Кочани — град во источниот дел на Република Македонија со 24.632 жители, седиште на истоимената општина. Градот лежи во Кочанското Поле и е познат по кочанскиот ориз и геотермалната вода.

Географија Местоположба мини|220п|лево|Кочани во рамките на Општина Кочани. мини|220п|лево|Дел од Кочанската Котлина со поглед на Кочани на зајдисонце. Кочани е сместен на северната страна од Кочанска Котлина, на местото каде што Кочанска Река ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина. Сместен е на двата брега на реката, од исток заграден со Доклевски Рид (450 м.) и од запад со Локобија и Алењак (524 м.). Спрема југ е отворен и нема граница, бидејќи на таа страна е Кочанско Поле, додека на север е долгата и тесна клисура која постепено се затвора. Градот има јужна поставеност во однос на 2252 метри високите Осоговски Планини, а 8 км јужно од Кочани плодното Кочанско Поле завршува и почнува планината Плачковица. Кочани лежи на 350 до 450 метри надморска височина. Во близина на Кочани е познатото зимско туристичко средиште Пониква до кој води асфалтиран пат во одлична состојба, долг околу 20 км. Градот Кочани се наоѓа на 120 км оддалеченост од главниот град Скопје.

Кочани лежи на географска широчина од 41 степен и 55 минути (што значи дека е понајуг од Скопје), а на географска должина од 22 степени и 25 минути источно од Гринич.

Сообраќајна поврзаност мини|220п|лево|Железничка станица Кочани. Низ градот поминува магистралната сообраќајница M-5 која тргнува од Охрид, и преку Битола, Прилеп и Велес (70 км) се поврзува со Штип (30 км), а преку неа излегува на автопатот Е-75 (Скопје-Гевгелија), односно со оваа сообраќајница Кочани е поврзан со Централна и Западна Македонија. На исток овој патен правец продолжува кон Македонска Каменица (30 км), Делчево (55 км) и граничниот премин со Република Бугарија (65 км), односно Благоевград. На југоисток, кон Виница (10 км) води квалитетен пат чија траса продолжува кон Берово (60 км) На север, кон Осогово, од Кочани водат три патни правци; едниот по долината на Кочанска Река, до вештачкото езеро Гратче (6 км), а потоа по планински пат преку Јастребник до месноста Лопен; вториот преку селото Бели води до Пониква и понатаму по земјен пат до истата месност, од каде двата патни правца продолжуваат до Крива Паланка; третиот правец води преку Припор и Речани до подножјето на Царев Врв. На северозапад Кочани е поврзан со Пробиштип (36 км) и Кратово (48 км).

Исто така, во 1926 година, до Кочани е изградена железничка пруга која го поврзува со Штип, Велес и Скопје.

Во близина на врвот Пониква на Осогово, како проширување на самиот асфалтен пат, во средината на 70-те години е изградена и полетно-слетна патека во должина од околу 1.200 метри, чија првична намена била планирана за воени цели.

Населби и маала мини|170п|Средиштето на Кочани. мини|220п|десно|Поглед на поновиот западен дел на Кочани, населбата Текешински Лозја. Градот Кочани е поделено на повеќе населби и маала, кои освен по името, меѓусебно се разликуваат по својата местоположба, старост и урбанизиран развој. Меѓу населението познати се со следниве имиња: 14. Бригада Доклевец Бавчалук Бејрут Белско Маало Филтер Калиманова Глава Крушарско Маало Недопирливите Сиви Дом Стришани Текешински Лозја Турско Маало Усова Чешма Циганско Маало Драчевик Трајаново Трло Егејско Маало Влашко Маало

Клима Климата во Кочани во голема мера зависи од положбата на градот, како и од конфигурацијата на теренот. Таа се одликува со релативно високи температури и малку врнежи. Просечната годишна температура изнесува околу 13,5о С, што значи дека е иста со онаа во Струмица, а повисока од онаа во Скопје или Прилеп. Годишната температурна разлика во Кочани е доста голема и таа изнесува 22,4о С. Се јавуваат крајно високи и ниски температури. Така на 22 август 1952 година, е забележана температура од 56,5 Целзиусови степени, а на 26 јануари 1963 година, живата во топломерот се спуштила на - 35,6 оС.

