Симон Зилот (грчки: Σίμων ο Ζηλωτής) или Симон Кананец (грчки: Σίμων ό Κανανίτης), е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Во апостолксиот список кај Матеј (10,4) и Марко (3,18) www.biblegateway.com е наречен и Кананец, додека на двете места кај евангелист Лука се нарекува и Зилот (Лк 6,15; Дап 1,13), и тоа најчесто на десеттото место.

Роден е во Галилеја. На неговата свадба дошол Исус Христос со апостолите. Според Библијата, кога виното се потрошило, Исус Христос ја претворил водата во вино. Гледајќи го ова чудо, Симон ја напуштил својата куќа, заедно со неговата невеста и родители и заминал со Исус Христос, кој претходно го повикал. Самата додавка Зилот означува ревност, фанатичност а Симон така е наречен според неговата голема ревност кон Исус и неговото евангелие. По распнувањето на крст на Исус, Симон заминал за Мавританија во Африка каде го проповедал евангелието. Таму тој бил затворен, мачен и распнат на крст.

Наводи

Категорија:Апостоли Категорија:Ранохристијански маченици Категорија:Православни светци Категорија:Светци од Светата Земја Категорија:Римокатолички светци од Палестина Категорија:Коптски православни светци Категорија:Светци на Златната Легенда Категорија:Христијански маченици од 1 век Категорија:Англикански светци Категорија:Родени во непозната година Категорија:Светци од Новиот завет Категорија:Христијански светци од 1 век