мини|десно|250п|Лазаров во игра Кирил „Кире“ Лазаров (роден на во Свети Николе) — македонски ракометен тренер на РК Алкалоид и поранешен ракометар, кој последен пат настапувал за француската екипа РК Нант, како и за Ракометната репрезентација на Македонија. Лазаров се наоѓа на првото место на списокот на најмногу постигнати голови во рамките на Лигата на шампиони во ракомет, со постигнати 1256 погодоци во 18 сезони, правејќи го еден од најдобрите ракометари во историјата.Idrizi, Amina. "Lazarov brothers battle at the top of Group B". EHF. 20 November 2015."WCh France 2017, Day 2: Macedonia edge Tunisia, Slovenia crush Angola as SEHA players combine for 29 ". SEHA League. 12 January 2017. Лазаров се наоѓа и на првото место во категоријата најмногу постигнати голови на едно Европско првенство, со 61 гола. Со екипата на Барселона ја има освоено Лигата на шампионите.

Дресот со бројот 7, односно цифрата што Лазаров ја има носено во македонската репрезентација и РК Загреб (како и варијации со бројот 17 во РК Нант), е поради југословенскиот и хрватскиот кошаркар Тони Кукоч кој во Лазаровото детство оставил голем белег како успешен спортист.

Лазаров е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои и Спортист на Македонија за 2009, 2014, 2017, 2018 година. Добитник е и на два национални медали за заслуги од претседателот на Македонија Бранко Црвенковски (2009 година) и од претседателот Ѓорѓе Иванов (2011 година), а е прогласен и за Спортски Амбасадор на Македонија.

Клупска кариера Домашна кариера

Лазаров започнал да тренира ракомет уште од најмлади години. На 13 години настапувал во младинската екипа на РК Овче Поле каде тренер му бил неговиот татко и Јанев како тренерски тандем. Неговите квалитети ги демонстрирал на позицијата десно крило, на која играл во првите години од неговата кариера. Во својот матичен клуб се задржал до 1994 година, кога поминал во редовите на РК Борец од Велес, во годината кога овој клуб станал национален првак. По три поминати сезони во младинскиот клуб на Борец, Лазаров потпишал со РК Пелистер од Битола во 1997 година, каде за првпат дебитирал во најсилната македонска лига. Со РК Пелистер станал шампион на Македонија во сезоните 1997-1998 и 1999-2000, го освоил Купот на Македонија во сезоните 1998 и 1999. Лазаров со екипата на Пелистер дебитирал на европските натпреварувања.

Меѓународна кариера

Во јуни 2000 година, Лазаров ја започнал својата меѓународна кариера во хрватски Бадел 1862 Загреб.. Овде се задржал до 2002 година, и во сезоната 2000-2001 станал шампион на Хрватска и освојувач на Националниот Куп на Хрватска.

Во периодот од 2002 до 2007 година, Кире Лазаров настапувал за екипата на РК Веспрем од Унгарија. Со Веспрем станал пет пати шампион на Унгарија и пет пати освојувач на Националниот Куп на Унгарија. За првпат во редовите на Веспрем постигнал добри резултати и на европско ниво. Така, на двапати со својот тим стигнал до полуфиналето на Лигата на шампионите во ракомет, и станал најдобар стрелец. Во 2006 година бил избран за спортист на Веспрем. Во периодот од 2007 до 2010 година, Лазаров повторно настапувал за РК Загреб, каде станал трипати шампион на Хрватска и трипати освојувач на Националниот Куп на Хрватска. Во сезоната 2007-2008 станал најдобар стрелец во Лигата на шампиони во ракомет со 96 постигнати погодоци„Л’Екип“: Кирил Лазаров е најдобар десен бек во Европа! ; преземено од МКД портал, а истото признание го добил и наредната 2008-2009, кога постигнал 93 погодоци. Во сезоната 2009-2010 од Лигата на шампионите, Лазаров постигнал 83 погодоци.

