Георги Иванов Ѓуров, познат по псевдонимите Георги Геројски, Марко Лерински и Марко војвода (Котел, 20 јуни 1862 — Пателе, 12 јуни 1902) ― офицер и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење. Член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Георги Иванов бил роден на 20 јуни 1862 година во Котел, тогаш Османлиското Царство. Во 1883 година пристапува на воена служба во Кнежевството Бугарија. Зел учество во Српско-бугарската војна и за пројавената храброст бил удостоен со медал и повисок чин. Неговите другари заради тоа го нарекувале Геројски. Во 1895 година ја напуштил армијата и влегува во редовите на Врховниот македоно-одрински комитет и зема учество во Мелничкото востание од 1895 година и опожарувањето на Доспат. По неуспехот на акцијата, тој се вратил во армијата како подофицер.
Во ТМОРО Во 1900 година, тој се поврзал со Гоце Делчев и Ѓорче Петров, кои го привлекле во ВМОРО и го испраќаат како војвода во Леринско, каде го зема псевдонимот Марко. Во исто време во Македонија влегле и Христо Чернопеев, Атанас Бабата, Михаил Апостолов – Попето. Благодарение на воената подготовка на Марко војвода и на неговите организациони способности, неговата чета станала училиште за подготовка на четници и војводи за целата револуционерна организација.Христо Силјанов, “Ослободителните борби на Македонија”, том 1, Софија, 1993, стр. 99 Марко го претвора Леринско во:
Марко Лерински бил првиот кој предложил да биде подигнато сеопшто востание во Македонија и Одринско. Војводата дејствува во Костурско, Воденско, Леринско и Битолско со Гоце Делчев, Пандо Кљашев, Васил Чекаларов и Лазар Поп Трајков до почетокот на 1902 година.
По предавството на месни гркомани, Марко војводата загинал во борба со османлиски војски во леринското село Пателе (денеска Агиос Пантелејмонас, Грција) на 13 јуни 1902 година. На местото на Марко, биле поставени војводите потпоручник Георги Папанчев и Дине Кљусов.
Опеан во народното творештво
Марко Лерински и покрај тоа што не бил родум од Македонија, оставил силна трага меѓу македонското население поради неговата искрена намера за слободата на тој народ.
Песна за Марко Лерински
right|thumb|150п|Спомен плоча во Котел.
Денеска петок, сабота, утре е света недела.
Марко војвода пристигна во това село Пателе.
Проклети биле шпиони, Марко војвода предадоа.
Надојдоа турски табори, Марко војвода сардисаа.
Зафати битка голема, Марко војвода загина.
Проклети биле чпиони, Марко шчо го предадоа.
Наводи
Надворешни врски Песната за Марко Лерински во Youtube.com
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Бугарски офицери Категорија:Бугарски револуционери Категорија:Родени во 1862 година Категорија:Починати во 1902 година Категорија:Луѓе од Котел Категорија:Учесници во Мелничкото востание