мини|Index Librorum Prohibitorum, 1564 Индекс на забранетата книга (лат.Index Librorum Prohibitorum) е збирка на публикации кои биле забранети според Римокатоличката црква. За првпат, збирката била издадена од страна на папата Павле IV во 1559. Тоа бил период на почетокот на контрареформацијата, а и збирката главно била насочена против делата на протестантските писатели. Подоцна, во збирката биле опфатени многу повеќе еретички и слободоумни дела. Нивното читање им било забрането на католичките верници. Во индексот на забранети книги биле и едни од Коперник, Кеплер и други познати научници, француски енциклопедисти, либерални политичари и други.

Последното 32 издание на збирката е издадено во 1948. Во него биле содржани околу 4.000 книги и записи за нешто што се сметало за еретичко, неморално, што содржи елементи на порнографија и е политички некоректно.

Надворешни врски

Целосен список на забранети книги, 32 издание, 1948 Извесни автори, наведени во списокот «Index of Prohibited Books» Католичка енциклопедија, 1913

Категорија:Историја на Римокатоличката црква Категорија:Антипротестанство Категорија:Контрареформација Категорија:Ватиканска библиотека Категорија:Римокатоличката црква во 16 век Категорија:Христијански текстови од 16 век