани 35 2.433Југозападенмакедонски Велес MK.VEMK-13 Велес 518 55.108Вардарскимакедонски 30px Виница MK.NIMK-14 Виница 432 19.938Источенмакедонски Врапчиште MK.VHMK-16 Врапчиште 157 25.399Полошкимакедонскиалбанскитурски Гази Баба MK.GBMK-17 Гази Баба (населба) 92 72.617Скопскимакедонски 30px Гевгелија MK.GVMK-18 Гевгелија 484 22.988Југоисточенмакедонски Гостивар MK.GTMK-19 Гостивар 375 81.042Полошкимакедонскиалбанскитурски 30px Градско MK.GRMK-20 Градско 291 3.760Вардарскимакедонски 30px Дебар MK.DBMK-21 Дебар 85 19.542Југозападенмакедонскиалбански Дебрца MK.DAMK-22 Белчишта 423 5.507Југозападенмакедонски Делчево MK.DLMK-23 Делчево 423 17.505Источенмакедонски Демир Капија MK.DKMK-24 Демир Капија 312 4.545Вардарскимакедонски Демир Хисар MK.DMMK-25 Демир Хисар 480 9.497Пелагонискимакедонски Дојран MK.SDMK-26 Стар Дојран 129 3.426Југоисточенмакедонски Долнени MK.DEMK-27 Долнени 418 13.568Пелагонискимакедонскиалбански Ѓорче Петров MK.GPMK-29 Ѓорче Петров (населба) 63 41.634Скопскимакедонски Желино MK.ZEMK-30 Желино 201 24.390Полошкимакедонскиалбански Зелениково MK.ZKMK-32 Зелениково 177 4.077Скопскимакедонскиалбански 30px Зрновци MK.ZRMK-33 Зрновци 52 3.264Источенмакедонски 30px Илинден MK.ILMK-34 Илинден (населба) 97 15.894Скопскимакедонски Јегуновце MK.JGMK-35 Јегуновце 174 10.790Полошкимакедонскиалбански 30px Кавадарци MK.AVMK-36 Кавадарци 998 38.741Вардарскимакедонски Карбинци MK.KBMK-37 Карбинци 231 4.012Источенмакедонски Карпош MK.KXMK-38 Карпош (населби) 21 59.666Скопскимакедонски 30px Кисела Вода MK.VDMK-39 Кисела Вода (населба) 43 57.236Скопскимакедонски Кичево MK.KHMK-40 Кичево 838 56.734Југозападенмакедонскиалбански Конче MK.KNMK-41 Конче 233 3.536Југоисточенмакедонски 30px Кочани MK.OCMK-42 Кочани 357 38.092Источенмакедонски Кратово MK.KYMK-43 Кратово 375 10.441Североисточенмакедонски Крива Паланка MK.KZMK-44 Крива Паланка 482 20.820Североисточенмакедонски Кривогаштани MK.KGMK-45 Кривогаштани 88 6.150Пелагонискимакедонски Крушево MK.KSMK-46 Крушево 190 9.684Пелагонискимакедонскиалбанскивлашки Куманово MK.UMMK-47 Куманово 432 105.484Североисточенмакедонскиалбански 30px Липково MK.LIMK-48 Липково 270 27.058Североисточенмакедонскиалбански Лозово MK.LOMK-49 Лозово 166 2.858Вардарскимакедонски Маврово и Ростуше MK.MRMK-50 Ростуше 856 8.618Полошкимакедонскитурски Македонска Каменица MK.MKMK-51 Македонска Каменица 189 8.110Источенмакедонски Македонски Брод MK.MDMK-52 Македонски Брод 875 7.141Југозападенмакедонски Могила MK.MGMK-53 Могила 255 6.710Пелагонискимакедонски Неготино MK.NGMK-54 Неготино 414 19.212Вардарскимакедонски Новаци MK.NVMK-55 Новаци 755 3.549Пелагонискимакедонски 30px Ново Село MK.NSMK-56 Ново Село 257 11.567Југоисточенмакедонски Охрид MK.ODMK-58 Охрид 392 55.749Југозападенмакедонски 30px Петровец MK.PEMK-59 Петровец 222 8.255Скопскимакедонскиалбански Пехчево MK.PHMK-60 Пехчево 208 5.517Источенмакедонски Пласница MK.PNMK-61 Пласница 54 4.545Југозападенмакедонскитурски Прилеп MK.PPMK-62 Прилеп 1.198 76.768Пелагонискимакедонски Пробиштип MK.PTMK-63 Пробиштип 326 16.193Источенмакедонски Радовиш MK.RVMK-64 Радовиш 502 28.244Југоисточенмакедонски Ранковце MK.RNMK-65 Ранковце 240 4.144Североисточенмакедонски Ресен MK.REMK-66 Ресен 549 16.825Пелагонискимакедонски Росоман MK.RMMK-67 Росоман 133 4.141Вардарскимакедонски Сарај MK.AJMK-68 Сарај (населба) 230 35.408Скопскимакедонскиалбански Свети Николе MK.SLMK-69 Свети Николе 483 18.497Вардарскимакедонски Сопиште MK.SSMK-70 Сопиште 223 5.656Скопскимакедонскиалбански Старо Нагоричане MK.NAMK-71 Старо Нагоричане 515 4.840Североисточенмакедонскисрпски Струга MK.UGMK-72 Струга 469 63.376Југозападенмакедонскиалбански Струмица MK.RUMK-73 Струмица 311 54.676Југоисточенмакедонски 30px Студеничани MK.SUMK-74 Студеничани 276 17.246Скопскимакедонскиалбански 30px Теарце MK.TRMK-75 Теарце 137 22.454Полошкимакедонскиалбански ‎ Тетово MK.ETMK-76 Тетово 262 86.580Полошкимакедонскиалбански Центар MK.CEMK-77 Центар (населба) 9 45.412Скопскимакедонски Центар Жупа MK.CZMK-78 Центар Жупа 107 6.519Југозападенмакедонскитурски Чаир MK.CIMK-79 Чаир (населба) 53 64.773Скопскимакедонскиалбански 30px Чашка MK.CAMK-80 Чашка 727 7.673Вардарскимакедонскиалбански Чешиново-Облешево MK.CHMK-81 Облешево 133 7.490Источенмакедонски Чучер-Сандево MK.CSMK-82 Чучер-Сандево 215 8.493Скопскимакедонскиалбанскисрпски Штип MK.ST MK-83 Штип 583 47.796Источенмакедонски Шуто Оризари MK.SOMK-84 Шуто Оризари (населба) 6 22.017Скопскимакедонскиромски

Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):

Грб Општина HASC ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина(км2) Население(2002)Регион Општински службени јазици Вранештица MK.VCMK-15 Вранештица 109 1.322Југозападенмакедонскитурски Другово MK.DRMK-28 Другово 383 3.249Југозападенмакедонски Зајас MK.ZAMK-31 Зајас 161 11.605Југозападенмакедонскиалбански Осломеј MK.OSMK-57 Осломеј 137 10.420Југозападенмакедонскиалбански

Статистички региони

Регионите на Македонија се усвоени во Собранието на Македонија на 29 септември 2009 година. Официјално, Македонија е поделена на осум плански региони, кои служат за статистички, економски и административни цели. Покрај регионите, првостепена административна поделба на Македонија се општините.

регион население (2012)густина на км2 153.659 38,0 178.814 50,6 220.840 66,1 173.187 63,2 232.959 49,4 317.003 131,2 175.442 75,9 609.140 336,0

thumb|center|250px|Регионите на Македонија.

Најголем регион по површина е пелагонискиот, кој има и најмногу населени места, околу 343, но се одликува со мала густина на населеност од 50 жители на километар квадратен, додека најмалиот регион, скопскиот има изразито густа населеност од 319 жители на километар квадратен и апсорбира повеќе од една четвртина од вкупното население во Македонија. Руралните општини се доста застапени речиси во сите региони, меѓутоа најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри, што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите.

