Барит — минерал со слична орторомпска структура и слични хемиски својства. А(SO4) е формула каде што А може да биде олово или стронциум. Градбта на овие минерали е слична и истите формираат слични кристални форми.
Членови на баритната гупа на минерали се:
Барит (BaSO4, бариум сулфат) Хашемит (BaSO4 BaCrO4, бариум хромат сулфат) Целестит или целестин (SrSO4, стронциум сулфат) Англезит ( PbSO4, олово сулфат)
Барит
Баритот може да биде безбојен или бел, а може да се најде и во зелена и жолта нијанса. Составен е од бариум сулфат BaSO4. Спаѓа во класата на сулфати, а во групата на барити. Тврдина: 3-3,5 по Мосовата скала; Цепливост: идеална базална и призматична; Прекршување: школкесто; Густина: 4,3-4,6; Сјајност-стаклеста; Кристален систем-орторомпски; Трага: бела; Особини по кои се познава: кристалниот облик и густината; Придружуван од: халкопирит, пирит, калцит, кварц и железо.
Име и својства
Баритот своето име го добил од грчкиот збор „barys“ што значи тежок и густ. Хемискиот барит претставува сулфат на бариум — BaSO4, и истиот е инертен и нерастворлив. Чистиот барит е бел или безбоен по боја, но може да го обои минералот и во жолтеникави, зеленикави, синкави нијанси. Тој е мек 3-3,5 по Мосовата скала, не може да се изгребе со нокт, но не значи дека не може да се изгребе и со некој друг предмет
Кристална структура
Баритот може да се јави во три форми: нормални кристали, агрегатни кристали и во некристални форми. Баритните кристали се големи и сјајни. Најголем баритен кристал е пронајден со тежина од 45,5 кг.
Нормални кристали Баритните кристали најчесто се плочести иако се срекаваат и кристали во лушпеста форма и со иглично обликувани врвови. Ромпско холоедарски кристализираат, имаат остри иглести облици и мали призматични облици кои формираат аглести испакнувања на секоја страна. Надворешниот изглед им е сличен како кај дијамантот (сл. bр 2). Баритните кристали често се јавуваат во вид на цик-цак примероци и е резултат на рамнината на слабост кои се наогаат внатре во кристалната структура. Поради мекоста, неоштетените кристали се многу тешки за обработка, и може да биде несоодветен за јувелирска употреба
Агрегатни кристали Некристални форми Баритот се јавува во форма на груби, листетсти и зрнести маси а може и во форма на јазли. На сл бр. 4 се дадени примероци од некристална форма.
Генеза на баритни наогалишта Генетско оформување
Некои баритни наогалишта се оформиле на тој начин што хидротермалните флуиди кои извирале од морското дно преципитирале барит. Со оддалечувањето на изворот и со мешањето на морската вода-хидротермалниот флуид претрпел промени и сето тоа имало влијание на составот на хемиските седименти. Други се оформени со ерозија на хемиски седименти или од полузацврстени глини кои содржат барит.
Период на минерализација
Баритните наоѓалишта се среќаваат кај карпи настанати од Архаик до Мезозоик, но повеќе во оние од среден доцен Палеозоик. Баритните наогалишта може да достигнат дебелина од неколку метри па до повеќе од 50 метри, а страничното простирање може да биде повеќе квадратни километри. Како приджувани минерали на баритот се јавуваат повеќе и тоа: халкопирит, пирит, цинк, сребро, железо, никел свалерит кварц и други. Поважни типови на карпи што содржат барит се: карбонати и силикатни шкрилци, аргилити, доломити и варовници.
Најголем дел од баритот од слоевити седиментни карпи се формирале кога баритот се сталожил на океанското морско дно, а кај некои ги има кои се исталожиле од топлите подземни води. Има многу баритни наоѓалишта но некои се исплатливи а некои не. Како експлоататори на барит се: Кина, Индија, Романија и Велика Британија.
Баритот е чест минерал, тој е безбоен но може да биде зонски обоен со светлокафеави срцевини. Како придружни минерали можат да се најдат пирит, хематит и други.
Економски фактори Потребите на технолошкиот развој е битен дел за баритот што се појавува на пазрот да се добива како спореден производ од ископувањето на металите. Во последно време на баритатите без сулфиди им се дава предност од страна на производителите. Транспортните трошоци и содржината на земно- алакалните метали растворливи во вода и сулфиди се важни фактори за употреба на барит при дупчењето на гас и нафта.
Анализи и одлики
Баритот е често застапен минерал, но може погрешно да се идентифицира со други минерали како на пример: целеститот и стронциумот (минерали на стронциум), хидроцинкитот (минерал на цинкот), англезитот( минерал на оловото), исто така имаат голема густина слична боја и неметален изглед. Тие се ретки и имаат голема потенцијала вредност од баритот.
Наводи
Категорија:Минерали на бариумот Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Сулфатни минерали Категорија:Скапоцени камења Категорија:Индустриски минерали Категорија:Луминисцентни минерали Категорија:Евапорит