thumb|Шаховскиот турнир во Вајк ан Зе 2017 Шаховскиот турнир во Вајк ан Зе — еден од најсилните шаховски турнири. Се одржува секоја година, најчесто во јануари, од 1937 (со исклучок во 1945, кога не е одржан). До 1967, турнирот се одржувал во градот Бевервијк, Холандија, а од наредната 1968 во Вајк ан Зе.
Од 1946 година, турнирот официјално се именувал како „Турнир Хоговенс“ (холандски: Hoogovenstoernooi) по името на компанијата-спонзор, холандскиот металуршки концерн „Хоговенс“. Во 1999 година, компанијата се обедини со компанијата British Steel, при што се создаде новата компанија Corus Group, па со оглед на тоа што новосоздадената компанија продолжи да го поддржува турнирот, турнирот се нарекуваше „Турнир Корус“ (англиски: Corus Chess). Во 2011 година, турнирот повторно го променил официјалното име во „Турнир Тата стил“ по името на индиската компанија Tata Steel, која во 2007 година ја презела групацијата Корус. Сепак, многумина неофицијално турнирот го нарекуваат според името на градот во кој се одржува.
На турнирот нучествувале многу познати шахисти, а од 1938 како победници се јавиле многу големи имиња во светот на шахот, како: Макс Еве, Бент Ларсен, Тигран Петросјан, Паул Керес, Ефим Гелер, Лајош Портиш, Борис Спаски, Михаил Ботвиник, Михаил Таљ, Виктор Корчној, Јан Тиман, Анатолиј Карпов, Владимикр Крамник, Гари Каспаров, Вишванартан Ананд и Веселин Топалов. Всушност, од светските шампиони по Втората светска војна, на оваа листа ги нема само имињата на Василиј Смислов и Боби Фишер. Во 2001, на турнирот учествуваа 9 од најдобрите 10 шахисти во светот.
Магнус Карлсен е шахистот со рекордни 8 победи на турнирот. Вишванатан Ананд победил 5 пати, а Макс Еве, Лајош Портиш, Виктор Корчној и Левон Аронјан победиле на турнирот по 4 пати.
Историја на турнирот Хоговенс Бевервијк
Првите неколку турнири биле мали, со 4 натпреварувачи во 1938, кои биле Холанѓани..
Првите 5 турнири биле исти, а турнирот се одржувал во почетокот на јануари.
Во 1943 и 1944, на турнирот учествувале 8 шахисти. Во 1945, турнирот не се одржал поради Втората светска војна. Првиот меѓународен турнир се одржал во 1946. Бројот на натпреварувачи изнесувал 10. На турнирот биле поканети Алберик ОќКели де Галвај (Белгија) и Госта Столц (Шведска), кои им се пруидружиле на осумтемина холандски шахисти. На турнирот настапувале 10 шахисти, сѐ до 1953, кога бројот пораснал на 12, а исто така бил одржан и турнир во женска конкуренција. Во 1954, бројот на натпреварувачи се вратил на 10, но моќта на шахистите буила неспорно поголема. Во 1963, учествувале 18 шахисти, а во 1964 16. Турнирот станал најсилниот шаховски турнир во светот.
Турнирот во 1946 бил еден од првите европски шаховски турнири по Втората светска војна. Храната претставувала проблем во Европа, па на турнирот се организирала причест на која се служела чорба од грашок. Ваквата причест продолжила и во наредните години, а останала традиција и по преместувањето на местото на настанот од Бевервијк во Вајк ан Зе.
Победници на турнирот „Турнир Хоговенс“ Бевервијк Година Победник Земја 1938 Фиип Бакер
1939 Николас Кортлевер
1940 Макс Еве
1941 Артур Вејнанс
1942 Макс Еве
1943 Арнолд ван ден Хук
1944 Тео ван Схелтига
1946 Алберик О'Кели де Голвеј
1947 Тео ван Схелтига
1948 Лудевијк Принс
1949 Савели Тартаковер
1950 Јан Хејн Донер
1951 Херман Пилник
1952 Макс Еве
1953 Николас Росолимо
1954 Ханс Боувмеестер Васја Пирц
1955 Борислав Милиќ
1956 Гидеон Шталберг
1957 Александар Матановиќ
1958 Макс Еве Јан Хејн Донер
1959 Фридрик Олафсон
1960 Бент Ларсен Тигран Петросјан
1961 Бент Ларсен Борислав Ивков
1962 Петар Трифуновиќ
1963 Јан Хејн Донер
1964 Паул керес Иво Неѕ
1965 Ефим Гелер Лајош Портиш
1966 Лав Полугаевски
1967 Борис Спаски
„Турнир Хоговенс“ Вајк ан Зе Година Победник Земја 1968 Виктор Корчној
1969 Михаил БотвиникЕфим Гелер
1970 Марк Таиманов
1971 Виктор Корчној
1972 Лајош портиш
1973 Михаи Таљ
1974 Волтер Браун
1975 Лајош Портиш
1976 Љубомир Љубоевиќ Фридрик Олафсон
1977 Ефим Гелер Генадиј Сосонко
1978 Лајош Портиш
1979 Лав Полугаевски
1980 Волтер Браун Јасер Сеираван
1981 Генадиј Сосонко Јан Тиман
1982 Џон Нан Јури Балашов
1983 Улф Андерсон
1984 Александар Бељавски Виктор Корчној
1985 Јан Тиман
1986 Најџел Шорт
1987 Најџел Шорт Виктор Корчној
1988 Анатолиј Карпов
1989 Вишванатан Ананд Предраг Николиќ Золтан Рибли Ѓула Сакс
1990 Џон Нан
1991 Џон Нан
1992 Валериј Салов Борис Гелфанд
1993 Анатолиј Карпов
1994 Предраг Николиќ
1995 Алексеј Дреев
1996 Василиј Иванчук
1997 Валериј Салов
1998 Владимир Крамник Вишванартан Ананд
1999 Гари Каспаров
„Турнир Корус“ Вајк ан Зе Година Победник Земја 2000 Гари Каспаров
2001 Гари Каспаров
2002 Евгени Бареев
2003 Вишванатан Ананд
2004 Вишванатан Ананд
2005 Петар Леко
2006 Веселин Топалов Вишванатан Ананд
2007 Веселин Топалов Левон Аронјан Тејмур Раџабов
2008 Магнус Карлсен Левон Аронјан
2009 Сергеј Карјакин
2010 Магнус Карлсен
„Турнир Тата стил“ Вајк ан Зе
Година Победник Земја 2011 Хикару Накамура
2012 Левон Аронјан
2013 Магнус Карлсен
2014 Левон Аронјан
2015 Магнус Карлсен
2016 Магнус Карлсен
2017 Весли Со
2018 Магнус Карлсен
2019 Магнус Карлсен
2020 Фабијано Каруана
2021 Јорден ван Форест
2022 Магнус Карлсен
2023 Аниш Гири
2024 Веј И
2025 Рамешбабу Прагнанандха
2026 Нодирбек Абдусаторов
Надворешни врски 20 видео-записи за шахот, партии од Шаховскиот турнир во Вајк ан Зе, 2007. Официјална веб-стѕраница на Шаховскиот турнир во Вајк ан Зе Список на сите победници од 1938 до 2007 и целосна табела од 1952 до 2007 Список на шаховски турнири
Категорија:Шаховски турнири