мини|десно|250п|Макета на малтешка воена галија од XVI век мини|десно|250п|Француска галија и холандски men-of-war во близина на пристаниште, Абрахам Вилертс, XVII век Галија — древен вид на брод што користел веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на веслата потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале весла и јарболи, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Галиите се користеле уште од поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Тие биле употребувани во војните што ги воделе Древна Персија, Македонија, Картагина и Рим, сè до XIV век. По пропаѓањето на Римското Царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското Царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземни држави, забележително италијанските приморски републики, меѓу кои и Венецијанската Република, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сè додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сè додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машина, кога целосно биле исфрлени од употреба.

Историја Стара Грција и Средоземјето Првите галии мини|десно|220п|Реконструкција на старогрчки галии Галиите пловеле по Средоземното Море од околу 3000 години пр.н.е. Феникијците и Грците ги граделе и со нив пловеле по Средоземното Море, опремени со четириаголни едра. Првата воена галија опишана во Хомеровите дела и прикажана на цртежи имала еден ред веслачи од двете страни, што овозможувало поголема брзина на бродот.

Првите морнари имале малку навигациски помагала. Поголем број од античките и средновековните бродови пловеле покрај бреговите поради полесната навигација, можностите за трговија со локалните крајбрежни места, како и крајбрежните ветрови и струи коишто можеле да бидат искористени. За разлика од бродовите со едра, за галиите била важна пловидбата во близина на брегот, бидејќи често им биле потребни плитки делови за своите луѓе, а биле и изложени на голема опасност за време на невреме. За разлика од бродовите со едра, галиите можеле да пловат по малите заливи и плажи на пристаништата, да пловат по река, вода длабока само еден метар, па дури можеле да бидат пренесувани по копно за да може да бидат на располагање и при пловидбата по езерата. Тоа ги направило погодни за напади по копно. Во античко време најпознат пренос бил коринтскиот Диолк. Најдоцна до 429 пр.н.е. (Тукидид 2.56.2), а веројатно и порано (Херодот 6.48.2, 7.21.2, 7.97), галиите биле прилагодени за превоз на коњи, кои им давале коњаничка поддршка на трупите, кои исто така се возеле на галиите.

Компасот не се користел, сè до XIII век, а секстантот, октантот, поморските хронометри и математиката за одредување на географската должина и ширина се развиле многу подоцна. Античките морепловци се определувале по сонцето и ветровите. До 1 милениум пр.н.е. започнале да се користат и ѕвездите за ориентација преку ноќ. До 500 г.пр.н.е. се појавила звучната буква(Херодот 2.5).

Како што бродовите се приближувале до бреговите и пробивале низ архипелазите за да не ризикуваат низ отворено море, морале да бидат дизајнирани за такво управување. Масовното веслање овозможувало придвижување на бродот.

Пентеконтери

Развојот на носот од бродот околу 800 пр.н.е. ја променило природата на морските војувања, кое дотогаш се состоело од префрлање на противничкиот брод и борба човек на човек. Денешните многу поподвижни бродови можеле да ги направат побавните бродови бескорисни, продупчувајќи им ги страните. Не е потврдено дали победниците во поморските битки ги потопувале своите противници, бидејќи истиот грчки збор може да значи и „потопен“, но и „натопен“, а сочувани извори покажуваат дека победничките галии го влечеле поразениот брод по битката. Неколку археолошки остатоци од потопените бродови сугерираат дека победниците не ги потопувале поразените. Освен Атлитовиот бронзен нос,http://www.vizin.org/projects/athlit/html/athlit.htm Историја на клунот на галија единствени други делови од античките галии кои се сочувани се две пунски биери, најдени близу западна Сицилија(видете Basch & Frost & Frost). Се проценува дека овие пунски галии биле долги 35 m и широки 4,80 m со капацитет од 120 тони. Овие биери имаат доказ дека имале лесно кршлив нос, кој повеќе наликувал на асирски цртежи, отколку на Атлитовиот нос. Овој тип на нос можеби бил дизајниран за да го заштити бродот од можноста самиот да се оштети.

