thumb|220px|Споменик на Свештарот во Струмица Јосиф Јосифовски - Свештарот (, 2 август 1915 - с. Кленоец, Кичевско, 6 октомври 1943) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој.
Животопис Јосиф Јосифовски е роден во Гевгелија на 2 август 1915 година, во сиромашно семејство. Како стипендист се школувал во Крагуевац, Шумадија,„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 151 а потоа студиите ги продолжил на правниот факултет во Белград. Учествувал во сите демонстрации, протести и акции во Белград што ги организирале студентите, поради што бил апсен.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 152 Станал член на КПЈ во 1938 година.
По завршување на студиите, не можејќи да најде работа во родниот град, Јосиф Јосифовски заминал во Струмица во 1940 година, каде се вработил како адвокатски приправник.
Учество во НОБ Неколку месеци по окупацијата, во септември 1941 година бил испратен во Ресенската околија како инструктор на ПК на КПЈ за Македонија. Негова задача била да помогне во кревањето на вооружено востание во тој регион, каде бил уапсен од страна на италијанската полиција.
На 6 јули 1942 година на планината Бигла бил формиран партизанскиот одред „Даме Груев“, а Јосифовски бил поставен за политички комесар. Потоа бил наименуван за политички комесар на баталјонот „Мирче Ацев“, а во септември 1943 година, политички комесар на Втората оперативна зона во Македонија.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 153
Загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките и германските сили, штитејќи ја слободната територија во Западна Македонија. Заедно со него во оваа борба загинaле повеќе од 70 партизани.
За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 155
Наводи
Литература Симпозиум „Животот и делото на народниот херој Јосиф Јосифовски“, Стар Дојран, 1985. Владимир Кратов, Светозар Наумоски, „Јосиф Јосифовски-Свештарот Ѓорче: живот и дело“, „Наша книга“, Скопје, 1985.
Категорија:Луѓе од Гевгелија Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Родени во 1914 година