Црквата Свети Иван Крстител — католичка црква која се наоѓа во Струмица, Македонија. Црквата се наоѓа на периферијата на градот, до патот Радовиш-Струмица-Валандово.
Христијанскиот храм започнал да се гради на 7 јуни 2008 годинаhttp://star.vest.com.mk/default.asp?id=152596&idg=8&idb=2394&rubrika=Makedonija. Темелите на црквата ги поставиле претставникот на Светиот Престол во Македонија, архиепископот Сантош Абрил Кастело и скопскиот бискуп Киро Стојанов .
Изградбата на црквата завршила во 2015 година, кога била осветена од страна на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов на 5 јули истата годинаhttp://www.katolici.mk/%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%BA%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB/.
Наводи
Категорија:Цркви во Струмица Струмица Категорија:Католички цркви во Македонија