Етапа 1: Од крајот на Втората светска војна до ЕЗЈЧ

Втората светска војна покажа, многу повеќе од сите други претходни настани, во колкава мера неограничениот национализам им се заканува на мирољубивите односи меѓу државите и какви сè огромни последици се поврзуваат со тоа во ерата на оружјето за масовно уништување. Во втората половина на 40-тите и првата половина на 50-тите години, токму поради овие причини на меѓународно ниво дојде до основање на цела низа организации, коишто требаа да се грижат за делумно уредување на соживотот, како на политичко, така и на економско поле. Пред сè треба да се споменат: Обединетите нации (Октомври 1945), Меѓународниот монетарен фонд (стапи насила во 1945 година)и GATT (General Agreement on Tariffs and Trade, стапи насила во јануари, 1948).

Катастрофата од Втората светска војна од разбирливи причини во Европа беше примена со уште поголемо ужаснување. Уште во почетокот на 40-тите години таму се развија мрежи помеѓу движењата на отпорот, во коишто се размислуваше за повоено европско уредување, што се базираше на соработка, наместо на конфронтација. Овие идеи и убедувања на „Европејците“ го најдоа својот одраз во мај 1948 година, на Првиот Хашки конгрес за европско единство, на кој учествуваа околу 750 делегати-членови на недржавни организации како на пример различни национални сојузи и наднационални организации. Соодветни импулси беа дадени и на ниво на влади и доведоа до основање на Советот на Европа, чијшто статут беше потпишан во мај 1949 година од страна на основачите - кога со основањето на Советот на Европа настана првата европска организација, се навршуваа точно 4 години од завршувањето на војната.

На сите досега споменати меѓународни и европски организации им беше заедничко, тоа што во сите случаи стануваше збор за чисто меѓудржавни форми на соработка, иако на Хашкиот конгрес таканаречените „федералисти“ покренаа многу подалекусежни барања во врска со Советот на Европа. Поборниците за европски сојуз на држави, како повисока форма на единство, бараа можности за достигнување на повисок степен на интеграција, барем во поединечни области, со надеж дека на тој начин ќе дојде до проширување на областите на соработка. Од француска страна беше понуден конкретен предлог за една стратегија во индустријата за јаглен, железо и челик, која им излегуваше во пресрет на националните интереси. На овој начин на соработка на ова поле, би се држел на око развитокот на геманската тешка индустрија, а би можел да се унапреди и процесот на германско-француското помирување.

Затоа, во мај 1950 година францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман приложи еден план за создавање служба за контрола на производството на јаглен и челик во СР Германија и Франција, таканаречениот Шуманов план. Само еден месец по приложувањето на планот беше свикана владина конференција која се занимаваше со овој предлог, а во април 1951 година во Париз дојде до потпишување на договорот за основање на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) од страна на Франција, СР Германија, Италија, Белгија, Луксембург и Холандија.

На тој начин беше создадена една потполно модерна организација и тоа од два аспекти: Не стануваше збор само за слободна трговска зона, туку за етаблирање на еден заеднички пазар и тоа за во тоа време значително важна област. Земјите-членки во голема мерка им отстапија суверенитет на новосоздадените наднационални институции.

Структурата од институции се состоеше, како што може да видите и на шематскиот приказ, од вкупно 4 централни институции: Таканаречената Висока управа се состои од 9 членки, кои ги поимаат своите задачи независно од државите- членки. Компетенциите што и се доделени со договорот се многу далекусежни и содржат меѓу другото забрана на субвенции или пак под одредени услови, контрола на цените. Нејзините одлуки по овие прашања делуваат директно во сите држави и се обврзувачки.

Советот на министри, кој се состои од еден претставник од секоја земја, служи за гласање меѓу Високата управа и владите. Освен тоа, тој треба во некои, а ако не и во сите случаи да ги надгледува активностите на Високата управа. Така на пример, неговата согласност за прогласување на манифестна криза, што беше основен предуслов за оперирање со количините на производството, е неопходна. Начинот на гласање зависи од прашањето за коешто станува збор, при што едногласноста, квалификуваното мнозинство и простото мнозинство се предвидени.

