Сашо Пижевски - Пиже (11 август 1964, Скопје - , Скопје) — македонски шоумен, пејач и угостител. Израснат во скопско Дебар Маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што живеел до смртта. Тој бил еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 1980-тите.
Заедно со Горан Атанасов - Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 1990-ти, позната по хитовите „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити се“ и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис - угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.
Пижевски беше исто така менаџер, директор, ко-сопственик и сопственик на повеќе кафулиња, ресторани, ноќни клубови и дискотеки. Меѓу позначајните се „Хавана клуб“ во Градскиот парк, дискотеката „Парк“ кај Градскиот стадион, како и француската пекарница „Boulangerie francaise“ во Градскиот трговски центар.
Во 2009 година, тој бил спомнуван околу повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит „Балада за мајка ти и татко ти“, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на кафе-барот Мајка ти и татко ти.
Сашо Пижевски починал ненадејно во Скопје на 17 мај 2022 година.Т., П.. „Почина скопскиот урбан лик Сашо Пижевски – Пиже“. Слободен Печат. 18 мај 2022.
Наводи
Надворешни врски Мрежно местото на групата Хавана клуб Хавана Бенд во Македонска Музичка Мрежа
Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Македонски угостители Категорија:Југословенски Македонци