thumb|250px|Скулптура на Душан Џамоња во Риека, Хрватска. thumb|left|Скулптура во Загреб. 250px|right|thumb|Споменик на револуцијата во Подгариќ, 1967.
Душан Џамоња ( на - , 14 јануари 2009) — хрватски вајар и автор на архитектурни проекти за музеи, споменици на културата, галерии, висококатници и џамии.
Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб во 1940-тите години, живеел и работел во Брисел, Врсар и Загреб. Првата изложба ја имал во 1954. година. Добитник е на многубројни признанија за својата работа.
Главно работел со бронза, железо, челик и алуминиум. Неговите монументални и главно апстрактни скулптури се изложувани на Плас Вандом во Париз, Праса де Комерсио во Лисабон, пред Палатата на правдата во Брисел и во Лондонскиот Риџентс парк.
За неговата меѓународна кариера особено значаен бил настапот на 30. Венецијанско биенале (1960. год.) кога бил номиниран за Големата награда на биеналето и со тоа го освоил вниманието на меѓународната критика.
Бил избран за член на Српската академија за науки и уметности во 1988 година, а во 2004 и на Хрватската академија за науки и уметности.
Надворешни врски Парк на скулптури на Душан Џамоња во Врсар
Категорија:Починати во 2009 година Категорија:Хрватски вајари Категорија:Македонски вајари Категорија:Југословенски вајари Категорија:Македонски Срби Категорија:Срби во Хрватска Категорија:Југословенски Срби Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет Категорија:Членови на Хрватската академија на науките и уметностите Категорија:Академици на САНУ Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“ Категорија:Модерни вајари