Природни ресурси Кочанската Котлина е најголем термален басен на води со високи температури на Балканскиот Полуостров. Во него досега се направени 18 дупнатини од кои 14 се самоизливни, а водоносните хоризонти се јавуваат на длабочина од 86 до 1096 метри, со штедрост од 2,2 до 350 л/сек и температура од 50 до 80о С.

Термални изворишта се јавуваат кај селата Долни Подлог и Бања, при што кај Долни Подлог се користат две дупнатини длабоки 35 и 460 метри, со штедрост од 300 л/сек и просечна температура од 78о С. Во селото Бања има самоизливни термални води со штедрост од 30 л/сек и температура од 63о С.

Потекло на името

мини|лево|Фонтана во Кочани која го симболизира оризот

Научно толкување Името на населбата Кочани првпат во пишана форма како е забележано во 1337 година во грамота што на црквата Св. Димитриј ѝ ја издал деспотот Јован Оливер, кој во тоа време управувал со поголем број од населбите во источниот дел на денешна Македонија.

Во документот меѓу другото стои:

......

Според изданието „Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница“ од Олга Иванова, името произлегува од што е множина од зборот , придавка од по првата палатализација), споредба со грчки κόκκος ´1. зрно, семе, жито 2. јагодест плод; смоква´Олга Иванова, Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница, Скопје: 1996. 778 стр., Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков" може да се заклучи дека името потекнува од множинската форма за зрно од жито, а во овој случај се работи за оризовите зрна по кои регионот е најпознат.

Легенди Многу одамна, на печалба во Кина бил еден човек по име Кочо. Работел што работел, по долги години решил да се врати во родниот крај. Бидејќи во Кина оризот бил основна храна, на заминување решил со себе да понесе и ориз со надеж дека оваа земјоделска култура ќе успее во неговиот крај. Со себе понел мала количина од ова бело злато со цел лесно и без проблеми да го пренесе од царство во царство. При влегувањето во царството во кое се наоѓало и неговото родно место наишол на проблеми: оризот бил забранет за внесување во каков било облик. Сепак, Кочо не сакал да се откаже од намерата да го внесе оризот. Се мислел и на крајот се сетил. Дознал дека гуските како трговска стока не биле забранети за внесување. Купил гуски, им го дал оризот да го изедат, а потоа ги заклал. По влегувањето ги очистил и од нив го извадил оризот. Така Кочо го пренел оризот од Кина, започнал да го произведува, со што му дал нов белег и култура на овој крај, а според неговото име, местото каде што започнал да се одгледува оризот – го добило името Кочани.Публикација „Оризопроизводството низ фотографии“, Национална установа Центар за култура “Бели мугри“ - Кочани, октомври 2009

Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ издадена во 1896 година, запишал едно друго предание и легенда за настанокот и потеклото на името на градот Кочани. Имено, градот Кочани некогаш бил погоре по реката на местото на село Гратче, а местото на сегашното Кочани било блато и по него паселе цели стада свињи.Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.625 Тука биле „кочините“ (места во кои ги затвораат свињите) на граѓаните од кое што и новооснованиот град бил наречен Кочани. Во некој бој, жителите на градот биле исклани и се пролеала толку крв што од неа се образувала бразда во која се удавил еден јунец. После битката, градот бил преместен кај кочините и бил наречен Кочани.