Населени места Населеното место може да биде во состав само на една општина. Под поимот населени места се подразбираат градовите, селата и населбите. Секое населено место има име. На подрачјето на една општина, две или повеќе населени места, по правило, не можат да имаат исто име. Населеното место и неговата катастарска општина можат да бидат во состав само на една општина. Имињата на општините и населените места се утврдуваат со закон и можат да се изменат само со закон.

Град

Град, во смисла на административната поделба на Република Македонија, согласно закон, е населено место кое има повеќе од 3.000 жители; има развиена структура на дејности, а над 51% од вработените се вон примарните дејности; има изградена урбана физиономија со зони за домување, стопанство, рекреација и јавно зеленило, плоштад, изграден систем на улици и комунални служби и претставува функционално средиште на населените места во опкружувањето. Граница на град, како се утврдува со генерален урбанистички план.

Село Село, во смисла на административната поделба на Република Македонија, согласно закон, е населено место со еднофункционално значење во кое преовладува една дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција. Граница на село, како населено место, се утврдува со урбанистички план за населеното место.

Историја мини|Решение за поделба на Македонија по области, односно на: Скопска, Битолска и Штипска област. Шеста седница на Президиумот на АСНОМ (21.10.1944) мини|Бројност на жители во Македонија по региони. (11.01.1945)

1944 Македонија е поделена на следните четири области: Скопска, Битолска, Штипска и Кичевско-дебарска (укината некој месец подоцна). Областите натака се делат на околии и општини. Извор: „Службен весник на федерална единица Македонија“, 1944/ февруари - април 1945

1945 Македонија е поделена на 7 окрузи. Секој округ е поделен на околии.

22 јануари 1945

Скопски округ со 5 околии: Скопје (град), Скопје (околија), Тетово, Гостивар и Ростуша. Кумановски округ со 3околии: Куманово, Кратово и Крива Паланка. Штипски округ со 4 околии: Штип, Кочани, Царево Село и Радовиш. Струмички округ со 4 околии: Струмица, Берово, Валандово и Гевгелија. Велешки округ со 5 околии: Велес, Свети Николе, Неготино и Кавадарци. Битолски округ со 6 околии: Битола, Прилеп, Брод, Крушево, Кичево и Ресен. Охридски округ со 3 околии: Охрид, Струга и Дебар.

30 август 1945

Град Скопје. Скопски округ со 8 околии: Скопје (околија), Тетово, Гостивар, Ростуша, Дебар, Куманово, Кратово и Крива Паланка. Штипски округ со 8 околии: Штип, Кочани, Царево Село, Радовиш, Струмица, Берово, Валандово и Гевгелија. Велешки округ со 5 околии: Велес, Свети Николе, Неготино и Кавадарци. Битолски округ со 8 околии: Битола, Прилеп, Брод, Крушево, Кичево, Ресен, Охрид и Струга.

21 ноември 1945

Скопски округ со 9 околии: Кумановска, Козјачка, Криво Паланечка, Маџарска, Ѓорче Петровска, Драчевска, Теаречка, Тетовкса и Гостиварска. Штипски округ со 7 околии: Штипска, Кочанска, Кратовска, Царево Селска, Радовишка, Струмичка и Беровска. Велешки округ со 6 околии: Велешка, Свети Николска, Неготинска, Кавадаречка, Гевгелиска и Валандовска. Битолски округ со 8 околии: Битолска, Прилепска, Бродска, Крушевска, Кичевска, Ресенска, Охридска, Струшка, Демир Хисарска и Мориховската. Извор: „Службен весник на федерална единица Македонија“, 1944/ февруари - април 1945 ; 1 септември 1945; 27 ноември 1945

1947 - 1950 Народна Република Македонија била поделена на: подрачја градови и подрачја на административни околии. Околиите се поделени на градски народни одбори и реонски народни одбори.