Галиите биле извлекувани од вода, кога тоа било можно за да се остават суви, лесни и брзи, слободни од црви и морски треви. Галиите обично преку зима останувале во бродските хангари, од кои останале археолошки остатоциhttp://www.zeaharbourproject.dk/3/3_09.htm Историја на воените бродови на мрежното место на Zea Harbour Project. Постојат докази дека труповите на пунските уништени бродови биле обложени со олово.

Градењето на галијата претставувало голем технички проблем. Брод кој патува со голема брзина троши значајна енергија. Колку е подолг бродот, толку може побрзо да плови, но технологијата на Средоземјето во античко време ја отежнувала изградбата на долги бродови. Низ процесот на обиди и грешки — галијата со еден ред на веслачи на обете страни го достигнала врвот на својот развој со појавата на пентеконтерот, кој бил долг 38 m и кој броел по 25 веслачи на обете страни. Историчарите веруваат дека ваквата галија можела да достигне брзина и до 9 јазли (18 км/ч), отприлика еден јазол побавно од модерните тркачки веслачки бродови. За да ја сочува силата подолго време, каблите биле врзувани од предниот до задниот дел на бродот; тоа осигурувало крутост без додатна маса. Оваа техника ги држела зглобовите на телото под притисок, затегнати и водоотпорни. Напнатоста кај модерните реплики триери дека каблите развиваат сила од 300 килоњутна (Морисон стр. 198).

Биреми и триери

мини|десно|220п|Асирски воен брод, биера со истакнат преден дел (700 пр.н.е.)

Околу VI и VII век пр.н.е. изгледот на галијата се променил. Бродоградителите, веројатно Феникијците (поморски народ кој живеел на јужниот брег на Средоземјето), додале и втор ред на веслачи над првиот и создале биера или биера (овие термини веројатно не се користеле во тоа време). Идејата била да се создаде поголема сила, а со тоа и поголема брзина, па подоцна бил додаден и трет ред, над биерата. Ваквите три реда на веслачи се познати под името trieres („три реда“) на старогрчки; Римјаните за ваквата поставеност на веслачите го користеле терминот triremis (на македонски триера). Потеклото на овие промени останало непознато; Тукидид го припишува откривањето на изградбата на бродови на Аменикле од Коринт околу 700 пр.н.е., додека некои го отфрлаат ова верување и сметаат дека дизајнот настанал во Феникија. Херодот (484-425 пр.н.е.), наведува на првата акција на триера. Тој споменува дека Поликрат, тиранин од Самос од 535 до 515 година пр.н.е. имал триера во својата флота.

Почетокот на V век пр.н.е., градовите-држави во Стара Грција и експанзионистичкото Персиско Царство, со кое владеел Дариј I (521 — 485 п.н.е.) и Ксеркс I (485 — 465 п.н.е.) дошле до судир.

Персијанците изнајмиле бродови од своите феникиски сатрапи. Атињаните победиле во првата битка на копно против најмоќната воена сила, во Маратонската битка (490 пр .н.е.), но виделе дека успесите против толку бројна војска не може да останат долгорочни. Кога стигнале вестите дека Ксеркс започнал да собира голема напаѓачка сила во Мала Азија, грчките градови ја зголемиле својата воена морнарица. Во 482 пр.н.е., атинскиот водач Темистокле ја започнал програмата за 200 триери. Проектот доживеал значаен успех, бидејќи се вели дека 150 атински триери се бореле во Битката на Саламин (480 пр.н.е.) и пресудиле за поразот на Ксерксовата морнарица.

