десно|мини|180п|Епинефринот (адреналин) претставува катехоламински хормон Хормоните се специјализирани хемиски стимулатори,кои се продуцираат од ендокрините клетки,ткива и органи (ендокрини жлезди).Тие се транспортираат до сите делови на телото преку крвотокот,но тие се ефективни само врз дадени целни клетки. Своето дејство,хормоните го покажуваат во многу мали количини.Во зависност од местото на дејствување,тие можат да бидат со општо дејство (хормон за раст-STH,инсулин,тироидни хормони) или конкретно дејство (TSH,ACTH).Според хемиската структура,има хормони со:
Белквинска структура-белковински (белковински) или пептидни (сите хормони,освен оние од надбубрежните,штитната и половите жлезди) Стероидна структура-стероидни (хормоните од кората на надбубрежните жлезди и од машките и женските полови жлезди) Аминокиселинска структура-деривати на аминокиселини (хормони од срцевината на надбубрежната жлезда и штитната жлезда).
Ослободувачки (рилизинг) хормони
Ослободувачките (рилизинг) хормони се синтетизираат од хипоталамусот и нивна задача е да ја регулираат функцијата на хипофизата.Тие се:
Хормон Целна жлезда Ефект Адренокортикотропин (ACTH) Надбубрежна жлезда Секреција на гликокортикоиди Фоликулостимулирачки хормон (FSH) Јајчници, тестиси Раст на репродуктивниот систем Соматотропен ослободувачки хормон (GHR) Црн дроб, масно ткиво Обезбедува раст; липиден & јаглехидратен метаболизам Тироиден ослободувачки хормон (TRH) Штитна жлезда Секреција на тироидни хормони
Хормони со белковинска структура
Тропни (стимулирачки) хормони Соматотропин или STH Тиреотропин или TSH Адренокортикотропин или ACTH Пролактин или LTH (лутеотропен хормон) Гонадотропни хормони Фоликуло-стимулирачки хормон или FSH Лутеинизирачки хормон или LH Меланотропин или MSH Вазопресин или ADH Окситоцин Инсулин Гликагон Паратхормон или PTH Мелатонин
Хормони со стероидна структура
Гликокортикоиди Кортизол Кортизон Кортикостерон Минералокортикоиди Алдостерон Андрогени хормони Тестостерон Естрогени хормони Естрадиол Естрон Естриол Прогестерон
Хормони со аминокиселинска структура
Тироксин Тријодтиронин Калцитонин Катехоламини Адреналин Норадреналин
Ткивни хормони
Ткивните хормони можат да дејствуваат на самото место каде се излачуваат или преку циркулацијата да дејствуваат на други ткива или органи (како и жлездените).Тие се:
Еритропоетин Хормони од тенко црево Атријален натриумуретичен пептид или ANP Плацентални хормони
Категорија:Хормони Категорија:Биохемија