Заедничкото Собрание се состои претставници испратени од националните парламенти и презема исклучиво советнички функции. Четвртата и последна институција, која заживеа од ЕЗЈЧ-договорот, е Врховниот суд, чијашто задача е да одлучува на основа на договорот во конфликтни случаи меѓу државите-членки, меѓу органите на ЕЗЈЧ, како и меѓу државите-членки и органите.

На крајот на нашата прва етапа на минување низ развитокот на ЕУ треба да се утврди дека основањето на ЕЗЈЧ беше нешто сосема модерно, што се разликуваше драстично од сите други организации основани во тој временски период. Една формација, во чии рамки и покрај тоа што соработуваа национални држави, сепак покажуваше јасно препознатливи обележја, што дотогаш беа познати само во националните политички системи.

Од ЕЗЈЧ до основањето на Европската економска заедница

Втората етапа го опфаќа периодот од стапувањето насила на ЕЗЈЧ-договорот па сè до основањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ). Откако во 1954 година пропаднаа амбициозните планови за една Европска одбранбена заедница - а со тоа и за една Европска политичка заедница - значи за една наднационална соработка во високополитичка и сензибилна област, се постави прашањето „што сега“? Во оваа ситуација, владите од земјите на Бенелукс приложија предлози за понатамошни чекори за интеграција, коишто беа сконцентрирани на економската област.

Кон средината на 1955 година, на една конференција во Месина, предлозите на земјите на Бенелукс беа многу позитивно примени од страна на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕЗЈЧ. Беше поставена комисија од претставници на влади под претседателство на белгискиот министер за надворешни работи Пол-Хенри Спаак, којашто требаше да изработи извештај, а на преговорите ја покани и Велика Британија, но таа се повлече во ноември 1955 година, не гледајќи можности за реализација на нејзините претстави за слободна трговска зона.

Спаак-извештајот, кој беше приложен во април 1956 година, претставуваше темел за преговорите што се одржуваа во текот на годината и на кои, понекогаш со многу мака, требаше да биде најдено израмнување на интересите, посебно меѓу Германија и Франција. На крајот, сепак, беше постигната согласност и договорите за основање една Европска економска заедница (ЕЕЗ) и Европска атомска заедница (ЕАЗ) беа потпишани од страна на шесте држави-членки на ЕЗЈЧ на 25 март 1957 година во Рим - поради што договорите го носат името Римски договори, коишто стапија во сила од 1 јануари 1958 година.

Најпрво би сакал накратко да ја резимирам соджината на нееднакво значајниот ЕЕЗ-договор, на кој ќе се задржам во рамките на овој преглед за 50-годишната историја на интеграцијата. Во преден план стоеше целта за создавање заеднички пазар, значи, за потполно отстранување на трговските рампи помеѓу земјите-учеснички, во што функционално принудувачи спаѓаа заедничка надворешна царина и заедничка трговска политика. Токму со тоа се занимаваше и преовладувачкото мнозинство на одредбите од договорот. Затоа, пак, во навистина општа форма останаа упатствата за координирање на економската и монетарната политика, како и за други области, како на пример аграрната, сообраќајната или одредени аспекти на социјалната политика.

Ако договорот го споредиме со уставот на еден национален политички систем, ќе добиеме една потполно поинаква ситуација. Додека во уставите на националните политички системи едвај може да се најде нешто за политики или поединечни области, таквите одредби го сочинуваат јадрото на ЕЕЗ-договорот. Се разбира дека тој содржи и класични уставни одредби, и тоа таму, каде што станува збор за создавање на институционални структури на новата Заедница и за меѓусебниот однос на органите.

