Инокентиј VIII (лат. Innocentius PP. VIII; 1432? - 25 јули 1492) — римски папа од 9 август 1484 до 25 јули 1492Сите папи досега: целосен список на The Guardian. Бил член на семејството чибо кое било во сродство со благородничкото џеновско семејство Дорија. Се школувал во Падова и Рим. Папата Павле II го назначил за епископ на Савон, а потоа и во кардинал. Бил избран за папа со помош на семејството дела Ровере.

Имал слично папство како и неговиот претходник. Се стремел да ја добие поддршката од благородничкото семејство Медичи, па својот син го оженил со ќерката на Лоренцо Медичи. Тој го назначил 14-годишниот син на Лоренцо Медичи за кардинал.

Во 1484, издал була, која причинила многу крвави дејства меѓу Христијаните во Европа.

Папата Инокентиј VIII наредил да се изгради дворецот Белведер.

Наводи

Категорија:Родени во 1432 година Категорија:Починати во 1492 година Категорија:Папи од ренесансата Категорија:Папи Категорија:Грчки папи Категорија:Италијански папи Категорија:Римокатолички христијани од Грција Категорија:Римокатолички христијани од Италија Категорија:Римокатолички епископи од 15 век Категорија:Луѓе од Џенова Категорија:Италијанци од 15 век Категорија:Погребани во базиликата „Свети Петар“