Иван Поп Константинов Попов (Лески, 1871 — Витоша, 15 септември 1921) — македонски револуционер и офицер на бугарската армија, член и војвода на Македонската револуционерна организација Енциклопедия „България“, том 5, Издателство на БАН, София, 1986.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993..

Животопис

Иван Попов е роден во 1871 година во неврокопското село Ново Лески, денес во Пиринска Македонија. Добива основно образование во родното село. Од 1889 до 1895 година е на воена служба во Сливен.

Како фелдфебел од бугарската армија, Гоце Делчев го свртел кон ВМОРО и го праќа за организационен воjвода во Костурскиот револуционерен реон во 1902 година.

На Смилевскиот конгрес е избран за централен воjвода на Костурско. Во текот на Илинденското востание учествува во борби како воjвода, заедно со Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Во Битката кај селото Вишени, неговата чета убива 50 селани од селото Жервени, кои се враќале од пазарот во Костур.Хр. Силянов, „Освободителнитѣ борби на Македония“, том I, II фототипно изд. "Наука и Изкуство", София, 1983, 302 стр.

Во септември заедно со Лазар Поп Трајков и Манол Розов се повлекуваат во Прилепско. По крајот на востанието бега во Грција, каде е уапсен. Во ноември заминува со брод во Бургас.

По повторното навлегување во Македонија, учествува и во борбата со грчката оружена пропаганда. До Балканската воjна е воjвода на чета №5 во Костурско. По мобилизацијата од 18 септември 1912 година е воjвода на партизанска чета, дел од 4-та чета на Деветтата велешка дружина на Македонско-одринското ополчение.

Во српско заложништво е од 18 јули до 18 декември 1913 година. Награден е со орден За храброст 3-ти степен и е повишен во чин потпоручник. Во Втората балканска војна е во одредот на Васил Чакаларов. Во Првата светска војна е командир на разузнавачкото одделение.

Иван Попов си го одзел животот на 15 септември 1921 г. во месноста Паша Бунар кај Драгалевскиот манастир на планината Витоша околу Софија.

Мисли за него

Галерија

Наводи

Литература Енциклопедија “Бугарија”, том 5, Издателство на БАН, Софија, 1986 “Македонско-одринско ополчение 1912-1913 г. Личен состав”, авторски колектив, 2006 Христо Силјанов, “Ослободителните борби на Македонија”, том I, Софија, 1993

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Македонски војводи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Родени во 1871 година Категорија:Починати во 1921 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Учесници во Илинденското востание