Дека како основа за изработка на оваа институционална рамка служеше ЕЗЈЧ-договорот, се покажа во фактот дека беше преземено именувањето на три од органите (Совет на министри, Собрание, Врховен суд). Наместо Високата управа, беше основана една комисија, која требаше да биде иницијатор за заедничка политика и за нејзино спроведување, а освен тоа поседуваше и неколку други сопствени компетенции. Во односот помеѓу Комисијата и Советот на министри можеше да се востанови, во споредба со ЕЗЈЧ, едно видно поместување на компетенциите на Советот а со тоа и на државите-членки.

Етапа 3: Од ЕЕЗ до Единствените европски акти (ЕЕА)

Третата етапа од историјата на ЕУ се занимава со временскиот период од стапувањето во сила на Римските договори во 1958, па сè до првата опширна ревизија на договорите, таканаречените Единствени европски акти (ЕЕА) во 1987 година. Овде се значајни 4 аспекти, кои ќе ги опишам со кратки зборови: а) Развитокот на Уставот; б) Развитокот на материјалната соработка; в)Развитокот на бројната состојба на членките на Заедницата, и на крајот г)Новините што беа поврзани со ЕЕА.

За развитокот на Уставот треба најпрвин да се споменат неколку важни промени на Договорот, што се однесуваа на конкретни ограничени области.

Создавањето на заеднички институции за трите постоечки заедници - ЕАЗ, ЕЗЈЧ и ЕЕЗ, со таканаречениот Фузионен договор, што беше ратификуван во 1965 година, а стапи насила во 1967.

Надополнување на финансиите на земјите-членки преку опремување на Заедницата со сопствени средства, на основа на еден договор на Советот од 1970 година.

Основање на Европска сметководствена управа како и префрлање на зајакнатите овластувања за домаќинството на Европскиот парламент со таканаречениот "Бриселски договор" од 1975 година.

Воведувањето на директни избори за Европскиот парламент што беше одлучено во 1976 и ратификувано во 1978 од сите држави-членки. Првите директни избори се одржаа во 1979 година; притоа учеството на гласањето изнесуваше нешто повеќе од 60%.

Од овие ограничени промени од уште поголемо значење за развитокот на Уставот беа два други фактори, кои делуваа во сосема поинаков правец. Прво, Луксембуршкиот компромис од почетокот на 1966 година. За што станува збор? Во прво време, Советот на министри, како централен орган на ЕЕЗ, требаше да премине од едногласни одлуки во одлуки на мнозинството, според договорот од 1.1.1966. Но, француската влада на чело со Де Гол одлучно го одби ова. Кога кон средината на 1965 година не можеше да се постигне согласност за спорното финансирање на аграрот, за да го спречи одлучувањето, таа го повлече својот претставник од Советот. Оваа таканаречена "политика на празно столче" беше првата криза на ЕЕЗ. Таа беше прекината во јануари 1966 година со помош на споменатиот "Луксембуршки компромис". Со него државите-членки се спогодија да се воздржуваат од предвидените одлуки на мнозинството, кога станува збор за виталните интереси на една земја. Затоа, понатаму де факто важеше принципот на едногласие, кој беше карактеристичен за традиционалните форми на меѓудржавна соработка. Тоа беше јасен засек во историјата на интеграцијата.

Вториот фактор на влијание, во спротивна насока, го сочинуваше судската одлука на Европскиот врховен суд (ЕвВС). Со една низа од пробивни пресуди, ЕЕЗ-договорот, кој во својата претходна форма имаше меѓудржавен лик, беше радикално изменет и му беа дадени елементи на правилен устав. Така, меѓу другото, беа спроведени:

Принципот на непосредното и директното делување на правото на ЕЗ, за секој граѓанин на ЕЗ, без вклучување на земјите-членки. Предноста на правото на Заедницата пред националното право, и на крајот Вклучување на националните судови во правните одлуки на ЕЗ, со една многу мудра стратегија, при што беа охрабрени да го повикуваат ЕвВС за нејаснотии и прашања од правото на ЕЗ.