Дивата коза или безоарска коза (лат. Capra aegagrus) е широко распространет вид ка кози која живее од Европа и Мала Азија, па до средна Азија и Блискиот Исток.

Друштвеност Во дивина козите живеат во стада до 500 единки. Мажјаците се самци. За време на парењето, постарите мажјаци ги бркаат помладите од мајчиното стадо. Бременоста просечно трае 170 дена. Женките обично раѓаат само по едно јаре. Јарињата можат да ја следат мајката речиси веднаш штом ќе се родат, а по 6 месеци престануваат да цицаат. Женките достигнуваат полова зрелост на возраст од 1.5-2.5 години, а мажјаците на 3.5-4 години. Животниот век на една коза трае 12 до 22 години.

Еколошки проблеми

Иако дивите кози во некои предели се автохтони, нивно донесување во други краишта може да биде многу погубна одлука. Дивите кози на Галапагос (поколенија на козите оставени од истражувачи) на големо јаделе ендемски растенија. Ова го нарушило екосистемот, и за истиот да се поправи тие морале да бидат истребени со ловење.

Подвидови Capra aegagrus aegagrus (Безоарски козорог) Capra aegagrus blythi (Синдски козорог) Capra aegagrus chialtanensis (Чилтански козорог) Capra aegagrus cretica (Кри-кри) Capra aegagrus hircus (Домашна коза) Capra aegagrus turcmenica (Туркменска дива коза) Capra aegagrus pictus

Живеалишта Авганистан Азербејџан Бангладеш Грузија Грција Ерменија Израел Индија Иран Ирак Италија Кашмир Кипар Либан Македонија Оман Пакистан Русија Сирија Словачка Туркменистан Турција

Наводи Наведена како ранлива (VU A2cde v2.3)

Надворешни врски Македонски Вита-Вет: Одгледување на кози . Содржи информации безоарската коза Странски Дивата коза на Црвената листа

Категорија:Кози Категорија:Фауна на Македонија