Во 2010 година, Лазаров потпишал за екипата на РК Атлетико Мадрид од Шпанија за сума од 125.000 евра.Лазаров во Сиудад Реал - Трансферот вреден 125.000 евра; преземено од ИдиВиди Со овој тим станал освојувач на ИХФ Супер глоб, трипати освојувач на Националниот Куп на Шпанија, еден пат освојувач на АСОБАЛ Купот. Во сезоната 2011-2012 станал втор најдобар стрелец во Лигата на шампиони во ракомет со 97 постигнати погодоци.

Во 2013 година, Лазаров преминал во „Барселона“, а во јануари 2015 година, медиумите во Хрватска објавиле дека годишната плата на Лазаров во „Барселона“ изнесува 450.000 евра, со што тој станал третиот најплатен ракометар во светот, по Домагој Дувњак и Никола Карабатиќ.„Кирил Лазаров во Барса игра за 450.000 евра од сезона“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20. Во февруари 2015 година, пред да му истече тековниот договор, Лазаров потпишал нов двегодишен договор со „Барселона“, со трајност до крајот на сезоната 2016/2017.„Лазаров потпиша нов двегодишен договор со Барселона“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22. Во првите две сезони поминати во „Барселона“, Лазаров бил најдобар стрелец на клубот во шпанската лига и во Лигата на шампионите. Со овој тим станал двапати освојувач на ИХФ Супер глоб, четири пати национален првак на Шпанија, четири пати освојувач на АСОБАЛ Купот и АСОБАЛ Суперкупот, двапати освојувач на Каталонскиот Суперкуп, како и освојувач на Лигата на шампионите. На крајот од сезоната 2014-2015, целиот тим на „Барселона“ добил место во идеалниот тим на шпанската лига „АСОБАЛ“, а Лазаров бил прогласен за најдобар десен бек во лигата.„Лазаров во идеалниот тим на АСОБАЛ за минатата сезона“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 22. Регионалниот ракометен портал „Балкан хендбол“ го прогласил Кире Лазаров за најдобар ракометар од овие простори во сезоната 2014-2015. Притоа, Лазаров освоил 29 гласа, со што за еден глас го победил Момир Илиќ, кој бил прогласен за најдобар во 2014 година.„Кирил Лазаров најдобар на екс ју-просторите “, Дневник, година XIX, број 5800, 26 јуни 2015, стр. 24.

Во 2017 година Лазаров потпишал двегодишен договор со РК Нант, а по една помината сезона, договорот го продолжил до 2021 годинаhttps://sportmanija.mk/ofitsijalno-kiril-lazarov-potpisha-nov-dogovor-so-nant/.со екипата на Нант станал својувач на „Трофејот на шампионите". мини|десно|250п|Лазаров во дресот на Барселона Статистика Податоците се однесуваат само на постигнатите голови во рамките на европските турнири, како: ЕХФ Куп, Куп на победниците на куповите, Лига на шампиони Клуб Сезона Лига Натпревари Голови РК Пелистер 1997-1998ЕХФ Куп //1998-1999ЕХФ Куп 141999-2000Куп на победниците на куповите // РК Бадел 1862 - Загреб 2000-2001Лига на шампиони // РК Фотекс Веспрем 2002-2003Лига на шампиони //2003-2004Лига на шампиони 6392004-2005Лига на шампиони 10762005-2006Лига на шампиони 12852006-2007Лига на шампиони 1082 РК Кроација Осигурање - Загреб 2007-2008Лига на шампиони 12962008-2009Лига на шампиони 12932009-2010Лига на шампиони 1283 РК Ал Сад 2010/// РК Реновалија Сиудад Реал 2010-2011Лига на шампиони 1374 БМ Атлетико Мадрид 2011-2012Лига на шампиони 15972012-2013Лига на шампиони 1269 РК Барселона 2013-2014Лига на шампиони 16802014-2015Лига на шампиони 161062015-2016Лига на шампиони 161092016-2017Лига на шампиони 1885 РК Нант 2017-2018Лига на шампиони 15532018-2019Лига на шампиони 11752019-2020Лига на шампиони /10

