Иван IV Василевич (руски: Ива́н Четвёртый, Васи́льевич), познат како Иван Грозни (руски: Ива́н Гро́зный) (роден на 25 август 1530 во Москва – починал на 28 март 1584 во Москва) бил голем кнез на Москва од 1533. Епитетот „Грозни“ повеќе се однесувал на моќта, силата и строгоста, отколку на лошотија, грдотија или суровост. За време на неговото владеење посебно до израз дошле царскиот апсолутизам и централизација на земјата во која дотогаш големо значење имале угледните семејства. Со тоа ја започнал преобразбата на Русија во голема сила. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година.

Рани години

Иван Василјевич бил прв син на Василиј III и неговата втора жена, Елена Глинскаја. Мајката на Василиј, Софија Палеологина, била византиска принцеза и член на династијата на Палеолозите. Таа била ќерка на Тома Палеолог, помладиот брат на последниот византиски император, Константин XI Палеолог (). Мајката на Елена била српска принцеза, а семејството на нејзиниот татко, Глински, тврдело дека потекнуваат од православното унгарско благородништво и монголскиот владетел Мамај (1335–1380).Maureen Perrie & Andrei Pavlov, Ivan the Terrible, Routledge (2014), p. 26Francis Carr, Ivan the Terrible, David & Charles Publishers (1981), p. 61Walter G. Moss, A History of Russia : To 1917, Volume 1, Anthem Press (2003), p. 130 Роден на 25 август, го добил имета Иван во чест на Св. Јован Крстител, чиј празник се слави на 29 август.

Кога Василиј имал три години, починал неговиот татко. Претенденти на престолот, покрај младиот Иван, биле и помладите браќа на Василиј. Од шесте синови на Иван III, останале само двајца: Андреј и Јуриј. Иван бил прогласен се велик кнез по барање на неговиот татко. Неговата мајка Елена Глинскаја првично владеела како регент, но починала во 1538,Martin, p. 331Pushkareva, N. (1997) Women in Russian History. M.E. Sharpe. pp. 65–67. . кога Иван имал само осум години; а многумина веруваат дека била отруена. Регенството потоа наизменично се менувало помеѓу неколку болјарски фамилии кои се бореле за контрола.

На 16 јануари 1547, на возраст од 16 години, Иван бил крунисан во храмот на Успението Богородично во Московскиот кремљ. Тој бил првиот руски монарх кој бил крунисан за цар на цела Русија. До тогаш, московските владетели биле крунисувани како велики кнезови, но Иван III ја презел титулата суверен на цела Русија и ја користел титулата цар во неговата кореспонденција со другите монарси. Две недели по крунисувањето, Иван се оженил со својата прва жена, Анастасија Романовна, која припаѓала на фамилијата Романови, која станала прва руска царица.

Со крунисувањето за цар, Иван испраќал порака до светот и до Русија дека сега е единствениот врховен владетел на земјата и дека неговата волја не треба да биде доведена во прашање.

Домашна политика 1560-те ѝ донеле на Русија тешкотии што влијаеле врз драматичните промени во политиката на Иван Грозни. Русија била уништена од суша, глад, неуспешни војни против Полско-литванската држава, татарските инвазии и блокадата за поморска трговија спроведена од Швеѓаните, Полјаците и Ханзеатската лига. Неговата прва жена, Анастасија Романовна, починала во 1560, за што се сомневало дека е поради труење. Личната трагедија длабоко го повредила Иван и се смета дека влијаела врз неговата личност, ако не и врз менталното здравје. Во исто време оден од неговите советници, кнезот Андреј Курбски, пребегнал кај Литванците, презел команда над литвански трупи и го уништил рускиот регион на Великије Луки. Оваа серија на предавнички дела го направиле Иван параноично да се сомнева во благородништвото.

На 3 декември 1564 Иван ја напуштил Москва и заминал за Александрова Слобода, од каде што испратил две писма во кои ја најавил својата абдикација поради наводно предавство од страна на аристократијата и свештенството. Болјарите не можеле да донесуваат одлуки во отсуство на Иван и се плашеле од гневот на московските граѓани. Болјарски пратеник бил испратен за Александрова Слобода за да го моли Иван да се врати на престолот.Madariaga, pp. 176–178Pavlov, Andrei and Perrie, Maureen (2003) Ivan the Terrible (Profiles in Power). Harlow, UK: Longman. pp. 112–113. . Иван се согласил да се врати под услов да му биде доделена апсолутна власт. Тој барал право да ги осудува и погубува предавниците и да ги конфискува нивните имоти без мешање на болјарската дума и црквата. Иван издал декрет за создавање на .Madariaga, pp. 179–80

Предци

Наводи

Категорија:Руски цареви Категорија:Монарси на Московското Кнежевство Категорија:Династија Рурикович Категорија:Руриковичи Категорија:Православни монарси Категорија:Луѓе од Москва Категорија:Европски монарси од 16 век Категорија:Починати во Москва Категорија:Родени во 1530 година Категорија:Починати во 1584 година Категорија:Основачи на градови