Историја Антика Како и за други населби во Македонија, и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, раширени меѓу населението, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на Кочанска Река. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, античка и средновековна римска керамика, питоси и сл.) се пронајдени на наоѓалиштето Долно Градиште во реонот на селото Долно Гратче. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. Во градот и неговата околина се откриени повеќе наоѓалишта од железното време, меѓу кои извесни истражувања се вршени на наоѓалиштата Текешински Лозја, Барутница и Алењак. Исто така, направени се сондажните истражувања на наоѓалиштето Лукобија каде е откриена некропола од римскиот период, односно II-III век, во која се пронајдени предмети од керамика и друг движен материјал, како и остатоци од бедем што упатува на постоење на тврдина или заштитен бедем на некој град или пак населено место.

Археолошкиот материјал, откриен на левиот брег на Кочанска Река во реонот на денешниот град, укажува дека овој простор бил населен уште во најстари времиња. Тоа води кон заклучок дека ова населено место израснало од некогашната станица Транупара, која според Појтингерова табла (Tabula Peutingeriana - карта на Римската Империја и пошироко од IV век) се наоѓала на околу 30 милји од градот Астибо.

Среден век мини|200п|Западната кула, градена во втората половина на XVII век, а имала станбено-одбранбена функција. 200п|мини|Источната кула. За првпат во пишан документ, Кочани (изворно: Кочъни) e спомеnato во 1377 година во една грамота, во која деспотот Јован Оливер му ја доделил црквата „Св. Димитрија“ на градот. Ако се искористат податоците што ги нуди грамотата на Јован Оливер, може да се утврди дека Кочани, како населба под тоа име, постоело многу порано од 1337 година бидејќи тој не ја подигнал црквата. Таа постоела и имала поголем неподвижен имот во кој спаѓало и селото Јастребница (денешно Јастребник). По Јован Оливер, овде завладеал феудалецот Константин Дејанов, а потоа градот потпаднал под бласта на Османлиите.

Според пишувањата на османлискиот патописец Евлија Челебија, на пописот од 1519 година, Кочани било село со едно муслиманско и 54 христијански семејства и 12 неженети христијани.(Tapu defteri 169, 170) Состојбата претежно не се изменила ни во наредните децении. Во пописот од 1573 година е забележано дека сè уште преовладувало христијанското население (50 семејства и 50 неженети), бидејќи и во таа година само едно семејство било муслиманско.(Tapu defteri 85, 446-447) Како населено место, Кочани плаќало пазарна такса која во истата година изнесувала 2.201 акчиња (османлиска валута од тоа време).(Tapu defteri 437) Интересно е дека едно од двете кочански маала во тој период го носело името Самоков, веројатно по самоковот кој тука работел и на феудалецот му носел годишна рента од 60 акчиња. Според Челебија, во 1660 година, Кочани брои 600 куќи, покриени со трска и ќерамиди и мала чаршија, составена од 15 дуќани. Имало една џамија, месџит, мала управна зграда (уќумат)...Во касабата повеќе живеело христијанско население, а муслимански куќи, имало само десет. Куќите на познатите браќа Ќазим-бег и Мехмед-бег биле вистински дворци кои служеле како конаци за патниците.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.37 Во тој период во Кочани живееле околу 3.000 жители, исто колку и Куманово, на пример. Од овој период потекнуваат и двете, постојни, средновековни кули во градот, од кои едната е обновена и во неа се наоѓа мала музејска збирка. Според едно предание од 1870 година, Кочани и неговата околина се зафатени од чума. По оваа епидемија, населението во градот двојно се намалил, па во градот останале само 300 куќи. Во тоа време, од страна на османлиските власти биле колонизирани поголем број муслимански семејства од Мала Азија. Новодојдените жители од Ориентот главно го населиле средниот дел од градот, во којшто претходно имало изградено џамија, додека македонското христијанско население живеело во јужниот дел од населбата. Во почетокот на 19 век во градот се забележува извесен напредок во поглед на просветата и културата. Затоа, многу рано, уште во 1816 година во Кочани се споменува училиште во кое учителствувал јеромонахот Антоние.