Зазерци или Зазерско Езеро (грч. Λίμνη Ζάζαρη, Зазари) — езеро во Леринско, Егејска Македонија, Република Грција, дел од групата на Егејските езера.

Езерото се наоѓа на надморска височина од 602 метри, а површината му е околу 1,85 км2. Поврзано е со соседното Рудничко Езеро, што се наоѓа на 2 км јужно од него и во кое истекуваат неговите води. На неговиот југоисточен брег се наоѓа селото Свети Тодор (Черкезќој), денес на грчки Лимнохори („езерско село“). Најмногу вода добива од Зеленичка Река. лево|мини|308x308пкс|Карта на езерото Зазерци и Рудничко Езеро

Со Рудничко Езеро сочинуваат заеден екосистем, мошне богат на птици (повеќе од 150 видови), цицачи (12 видови), змии (7 видови), водоземци (7 видови), риби (8 видови), и 150 видови растенија. Поради таа причина се вклучени во мрежата Натура 2000.

Наводи

Надворешни врски Туристички информации за обете езера Хотел „Зазари“

Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Езера во Грција Категорија:Лерин (округ)