Скорпија — едно од соѕвездијата од зодијакот, и како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Scorpio значи скорпија, а неговиот симбол е 15px. Се наоѓа меѓу соѕвездијата Вага на запад и Стрелец на исток. Ова е големо соѕвездие сместено а јужната полутопка блиску до центарот на галаксијата Млечен Пат.

Особености Ѕвезди Соѕвездието Скорпија содржи многу сјајни ѕвезди, меѓу кои Антарес (α Sco), β1 Sco (Графијас), δ Sco (Џуба), θ Sco (Sargas), λ Sco (Шаула), ν Sco (Џаба), ξ Sco (Графијас), π Sco (Iclil), σ Sco (Алнијат), τ Sco (исто така позната како Алнијат) и υ Sco (Лесат).

Митологија 250px|right|thumb|Дијаграмот кој ги поврзува сјајните ѕвезди од Скорпија, има форма на скорпија

Во старогрчката митологија, соѕвездието Скорпија понекогаш се идентификува со скорпијата која ја испратила божицата Хера (или Геа) за да го убие ловецот Орион. Соѕвездието Орион се наоѓа наспроти соѕвездието Скорпија на ноќното небо, што се смета за божествена вниматилност да не се повтори на небото смртното непријателство.

Скорпијата исто така се појавува и во една верзија на приказната за Фаетон, смртниот син на Хелиос, сонцето. Фаетон замолил да ја вози сончевата кочија на еден ден, но ја изгубил контролата. Коњите се исплашиле од небесната скорпија чии клешти биле спремни да нападнат, и кочијата диво летала низ небото.

Астрологија

Во западната астрологија знакот Скорпија е од 23 октомври до 21 ноември, а тоа се разликува од сидералниот зодијак, каде Скорпијата е од 16 ноември до 16 декември. Астрономски, сонцето минува низ Скорпија само за една недела, и тоа од 23 ноември до 30 ноември.

Надворешни врски

Фотографски водич низ соѕвездието: Скорпија Скорпија

Наводи

Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.

Скорпија Скорпија Скорпија Скорпија