Триерите се бореле во поморските битки за време на Пелопонеската војна (431 — 404 п.н.е.), вклучувајќи ја и Битката кај Егоспотами (405 пр.н.е.) во која Спарта со своите сојузници ѝ го нанела клучниот пораз на Атина.

Квинквереми и полиреми

За веслање на бродовите со кои се војувало за време на Пелопонеската војна бил потребна голема вештина, а немало ни приближно вешти веслачи, кои би ги снабдувале триерите во IV век пр.н.е.. Потрагата по дизајнот, со кој веслачите би можеле да ја користат силата на своите мускули довела, Дионисиј од Сиракуза (владеел 405-367 пр.н.е.) да ги надгради веслачките редови со уште еден, именуван како tetreres (квадриера), односно два, penteres (квинкверема).

Според современите историчари бројот кој се користел за именување на таквите големи галии, бил бројот на редови од веслачи од обете страни на бродот, а не бројот на веслачи. Поради тоа, квадриерите имале три можни дизајни: еден ред весла со четири веслачи, два реда весла со по двајца веслачи или три реда весла со по двајца веслачи кои ги повлекувале врвовите на веслата на сите страни. Веројатно постоеле галии во сите три дизајни. Учителите веруваат дека квинкверемите имале три редови весла со по два веслачи, кои ги влечеле веслата на секој крај.

мини|десно|220п|Сликовит приказ од Нимфајон на Крим од III век пр.н.е., на кој е претставена полирема со преден и заден дел на лаѓа Со промената на изгледот на галијата дошло и до зголемување на самоувереноста во тактиката со префрлање и користење на воените бродови како платформи за артилеријата. Во војните на дијадосите (322 — 281 п.н.е.), наследниците на кралството на Александар III Македонски граделе побрзи и поголеми галии. Македонија во 340 пр.н.е. градела сексиреми (најверојатно со по два веслачи на сите три реда весла), а 315 пр.н.е. септиреми кои биле користени во Битката кај Сламин на Кипар (306 пр.н.е.). Деметриј I Полиокрет (294 — 288 п.н.е.) водел поморска војна против Птоломеј I Сотир (323 — 283 п.н.е.), па во три случаи градел осмерци (okteres), деветерци, десетерци, дванесетерци и шеснаесетерци. Подоцна Птоломеите го продолжиле овој тренд на проширување, создавајќи дваесетерци и триесетерци, за време на владеењето на Проломеј IV и четириесетерец, долг над 120 m, кој веројатно служел како изложбен примерок. Според деталниот опис на четириесетерецот, бродот имал два предни и два задни дела, па тој опис со останатите докази довел до тоа дека станува збор за четириесетерец, а веројатно и дваесетерец и триесетерец биле конструирани со доволно простор меѓу труповите во кои веслачите би можеле да веслаат и од средината. Палубата над нив, простирајќи се на два трупа, можела да издржи неколку илјади луѓе.

Политичкото соединување на целото Средоземно Море во Римското Царство ја намалило потребата од воени бродови. До 79 година, римската морнарица веројатно немала ништо поголемо од квадриера, бидејќи Плиниј Постариот, командантот на флотата ја набљудувал ерупцијата на Везув од квадриера (Плиниј Помладиот 6,16), која веројатно била негов брод и најголема класа во целата флота. Последните споменувани триери се јавуваат кај Зосим (324), кога Константиновиот син Крисп го поразил Лициниј во битка кај Хелеспонт. Наводно 80 бродови со по 30 веслачи поразиле 200 триери (Морисон стр. 8 дава неточна година). Галиите со две низи на весла биле познати и во 9 и XII век, но континуитетот на развој во средниот век не можел да се пронајде. Кај бродовите во античкиот свет, веројатно вклучувајќи ги и галиите биле конструирани, најпрвин им бил конструиран внатрешниот дел, додека рамката била додавана подоцна. За разлика од нив, кај средновековните бродови, вклучувајќи ги и галиите, најпрвин била конструирана рамката.

Средновековие Технички опис