Податоците се однесуваат на локалните првенства

Сезона Клуб Лига Натпревари Голови 7-метри Голови 2011-12 Атлетико Мадрид LIGA ASOBAL 30 156 34 122 2012-13 Атлетико Мадрид LIGA ASOBAL 29 156 42 114 2013-14 Барселона LIGA ASOBAL 30 131 32 99 2014/15 Барселона LIGA ASOBAL 27 120 25 95 2015/16 Барселона LIGA ASOBAL 25 147 70 77 2017/18 ГК Нант LNH division 1 20 87 33 54 2018/19 ГК Нант LNH division 1 10 39 3 36 2011-по н.в. Вкупно LIGA ASOBAL 141 710 203 507

Репрезентативна кариера мини|десно|250п|Лазаров на натпревар против Германија (2018)

Лазаров е капитен на Ракометната репрезентација на Македонија и игра на позицијата десен бек. Тој е најдобар стрелец во историјата на светските првенства во ракомет.

Младинска селекција

Лазаров на свои 14 години го направил своето деби за младинската репрезентација на Македонија, учествувајќи на Европското првенство во ракомет за млади во Израел во 1994 година. На Светското првенство за млади во 1997 година, кое се одржало во Турција, Македонија го освоила 12-тото место, а Лазаров бил дел од тимот. Лазаров учествувал и на Европското првенство за млади во 2000 година, кое се одржало во Грција, каде Македонија го освоила 9-тото место.

1999-2009

Кирил Лазаров за првпат бил повикан во сениорскиот тим на Македонија за Светското првенство во 1999 година кое се одржало во Египет, каде Македонија го освоила 18-тото место„Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21..

Светско првенство 2009 На 29 јануари 2009 година, Лазаров поставил нов рекорд на Светското првенство во ракомет што се одржало во Хрватска, со постигнати 92 погодоци,„И Нант во трка за Кирил Лазаров“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 21. со што го срушил рекордот од 1995 година, поставен од Кореанецот Кјунг-Шин Јуна на Светското првенство во ракомет во Исланд, со постигнати 86 голови.Кире Лазаров се запиша во ракометната историја ; преземено од On.net

Европско првенство 2012 На 27 јануари 2012 година, Лазаров поставил нов рекорд како најдобар стрелец: На Европското првенство во ракомет за мажи 2012 што се одржало во Србија, тој постигнал 61 погодок, со што го срушил рекордот од 2002 година, поставен од Исланѓанецот Олафур Стефансон и Швеѓанецот Штефан Ловгрен на Европското првенство во Шведска од 57 погодоци.Лазаров најдобар стрелец на Европските првенства ; преземено од tocka.com.mk

Европско првенство 2014 На отворањето на првенството, Македонија загубила од домаќинот Данска со 21-29 при што Лазаров постигнал седум голови, а два дена подоцна, на натпреварот против Чешка, кој завршил 24-24, тој повторно бил најдобар стрелец, со постигнати 12 голови, т.е. половина од вкупниот број голови за својата репрезентација. На овој натпревар, тој бил прогласен за најдобар ракометар во редовите на македонската репрезентација. На целото Европско првенство, Лазаров постигнал вкупно 38 голови во пет одиграни натпревари (на последниот меч против Шпанија, во рамките на втората групна фаза, Лазаров не настапил).„Лазаров го чува приматот најдобар стрелец“, Дневник, година XVIII, број 5367, петок, 17 јануари 2014, стр. 27.„Сигурдсон го симна Лазаров од престолот“, Дневник, година XVIII, број 5373, петок, 24 јануари 2014, стр. 26-27."

Светско првенство 2015 На Светското првенство, одржано во Катар, Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија, со постигнати 45 голови.

Европско првенство 2016 На Европското првенство, одржано во Полска, Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија, со постигнати 42 голови.

Светско првенство 2017 На Светското првенство, одржано во Франција, Лазаров бил најдобар стрелец, со постигнати 50 голови.

Европско првенство 2018 На Европското првенство, одржано во Хрватска, Лазаров се повредил на натпреварот со Шпанија.

Светско првенство 2019 На Светското првенство, одржано во Данска и Германија, Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија, со постигнати 48 голови.

Европско првенство 2020 На Европското првенство, одржано во Австрија, Норвешка и Шведска Лазаров бил најдобар стрелец за Македонија.

Статистика Податоците се однесуваат само на европските и светските првенства, но не и на квалификациите за пласман